Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Браво, имаш култура на ниво, ми се допаѓа како размислуваш, само жал ми е што имаш право на глас и што уште го дишиш истиот воздух со мене.Jaс мислам дека тие хиените од владата се криви и за ова. Ги разгалија бе тие велосипедистите мајку им, тие заблудени верувачи во демек здрав живот што не сакаат ни кобасици на скара да џитнат.
Кај се фрлија толку народни пари за да им направат (означат) скапи велосипедски патеки кои само сметаат за паркирање на аутата и поставување бандери, уште па сега си мислат господ за муда го фатиле и ѓомити улиците за нив се правени па земале возат ли возат. Ќе си каже човек ај барем сега на ладново ќе има раат од нив, ама ништо бре.
Затоа кога ќе видам некој залетан така со точак најкеиф ми е да го претицам и да му успорам пред него потоа.Најсмешни се тие со тенките точаци шо многу се занесуваат и се убрзуваат и тешко кочат кога наеднаш ќе им се укочиш.
Па уште и на кривина на пешачки е тоа е тоа. Еј кеиф жив е кога после нешто као се лутат ама ја во кола сум и 10 пати поголем сум од нив.
МОже да ми се фатат и да им дадам зелено џамче ако треба и ќе ги изгазам!
![]()
Кога ќе се соберете во месен предложи им да ги променат големите ивичњаци на велосипедските патеки и да си направат рампи како што е стандардот, а не да местат ивичњак од 25цм на велосипедска патека, бидејќи ние со велосипедите рипаме од рампите и си ги кршиме велосипедите. Да работеле по стандарди проектантите, изведувачите и надзорот да си ја врши работата немаше од скокалница да се џиткаме.Оваа кампањава за возење точкови стварно им даде сила на точкарите.
По улица возат ко дедо им да ја направил а па од тротоари на улица рипаат ко от скокалница у базен.
Најлошто е што секогаш они се у право
Истово важи и за овие со веспиве.
Али шо мерак ми се напраи кога на еден шофер на веспа се чаталеше и ме претицаше од десна страна па за малку ќе се учукаше у една кола паркирана на улица пред пазарчето буњаковец.
Највише ми се праи ќеиф кога врне и кога ќе начекам некои точкар или моторџија пред некој вир.
А пешаците,тие се посебна приказна,пешачки поминуваат ко да се движату двор(како успорена снимка)
На која улица конретко се случил овој настан?Вози другар и пред него на улица вози точак иако од десна страна има огромен тротоар на кој нема ни паркирано коли ниту луѓе одат... Другарот го гледа точакот како возило, нормално, како и секој возач што треба да постапи... Е сега дава лев жмигавец го претекнува и се враќа на неговата лента, после 10-15 метри дава десен жмигавец за да сврти на споредната улица на што за малку точакот ќе се забиеше у кола, и следи: Дали си ти нормален бе идиоту дрн дрн мавтање со раце од страна на велосипедистот кој наеднаш решил од рамноправен учесник во сообраќајот да стане пешак и да проба да помине на пешачки иако сеуште вози по улица.
За мене ова е еквилалент на кола која е позади тебе да не намали со брзина иако ти пред неа си дал жмигавец дека ќе вртиш десно и да се забие у тебе и да ти вика дали си ти нормален кај гледаш?
Има луѓе што викаат дека велосипедситот е во право и дека ако се забил во кола ќе бил крив возачот на колата. Тоа обично го тврдат оние тврдокорните велосипедисти. Ме интересира што мислите вие за оваа ситуација, кој е крив?
![]()
Каде прочита дека не е крив возачот?Па јасно и гласно дека не е крив возачот.
Еве вака му пресекува пат:Не можам да сфатам... Како тоа му пресекува пат на точакот ако точакот се движи во иста лента со возилото ? Единствена грешка на возачот на автомобилот би била доколку не дал жмигавец дека врти десно.
Како бе ти виде од сликата дека вака му прескува пат, бре неписмена раја у пм... Види од сликата го претекнува вози некои 10 секунди и врти десно. Значи претекнувањето е завршено и нема врска со оваа слика тука... ГЛЕДАЈТЕ И ЧИТАЈТЕ...Каде прочита дека не е крив возачот?
