Правна помош и совети

Член од
20 септември 2010
Мислења
1
Поени од реакции
0
me interesira kolkava e kaznata za narusuvanje na javen red i mir, pri tepacka, a pritoa od liceto koe e napadnato nema privatna tuzba. znaci ima samo od strana na drzavata ( policijata ) pozz odnapred blagodaram

--- надополнето ---

fffffff
 
Член од
29 ноември 2008
Мислења
83
Поени од реакции
46
Јас сум тужител во граѓански спор.
Постапката трае скоро две години и се наоѓа пред завршување - остана судијата да ја прогласи одлуката.
Анализирајќи ја целата постапка јас сум убеден дека треба да добијам.
Во оваа ситуација мојот адвокат ми кажува дека ќе ја повлече тужбата ако јас не потпишам со него договор - согласност, со чиј што текст јас не се согласувам.
(Секако дека претходно имам потпишано полномошно, за тој да ме застапува)

Дали адвокатот може да ја повлече тужбата без моја согласност? (можеби тој има влијанија од страна на тужениот)
Дали јас можам да го оспорам тоа повлекување на тужба?
Ако овој адвокат работи против моите интереси, како да ангажирам друг за истиов случај? (како е тоа законски определено?)
Кои се надлежните институции каде можам да добијам:
  • Информации
  • Правна помош

Консталацијата на нештата бара итност во мојата одлука.
Благодарам.
 
unknow

master
Член од
8 февруари 2008
Мислења
62
Поени од реакции
5
dali znae nekoj dali se pusteni kamerive sto gi snimaat raskrsnicive ......i daj kazete dali na nekoj mu stignala cestitka za naprven prekrsok (pominal na crveno ) a go fatile na kamerive....ili pa znae nekoj na koj mu stignala...ili pak znae nekoj sto znae deka na nekoj mu stignala......................
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Јас сум тужител во граѓански спор.
Постапката трае скоро две години и се наоѓа пред завршување - остана судијата да ја прогласи одлуката.
Анализирајќи ја целата постапка јас сум убеден дека треба да добијам.
Во оваа ситуација мојот адвокат ми кажува дека ќе ја повлече тужбата ако јас не потпишам со него договор - согласност, со чиј што текст јас не се согласувам.
(Секако дека претходно имам потпишано полномошно, за тој да ме застапува)

Дали адвокатот може да ја повлече тужбата без моја согласност? (можеби тој има влијанија од страна на тужениот)
Дали јас можам да го оспорам тоа повлекување на тужба?
Ако овој адвокат работи против моите интереси, како да ангажирам друг за истиов случај? (како е тоа законски определено?)
Кои се надлежните институции каде можам да добијам:

  • Информации
  • Правна помош

Консталацијата на нештата бара итност во мојата одлука.
Благодарам.
Адвокатот без ваша согласнот НЕМА ПРАВО да ја повлече тужбата...
Само вие како СТРАНКА во спорот имате ПРАВО ДА РАСПОЛАГАТЕ со текот на предметот-дали ќе продолжите со парницата,дали ќе ја повлечете тужбата....
Вие слободно можите да му го одземите полномошното,и да си ангажирате друг адвокат.....
Вие сте му го дале полномошното,само вие имате право да му го одземете....и слободно да си ангажирате друг застапник...
Сепак ќе треба да му ги надоместите адвокатските трошоци на стариот адвокат,кои ќе се пресметаат по адвокатската тарифа и му се гарантирани....(ова во случај да се одлучите да го промените адвокатот)...
Можите да се обратите кај народниот правобранител доколку сметате даке некои права во парницата ви се попречени...или пак да упатите забелешка до Адвокатската комора на Македонија против адвокатот....
 
Член од
29 ноември 2008
Мислења
83
Поени од реакции
46
tomas_bt, ти благодарам за брзиот одговор.

Имам уште некое прашање:
За одземање на полномошното треба да го известам судот? На кој начин?
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
tomas_bt, ти благодарам за брзиот одговор.

Имам уште некое прашање:
За одземање на полномошното треба да го известам судот? На кој начин?
Нормално,судот мора да биде известен дека вршите промена на полномошникот...
Доколку ангажирате нов адвокат,тој со поднесок по ваш налог(потпишаното полномошно за новиот адвокат) ќе се обрати до судот..и ќе побара од судечкиот судија да биде прифатен за ваш бранител...
Или пак доколку не ангажирате нов адвокат и се одлучите самите да се застапувате,со оглед дека е завршен предметот и се чека само пресудаата,тогаш вие ќе го известите судот дека го откажувате полномошното на досегашниот адвокат...
Ќе направите еден поднесок до судот,дека го откажувате полномошното на вашиот адвокат......ќе го доставите во примено одделние,и тие ќе го спроведат до судијата кој е надлежен да решава по спорот....
П.С.Секако имајте на ум,како шо напишав и во погорниот пост,дека досегашниот ваш адвокат има право на трошоци,кои сте должни да му ги надоместите без разлика на исходот на парницата...
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
102
Поени од реакции
28
Поздрав до сите правници на форумов...сакам да прашам нешто во врска со Штедилницата ТАТ за која што сите знаеме што и како се случи.
Случајот е следен: Таткоми имаше подигнато кредит, а во исто време дедоми имаше штеден влог во Штедилницата спомната погоре. (тоа беше 1995 година)
Е сега дури по 15 години ни стасува писмо во кое пишува таткоми треба да си го плати остатокот од долгот за некојси 250.000ден + 1.200.000ден камата и 100.000 трошоци. ако не се плати за 8 дена предметот ке биде даден на извршител.. си викам со умот овие салам се луѓево или не се салам :) а во исто време ни трага ни глас од штедниот влог на дедоми. дали може навистина за кусо време да се расправам со извршител пред мојата врата :) и колку е ова навистина сериозно. фала однапред
 
Вака сега-ако разбрав добро,еве го моето толкување за случајов....
Татко ти подигнал кредит од Тат,а како залог го дал штедниот влог на твојот дедо кој имал депонирано пари во Тат!!Така???
Татко ти е должник на пропаднатата штедилница,дедо ти е доверител......
Со оглед дека во тек е стечајната постапка врз имотот на штедилницата,отворена е стечајната маса,и се наплатуваат сите заостанати побарувања кои ги има банката,се продава имотот на штедилницата,итн...значи сите постапки од кои стечајниот управник можи да собери средства кои ќе влезат во таа стечајна маса,,,,па од таа маса ќе се намируваат потребите на доверителите(во случајов најмногу на измамените штедачи,покрај нив и на другите доверилители на банката)......како и за трошоците на стечајната постапка...
И твојот дедо е во улога на доверител во стечајната постапка...
Е сега прашање е колку пари ТАТ како кредитодавател си наплатил од залогот(во случајот влогот на твојот дедо),и дали целата таа сума била доволна да се покрие кредитот...(ова во случај доколку влогот на дедо ти бил гаранција дека кредиот на татко ти ќе биди исплатен на време)...
Досега ви имало стигнато известување дека имате неподмирени обрврски кон Тат,или се одржа некакво рочиште во судот???
Малку е нелогично и недозволено по 15 години без никакво предупредување да ви дојде решение за наплата на заостанат долг без да се поведе постапка пред надлежен суд....
Во случајов мој совет е веднаш да си ангажирате адвокат,и да се преземи некоја акција......сепак се работи за прилично солена сума,.која доколку би се наплаќала преку извршител сигурно би ве чинело огромни пари,...
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
102
Поени од реакции
28
Досега ви имало стигнато известување дека имате неподмирени обрврски кон Тат,или се одржа некакво рочиште во судот???
тро фазла се распрашав денеска и да се одржало рочиште каде што иако влогот од дедоми бил како гаранција не се прифатил...од за мене непознати причини.
мене најмногу ме буни пресметувањето на каматата... останати за плаќање биле негде околу 250.000ден, а пресметана камата околу 1.200.000. тоа е премногу.. јас мислам.
Го прочитав договорот од позајмените пари.. тоа ти е Позајмица каде што не пишува дека се пресметува било каква камата???
друга работа, како што памтам јас откако пропадна ТАТ неколку години ништо не се знаеше што понатаму со цела оваа работа, ние немавме каде да ги уплајкаме останатите рати од Позајмицата (кредитот).. значи си пресметувале некоја камата што само тие си знаат како..
стварно е нелогично за 250.000 останат долг да се пресмета 1.200.000 камата така?
ме интересира дали е мозно да се направи договор да се плати главницата а не каматата?
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
тро фазла се распрашав денеска и да се одржало рочиште каде што иако влогот од дедоми бил како гаранција не се прифатил...од за мене непознати причини.
мене најмногу ме буни пресметувањето на каматата... останати за плаќање биле негде околу 250.000ден, а пресметана камата околу 1.200.000. тоа е премногу.. јас мислам.
Го прочитав договорот од позајмените пари.. тоа ти е Позајмица каде што не пишува дека се пресметува било каква камата???
друга работа, како што памтам јас откако пропадна ТАТ неколку години ништо не се знаеше што понатаму со цела оваа работа, ние немавме каде да ги уплајкаме останатите рати од Позајмицата (кредитот).. значи си пресметувале некоја камата што само тие си знаат како..
стварно е нелогично за 250.000 останат долг да се пресмета 1.200.000 камата така?
ме интересира дали е мозно да се направи договор да се плати главницата а не каматата?
Без разлика шо е позајмица,секоја банка,штедилница кога дава пари на некоја странка било да е заем,кредит си пресметува камата во зависност од висината и траењето на договорот....
Значи кога си имаш работа со нив се знае НЕМА НИШТО ЗА ЛЕПЕ ОЧИ,и буквално гледаат да наплатат шо повеќе пари на име трошоци за обработка и камати...сепак требало да ја внесат каматната стапка во договорот....
Е сега овде каматата е толку висока зошто поминале бааги години,пресметувана е законска затезна камата од денот кога требало да се вратат парите и таа камата сеуште тече се до денот на исплатата...
Е сега дали има шанса да се плати само главницата,не знам,искрено не ми се верува...
Сигурно нема да се откажат од каматата,или барем на дел од неа...
Сепак можеби најдобро во случајов е со адвокат да одите до кај стечајниот управник на ТАТ,и да се обидите да направите некој договор за тоа дали и на кој начин сте спремни да ги вратите парите...
Барем да се обиди адвокатот да се намали таа камата шо е можно повеќе...
Доколку е решението правосилно,треба да се испита можноста дали постоојат услови за вложување редовен правен лек-жалба.,....
Сепак треба брзо да реагирате....зошто ако дојди работата до присилна наплата ќе биди лошо....
 
wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
ме интересира нешто во врска со новиот закон за откуп на земјиштето или попознато како 1 м2 за 1 евро, кој има искуство да каже што треба, како се вика законот правилно и кои се последиците доколку не се изврши откуп на земјиштето?
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
45
me interesira kolkava e kaznata za narusuvanje na javen red i mir, pri tepacka, a pritoa od liceto koe e napadnato nema privatna tuzba. znaci ima samo od strana na drzavata ( policijata ) pozz odnapred blagodaram

--- надополнето ---

fffffff
Нарушувањето на јавниот ред и мир со тепачка е прекршок кој се гони по службена должност, што во превод би значело дека нема потреба од приватна тужба. За таков прекршок полицијата поднесува прекршочна пријава против сите учесници во тепачката. Но, ти велиш „лицето кое е НАПАДНАТО“ , тоа ја менува квалификацијата, значи не станува збор за тепачка туку за прекршок „физички напад“. Еве ти го Законот за прекршоци против јавниот ред и мир:
http://www.mvr.gov.mk/Uploads/zakon za prekrsocite protiv javen red i mir.pdf ,
а ти обрни внимание на членовите 11 (тепачка) и 12 (физички напад). Доколку при тепачката/физичкиот напад нападнатиот се здобил со повреди тоа ти ја усложнува ситуацијата, а доколку повредите се карактеризирани како тешки телесни повреди од страна на лекар, ти следува кривична, а не прекршочна пријава, што значи можеш да бидеш казнет и со затвор.
Се надевам дека ова ќе ти помогне, ако не повеќе, барем да се држиш понастрана од такви бељи во иднина. Поздрав.
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
ме интересира нешто во врска со новиот закон за откуп на земјиштето или попознато како 1 м2 за 1 евро, кој има искуство да каже што треба, како се вика законот правилно и кои се последиците доколку не се изврши откуп на земјиштето?
Засега немам разбрано некој да сносил последица од неоткупено дворно земјиште,а знам еден куп луѓе кои не поднесле докумнети за откуп на дворовите,ниту имаат намера да го сторат тоа,сеуште се водат полемики околу уставоста на законскиот акт...па најверојатно луѓето до последен момент се двоумат шо да прават.....
Како шо знам јас,под приватизација(откуп на дворното земјитште)подлежат земјиштата кои се во склоп на куќите кои се направени после 1964 година.....
 
wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
Засега немам разбрано некој да сносил последица од неоткупено дворно земјиште,а знам еден куп луѓе кои не поднесле докумнети за откуп на дворовите,ниту имаат намера да го сторат тоа,сеуште се водат полемики околу уставоста на законскиот акт...па најверојатно луѓето до последен момент се двоумат шо да прават.....
Како шо знам јас,под приватизација(откуп на дворното земјитште)подлежат земјиштата кои се во склоп на куќите кои се направени после 1964 година.....
наводно тој закон се однесувал и на зградите така што секој станар имал право на онолку м2 врз земјиштето колку што има м2 неговиот стан и треба да се изврши откуп доколку не наводно кирија ќе сме плаќале за неоткупеното земјиште, па ме интересираше законот кој го регулира ова и доколку неккој веќе има искуство да ми каже што треба.
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
наводно тој закон се однесувал и на зградите така што секој станар имал право на онолку м2 врз земјиштето колку што има м2 неговиот стан и треба да се изврши откуп доколку не наводно кирија ќе сме плаќале за неоткупеното земјиште, па ме интересираше законот кој го регулира ова и доколку неккој веќе има искуство да ми каже што треба.
И тоа беше предвидено во легендарниот предлог на владата....:kesa:
КОЛЕКТИВНИТЕ СТАНАРИ ќе треба да го откупат ДВОРНОТО МЕСТО шо се наоѓа под површината на зградата:nesvest:...
Па тоа е градежно земјиште не ДВОРНО ЗЕМЈИШТЕ.....
Како можи да идентификува ДВОРНО ЗЕМЈИШТЕ СО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ:tapp:...
За градежното земјиште станарите си платиле кога си ги купувале становите,исто како и за дворчињата пред зградите....-нема основа државата пак да им наплатува за градежната парцела врз која е изградена зградата....
Значи овие не се салам,полудеа тотално се е ВОН КОНТРОЛА во оваа држава....:ija:
Најавиле дека за тие граѓани шо нема да го откупат дворното место до 1 јануари 2011 ќе воведеле закупнини...:nesvest:
Да плаќаш кирија за нешто шо си го платил,а никој кога си го купувал не ти кажал дека ова земјиште ќе го имаш само на КОРИСТЕЊЕ и дека еден ден можи да му текни на некој ДРЖАВНИК да ти побара уште еднаш пари за истата усллуга....
Па нека воведеа тогаш кирија кога беше нивна земјата и немаше да има проблеми....па сега ќе беше некако оправдана приватизацијата....
Вака ем држвата зела полна сума за дворните места,ем сега пак бараат пари....:nesvest:..ако не КИРИЈА ќе си плаќаш за твојот двор.....:tapp:
Ова во Африка го нема....:nenene:
Гарантирам дека ни 30% од предвидените приватизации нема да се реалзираат....само го плашат народот за да соберат шо повеќе пари пред завршувањето на буџетската 2010 година......
Да беше ова нормална држава досега 100 пати овој "ГЕНИЈАЛЕН ПОТЕГ"на владата ќе паднеше на Уставен...:tapp:...
Ама и на судот му ги врзаа рацете....и сега граѓаните се оставени во недоумица шо да прават......
ТОТАЛЕН ХАОС:shok:
Никнуваат дивоградби во центарите на градовите,никој не смее да ги чепне,си градат кај ќе стигнат УРБАНИТЕ МАФИЈАШИ,а ДРЖАВНИЦИТЕ ќе бараат од овој сиромашен народ,ОДНОВО ДА СИ ГИ ОТКУПУВА дворовите кои си ги платиле чесно кога ги граделе куќите....
НЕШТО Е ТРУЛО ВО ДРЖВАТА МАКЕДОНИЈА!!!!:violent1:
П,С.Мој совет е да не брзате,и до последен момент да чекате да видите шо ќе се случи,да не ги фрлате за џабе парите...зошто во оваа држава се е можно,можно е во последен момент да падни законот...
Да се почека до последен момент,да видиме како мислат да го имплементираат во пракса овој "ГЕНИЈАЛЕН ЗАКОН":kesa:,кој е создаден да му ја испие со памук и таа мала количина крв која му остана на овој народ...:pred:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom