наводно тој закон се однесувал и на зградите така што секој станар имал право на онолку м2 врз земјиштето колку што има м2 неговиот стан и треба да се изврши откуп доколку не наводно кирија ќе сме плаќале за неоткупеното земјиште, па ме интересираше законот кој го регулира ова и доколку неккој веќе има искуство да ми каже што треба.
И тоа беше предвидено во легендарниот предлог на владата....:kesa:
КОЛЕКТИВНИТЕ СТАНАРИ ќе треба да го откупат ДВОРНОТО МЕСТО шо се наоѓа под површината на зградата:nesvest:...
Па тоа е градежно земјиште не ДВОРНО ЗЕМЈИШТЕ.....
Како можи да идентификува ДВОРНО ЗЕМЈИШТЕ СО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ

...
За градежното земјиште станарите си платиле кога си ги купувале становите,исто како и за дворчињата пред зградите....-нема основа државата пак да им наплатува за градежната парцела врз која е изградена зградата....
Значи овие не се салам,полудеа тотално се е ВОН КОНТРОЛА во оваа држава....:ija:
Најавиле дека за тие граѓани шо нема да го откупат дворното место до 1 јануари 2011 ќе воведеле закупнини...:nesvest:
Да плаќаш кирија за нешто шо си го платил,а никој кога си го купувал не ти кажал дека ова земјиште ќе го имаш само на КОРИСТЕЊЕ и дека еден ден можи да му текни на некој ДРЖАВНИК да ти побара уште еднаш пари за истата усллуга....
Па нека воведеа тогаш кирија кога беше нивна земјата и немаше да има проблеми....па сега ќе беше некако оправдана приватизацијата....
Вака ем држвата зела полна сума за дворните места,ем сега пак бараат пари....:nesvest:..ако не КИРИЈА ќе си плаќаш за твојот двор.....

Ова во Африка го нема....:nenene:
Гарантирам дека ни 30% од предвидените приватизации нема да се реалзираат....само го плашат народот за да соберат шо повеќе пари пред завршувањето на буџетската 2010 година......
Да беше ова нормална држава досега 100 пати овој "ГЕНИЈАЛЕН ПОТЕГ"на владата ќе паднеше на Уставен...

...
Ама и на судот му ги врзаа рацете....и сега граѓаните се оставени во недоумица шо да прават......
ТОТАЛЕН ХАОС:shok:
Никнуваат дивоградби во центарите на градовите,никој не смее да ги чепне,си градат кај ќе стигнат УРБАНИТЕ МАФИЈАШИ,а ДРЖАВНИЦИТЕ ќе бараат од овој сиромашен народ,ОДНОВО ДА СИ ГИ ОТКУПУВА дворовите кои си ги платиле чесно кога ги граделе куќите....
НЕШТО Е ТРУЛО ВО ДРЖВАТА МАКЕДОНИЈА!!!!:violent1:
П,С.Мој совет е да не брзате,и до последен момент да чекате да видите шо ќе се случи,да не ги фрлате за џабе парите...зошто во оваа држава се е можно,можно е во последен момент да падни законот...
Да се почека до последен момент,да видиме како мислат да го имплементираат во пракса овој "ГЕНИЈАЛЕН ЗАКОН":kesa:,кој е создаден да му ја испие со памук и таа мала количина крв која му остана на овој народ...:pred: