Пред некој ден пишав за мојот проблем и еве сега што се случи:
без да знам и бидам известен (ни од банка ни од извршител) ми е блокирана трансакционата каде ми иди плата (и само плата) и собрано од неа се до последен денар. Јас на плата имам веќе задршки од една третина што ми задржува благајничката на работа и остатокот на плата (минус една третина) ми ја пушта на трансакциона. Е сега и то што ми го пушти, извршителот го собра. Ме интересира следно:
1. Дали требаше да ме извести извршител или банка за таа блокада
2. Дали смее да ми ја зема цела плата
3. Како да ја деблокирам сметката пошто од платата живеам
4. Дали извршителот згрешил со таа постапка и треба да ми ги врати (уплати) парите кои ми ги задржа
5. Ако имам право на жалба на кој да му ја упатам и дали може процедурата да е итна пошто еве се ближи и следна плата па не би сакал пак да останам без денар!
6. Благодарам за секоја помош
1. Банка нема овбрска да те извести. Извршителот треба да те извести, ама по спроведување на блокадата.
2. Извршителот може да собере се' што има на сметката, бидејќи незнае по кој основ се средствата (може ти праќаат пари од страна да речеме).
3. За деблокада ќе мораш со извршителот да се договориш. Однеси потврда од работодавач дека на таа сметка ти стигаат средства само по основ на плата.
4. Не згрешил, од причина што не знае по кој основ се, но кога ќе му однесеш потврда, треба да ти врати 2/3 од парите.
5. Имаш право на приговор до основен суд, после судот ќе го препрати до извршителот на одговор, по што носи решение со кое ти се одбива или усвојува приговорот, па ако си не задоволен од решението, имаш право на жалба до апелационен суд.
6. Се надевам ти помогнав :smir: