Анксиозност

Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Не сум знаел дека оваа болест е доста „скапа“. 1000 денари час да те лекува. :confused:
Ко божем работнички се позади МТВ.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.692
Еве и јас да се приклучам на темава, во иста состојба како многу други од вас што опишале во постовите. Јас страдам повеќе години не сакам ни да кажам колку и стварно ми е тешко. Ги изгубив сите пријатели ми остана уште само еден кој не знам како се уште се дружи со мене можеби од жал кон мене, па и повеќето роднини ми се лути што не одам на посета, родендени, свадби. Па за девојка да не правиме муабет. Па и како да седам со други луѓе кога ќе почнам да се потам гласот ми се запира а срцево ми лупа силно мислам ќе ми излези од гради, па и погледите од другите кои ме гледаат чудно и со жалење болат.А најлошо е што сум многу затворен и срамежлив човек и со никого не сум зборувал за мојата состојба. Едно време некако се натерав да барам некаква стручна помош ама не можев да одам кај матичен лекар зошто ме познава од одамна ги познава и моите родители и мислев дека нема да можам да се отворам пред него па побарав приватен психијатар и отидов кај него по неколку вртења околу ординација. Ама и тој не ми помогна баш. Ќе ме прашаше неколку прашања едно 10 мин ќе ми препишеше лекови ќе ми земеше 600 ден и по еден месец да појдам пак. Ги пиев лекарствата некое време асентра и диезепам некогаш ми беше подобро некогаш не па ги прекинував зошто губев концетрација, многу заборавав и се чуствував некако потиштено. Сакам да побарам друг психијатар кој работи на приватно само не можам да најдам.
Mora da si porabotis na samodoverbata i inferjirnosta.Treba da svatis deka i drugite ljuge ne se sovrsani,samo razlikata e dali se samouvereni ili ne.Pocni da vezbas,da se dvizis da izleguvas i popoleka ke si ja povratis samodoverbata.
 
Член од
1 мај 2015
Мислења
477
Поени од реакции
657
Еве и јас да се приклучам на темава, во иста состојба како многу други од вас што опишале во постовите. Јас страдам повеќе години не сакам ни да кажам колку и стварно ми е тешко. Ги изгубив сите пријатели ми остана уште само еден кој не знам како се уште се дружи со мене можеби од жал кон мене, па и повеќето роднини ми се лути што не одам на посета, родендени, свадби. Па за девојка да не правиме муабет. Па и како да седам со други луѓе кога ќе почнам да се потам гласот ми се запира а срцево ми лупа силно мислам ќе ми излези од гради, па и погледите од другите кои ме гледаат чудно и со жалење болат.А најлошо е што сум многу затворен и срамежлив човек и со никого не сум зборувал за мојата состојба. Едно време некако се натерав да барам некаква стручна помош ама не можев да одам кај матичен лекар зошто ме познава од одамна ги познава и моите родители и мислев дека нема да можам да се отворам пред него па побарав приватен психијатар и отидов кај него по неколку вртења околу ординација. Ама и тој не ми помогна баш. Ќе ме прашаше неколку прашања едно 10 мин ќе ми препишеше лекови ќе ми земеше 600 ден и по еден месец да појдам пак. Ги пиев лекарствата некое време асентра и диезепам некогаш ми беше подобро некогаш не па ги прекинував зошто губев концетрација, многу заборавав и се чуствував некако потиштено. Сакам да побарам друг психијатар кој работи на приватно само не можам да најдам.
Ne ti treba psihijatar. Problemot e sto mnogu gi vrednuvas lugeto i imas visoko mislenje za niv. A od druga strana nemas golema samodoverba. Mozebi nekoj od niv te povredil na nekoj nacin i ti si pocnal da se zatvaras, i potoa si prevzel drasticni merki so toa sto si pocnal da se zatvaras kon site so cel da se zastitis i da ne bides povtorno povreden.
Treba da pocnes cekor po cekor da se otvaras kon okolinata i da pocnes da go vrednuvas tvoeto mislenje, a isto taka da pocnes i da gi analiziras ligeto okolu tebe i ke vidis deka i tie pravat greski i deka ne se sovrseni.
Koga se naogas so luge vo isto mesto ili na masa zapocni prvin ti tema sto ti odgovara bilo kakva i ke vidis deka nema nisto loso da ti se sluci. Ne treba da dozvolis da potpagas pod drugi vlijanija, ednostavno bidi svoj bidi toa sto si. Dokolku nekoi rodnini ili prijateli ne go delat tvoeto mislenje ili na nekoj nacin ti predizvikuva nivnoto vlijanie ne lagodnost, ne mora so niv da bides blizok. Ne pravi nisto sto ne ti se dopaga, ne mora so site da bides blizok, no imaj edno zdravo so niv.
 
