Во периодот од 19 јуни до вчера издадени се потврди на вкупно 253.369 странски државјани, од кои, 149.859 се од машки пол, 38.340 од женски, 51.994 деца кои го придружуваат носителот на потврдата, и 13.175деца кои патуваат без родител.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до вчера до Одделението за азил се поднесени 70 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 51 барања се од државјани на Сирија, од нив 15за деца, потоа пет барања од државјани на Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.