Да не се разбериме погрешно, времето е пред нас, ќе покаже. Нема да плачиме ако победува, мене не ми е комплекс ако Новак победува, само сакам Рафа да си е подобар од него, најнормално и секако тоа да го прави со тоа што навистина ќе е подобар и ќе го победува. Формата е менлива, гледам тенис повеќе од 10 години и знам секој играч низ што може да помине.
Рафа имал луди сезони, добивал слемови поимпресивно од Новак, пример за тоа е Ролан Гарос 2008 и 2010 кога не изгуби ни сет и во двата случаи.... дали Новак има вакво нешто? Сега ќе излезе муабет еве овај 2 работи најде меѓу 100.. да не отвараме теми и разно разни статистики во кои Ѓоковиќ може да се најде подолу од Рафа и Роџер што е и нормално. Реално, има да јаде уште фурни леб за да стигне до оние 17 грен слема на Федерер кои можеби лесно достижни изгледаат ако ја земеме за обзир 2015... ама сигурни сте дека ова ќе се случува и од следната година? Па не може вакво ниво да држи цело време, а за промена и другиве тенисери ќе почнат да играат..
Убедливо најголем кикс во кариерата на Ноле е поразот од Вавринка на Ролан Гарос, дефинитивно.... човекот го совлада Надал во 3 сета, го распарчи и потоа не успеа да го освои турнирот. Федерер иако никогаш немаше ни освоено повеќе од еден сет во меѓусебните дуели против Рафа на Ролан Гарос, се провлече некако во 2009 и си го оствари сонот да комплетира Career Grand Slam. И уште нешто, ако ве служи добро помнењето ќе се сетите на олимписките игри во Пекинг од пред 7 години кога Рафа освои златен медал и со самото тоа во својата витрина ја има титулата Career Golden Slam. Од активните играчи може само тој со ова да се пофали, нели Федерер има само сребро, а Мареј покрај златото му фалат уште и Ролан Гарос и Австралијан Опен.
Вашиов терминатор како што сите очекуваат, дури во 2016 за само неколку месеци може да дојде до Career Grand Slam, а веднаш во август и до Career Golden Slam... ама колку што знам тоа не е толку едноставно колку што навидум звучи. Само да е здрав и нека игра па ако навистина заслужи да биде " највечи менталитет свих времена " ... епа никој здрав во умот нема да го негира тоа.
И за крај, да не одлета цел муабет ван контрола, да не сфати некој погрешно, капа долу за 2015, не ја мешајте, тоа беше и помина, следно што следува е сезона 2016.
Толку од мене.[DOUBLEPOST=1448404124][/DOUBLEPOST]Да не се разбериме погрешно, времето е пред нас, ќе покаже. Нема да плачиме ако победува, мене не ми е комплекс ако Новак победува, само сакам Рафа да си е подобар од него, најнормално и секако тоа да го прави со тоа што навистина ќе е подобар и ќе го победува. Формата е менлива, гледам тенис повеќе од 10 години и знам секој играч низ што може да помине.

Толку од мене.