Последно уредено:
Член од
22 ноември 2011
Мислења
475
Поени од реакции
177
Во последно време имам голем проблем кој ми влијае на животот.Од смешни ситуации го вадам нај негативното да бидам по конкретен,многу често те секој месец да се загрижувам дали девојка ми ќе остане трудна што не сакам да се случи затоа што премногу сме млади на пример имаме односи со облека и после секој пат си го поставувам прашањето што ако се случи несаканото? Едуциран сум и имам прочитано се на било кого можам да му дадам советн но самиот не.Се плашам да не ме намести некој и да завршам во затвор невин.Цело време се сведува на прашањето што ако?Што ако сум еден од тие пример 0.0001% што им се случило нешто што е практички неможно но теоретски има 0.0001%..Ова се само мал дел примери кои ми прават проблем.Ве молам за помош доколку некој исто така некад размислувал како мене.И предложете ми некое стручно лице психијатар кој е добар и би ми помогнал.
 
Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.139
Поени од реакции
4.019
Имате односи со облека и ти се плашиш дека да не остане трудна???? :confused: Сфаќам да имаш грижи и понекогаш непотребно да си правиш филови итн, тоа до некој степен е сосема нормално, ама ова ептен е претерано ако волку далеку одиш со твоите стравови... За психијатар незнам некој да ти препорачам ама во секој случај иди, ќе ти помогне како да се оттарасиш од такви непотребни замарања и грижи
 
Што е најтрагично знам се што и како се прави али кога се работи за мене некоја ситуација е друго...
 
Член од
20 јули 2011
Мислења
576
Поени од реакции
203
Во последно време имам голем проблем кој ми влијае на животот.Од смешни ситуации го вадам нај негативното да бидам по конкретен,многу често те секој месец да се загрижувам дали девојка ми ќе остане трудна што не сакам да се случи затоа што премногу сме млади на пример имаме односи со облека и после секој пат си го поставувам прашањето што ако се случи несаканото? Едуциран сум и имам прочитано се на било кого можам да му дадам советн но самиот не.Се плашам да не ме намести некој и да завршам во затвор невин.Цело време се сведува на прашањето што ако?Што ако сум еден од тие пример 0.0001% што им се случило нешто што е практички неможно но теоретски има 0.0001%..Ова се само мал дел примери кои ми прават проблем.Ве молам за помош доколку некој исто така некад размислувал како мене.И предложете ми некое стручно лице психијатар кој е добар и би ми помогнал.
http://www.nhs.uk/Conditions/Obsessive-compulsive-disorder/Pages/Symptoms.aspx
 
Phoenixx

The Last Pharaoh
Член од
9 ноември 2015
Мислења
788
Поени од реакции
956
Нема врска ова со ОСD, опсесивно компулсивно нарушување се ритуали кои ги повторуваш со цел да не ти се случи нешто.
Он има само опсесивни мисли, такви негативни мисли обично можеш да ги имаш ако си поизолиран, интровертен тип, занимавај се почесто со одредени активности, социјализирај се и со тек на време ќе исчезнат.
Ако избереш опција психијатар он ќе ти препорача таблети пошто за твојов случај нема бихевиористичка терапија, не може со разговор тие мисли да се тргнат освен со таблети кои го зголемуваат серотинот или пак другата опција ти е да ги промениш секојдневните активности.
 
