Здраво идни и сегашни правници
Гледам дека сте многу активни на Кајгана, па решив да ви се приклучам и да поставам едно прашање кое што верувам дека е многу често ама неуспеав да го најдам. Имено се работи за затварање на фирма којашто никогаш не работела. Значи нема ни приходи, правени се само годишни завршни сметки. За овие 3 години колку што постои стигаа сметки за струја, вода ТВ, за здравствено и социјално осигурување но не е ништо плаќано. Има поведено и судска постапка за плаќање на придонесите. Сега сакаме да ја откажеме фирмата но бараат околу 500 еур. што нас ни е баш многу, а и плаќање на сите придонеси. Мене ме интересира дали некој знае, постои ли постапка на стечај, ликвидација или нешто слично да се избегнат олкави суми на плаќање и да се затвори фирмата на друг начин. Нема вработени освен основачот на фирмата- во случајот татко ми и фирмата е ДООЕЛ (барем така мислам)
Ви благодарам доколку одлучите да споделите ваши искуства или совети