C

cige

Гостин
Прво пробајте со физичка активност. Теретана, велосипедизам....ако ова не ви помогне одете на лекар. Не се замарајте со секој збор што ќе ви го речат и не очекувајте од сите да бидете прифатени. Намалете ги очекувањата од животот, бидете поскромни. Не очекувајте луѓето околу вас "капа да ви симнуваат" поради постигнатиот успех во кариерата. Јас најкршлив сум бил кога некој си лечи комплекси на ниска вредност пред мене кога ќе сум се пофалел за некој успех. Кога некој наместо да ми честита, коментира како тој бил здрав, жив и среќен и без тоа.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
3.745
Поени од реакции
1.848
Нема врска ова со ОСD, опсесивно компулсивно нарушување се ритуали кои ги повторуваш со цел да не ти се случи нешто.
Он има само опсесивни мисли, такви негативни мисли обично можеш да ги имаш ако си поизолиран, интровертен тип, занимавај се почесто со одредени активности, социјализирај се и со тек на време ќе исчезнат.
Ако избереш опција психијатар он ќе ти препорача таблети пошто за твојов случај нема бихевиористичка терапија, не може со разговор тие мисли да се тргнат освен со таблети кои го зголемуваат серотинот или пак другата опција ти е да ги промениш секојдневните активности.
Има врска со OCD. Постојат милион симптоми на OCD, и неговите се едни од симптомите. А инаку тоа е све поради покачена анксиозност. Во највеќе случаи кај нас се употребува CBT (cognitive behavior therapy) ама ти не си за ова најверојатно. Иначе добар психијатар е Зора Митиќ. Едноставно треба мозокот да си го окупираш со интелектуална активност и цело време да се зафатен со нешто, да ти е исполнето времето. Што други симптоми имаш?
 
Phoenixx

The Last Pharaoh
Член од
9 ноември 2015
Мислења
788
Поени од реакции
956
Има врска со OCD. Постојат милион симптоми на OCD, и неговите се едни од симптомите. А инаку тоа е све поради покачена анксиозност. Во највеќе случаи кај нас се употребува CBT (cognitive behavior therapy) ама ти не си за ова најверојатно. Иначе добар психијатар е Зора Митиќ. Едноставно треба мозокот да си го окупираш со интелектуална активност и цело време да се зафатен со нешто, да ти е исполнето времето. Што други симптоми имаш?
Си се побркал, кај него се работи за (GAD) general anxiety disorder што опфаќа таков тип на негативни мисли и непотребни грижи во секојдневните ситуации.
За разлика од (OCD) obsessive compulsive disorder кај што повторуваш одредени ритуали со цел да не ти се "случи" нешто лошо.
 
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.821
:) Abe deca koga gi citam vasite smesni anxiozi momentalno izleguvam od depresijata koja e rezultat so sum se rodil i ziveam na pogresna planeta i u pogresen Univerzum :)
Neli razbirate deka panikite so gi dobivate se od nesto so pravite i ste pravele podolgo vreme pod pritisok, kako na pr: da se bide so "pouspesen" na skolo, fak. Ucete/pravete nesto so ustvari i ne go sakate, ama go pravete zatoa so taka nalaga opstestvoto, a momentalno ne gledate druga opcija i ajde se fakjate za "daj sto das"!
Zastanite malce! STOP! Pusti slobodno neka pomine nekoe vreme vo opustenost, bez razlika dali toa ke znaci povtoruvanje na skolska godina ili kvadrat. Golema rabota ako poftoruvate ili ako propustete edna godina.
Preispitajte se sebe najiskreno sto bi sakale da bidete vo zivotot!
Ucete go toa so vi se svigja, pravite go toa so sakate od srce da go pravite. Ne go pravite toa so go nudi se nudi bez razlika so mozebi e edistvenata moznost vo momentot. Ziveeme vo vreme koga sme neprekidno bombardirani so sugestii sto treba da pravime, kako da pravime eden kup sranja koi ednostavno ni go preopteretuvaat umot i emociite. Koga pravite nesto pod prinuda, togas ste pod pritisok konstatno i toa bez da znaete , za zal. Nekoi vikat: Se si bese dobro i lagano, skroz odlicen celo vreme, super odnosi so roditelite doma , vrabotuvanje i odednas BUM, anksioznost - napadi na panika navodno bez nikakvi pricini.
Ocite vi bile zatvoreni za pricinite, ste stavale glava u pesok celo vreme, se u ime na "uspesnosta" vo obrazovanieto i karierata i kulturniot status i doma i nadvor. Najnormalno e i potpuno e vo red da ne se slozuvate za nekoi raboti i doma so najbliskite i nadvor so drugite. Ne sme roboti for Gods sakes pa site da ziveeme kako programirani, kako borgovi.
Sekoj e edistven, unikaten i razlicen i treba da si ja sledi svojata licna priroda. Najprvin da ja zapoznae i da ja sledi. Koga fo prasale Mahatma Gandi "Zosto vo Indija imate tolku mnogu Bogovi" toj rekol:
"Zamislete gradina vo koja ima samo edno cveke, kakva ke bide taa? A zamislete gradina vo koja ima mngu razlicni cvekinja, i ruzi i ljubicici, i karanfili i trenbdafili, placi, zolti, crveni, zeleni ... taa raznolikost ja pravi gradinata ubava"
 
Kajgana Shop

На врв Bottom