Еве вака му пресекува пат:
![]()
Не е важно дали претходно го претекнал или не, туку дали му го пресекол патот. Да имало доволно растојаните, возилото ќе завртело уште пред велосипедот да наиде на раскрсницата и никому ништо. Штом дошло до ситуација да се удрат, очигледно е дека растојанието било многу помало и возачот не го почитувал прописот дека треба да ги пропушти велосипедите и останатите возила набројани во членот што го поставив порано. Исто така треба да ги пропушти и пешаците доколу ги има.Како бе ти виде од сликата дека вака му прескува пат, бре неписмена раја у пм... Види од сликата го претекнува вози некои 10 секунди и врти десно. Значи претекнувањето е завршено и нема врска со оваа слика тука... ГЛЕДАЈТЕ И ЧИТАЈТЕ...
Плус на твојата слика има и велоспидеска патека, бре неписмени луѓе ти им црташ они пак по свое тераат.
Абе ти се читаш што пишуваш? Како може да му пресече пат ако е пред него бре човеку? Да возат паралелно може да му прес... Батали не се објаснувам со тебеНе е важно дали претходно го претекнал или не, туку дали му го пресекол патот. Да имало доволно растојаните, возилото ќе завртело уште пред велосипедот да наиде на раскрсницата и никому ништо. Штом дошло до ситуација да се удрат, очигледно е дека растојанието било многу помало и возачот не го почитувал прописот дека треба да ги пропушти велосипедите и останатите возила набројани во членот што го поставив порано. Исто така треба да ги пропушти и пешаците доколу ги има.
А сликата ја постирав за да види Франкоо како може возило да пресече пат на велосипед. Доколку нема велосипедска патека или лента, велосипедистот е должен да се движи по коловозот колку што може поблиску до десниот раб. И е потполно рамноправен учесник во сообраќајот.
žmigavecot ne ti dava predomstvo da presekuvaš lenta..jas koga polagav pred 30 godini , instruktorot ovaka kažuvaše na kandidatite: možeš da se prestroiš od edna lenta vo druga ama toj što vozi vo svojata lenta da ne mora da koči i da namaluva brzina pod dozvolenata...a drugo e udiranje odpozadi...Вози другар и
За мене ова е еквилалент на кола која е позади тебе да не намали со брзина иако ти пред неа си дал жмигавец дека ќе вртиш десно и да се забие у тебе и да ти вика дали си ти нормален кај гледаш?
Има луѓе што викаат дека велосипедситот е во право и дека ако се забил во кола ќе бил крив возачот на колата. Тоа обично го тврдат оние тврдокорните велосипедисти. Ме интересира што мислите вие за оваа ситуација, кој е крив?
![]()
Единствена кривица кај другар ти е дека претицал некој во непосредна близина на раскрсница.
Мислам дека имаше некои тампон зони од 50тина до 100 метра каде не смееш да претицваш.
Барем по муабетот твој така делува оти викаш по 10тина метра врти десно.
Инаку дека велосипедистите не се цвеќиња не се. ...Изгледа никој им нема кажано дека треба да го туркаат точакот преку пешачки ако сакаат предност.
Ти да ја вратиш возачката уште утре! Каде бе велосипед возење на тротоар? А пешаците ќе летаат? Кај нас ги нема официјално обележани, но кога велосипедист вози директно по коловоз сигурно не вози на средина на лента, туку блиску до тротоар. Кога го поминуваш, залепен возиш до него? Голем број возачи ДА. Во една лента се двајцата. Е, ај сега замисли дека ја имаш линијата за велосипедска лента. Во која лента е автомобилот? Во прва или во втора? На вртење десно, жити се, кажи еден возач во Македонија дека гледа кој има од негова десна страна. Ниеден! Затоа и има сообраќајки кога автомобил ни трепкач ни ништо, нагло врти десно и мотор, велосипедист удира право во него. Не ретко и автомобилот буквално го собира.[DOUBLEPOST=1447456349][/DOUBLEPOST]@Darko_ufo виновен е велосипедистот. Веќе е поминат од автомобилот и го гледа пред себе. Само будала може да се забие во возило пред себе, па макар истото да врти десно. Само затоа што сте биле ПРЕД него, не го чекате. Да сте биле паралелно, вие ќе застанете, тој поминува право, па вие десно. Во право си.Неможе да ги има истите права како и секој друг возач. Замисли што ќе беше ако на една улица каде секоја кола вози со брзина 50 (,па и повеќе), се возеа и точаци. Тогаш истите права ќе направеа секојдневни страдања во сообраќајот. Затоа подобро да се вози точак на тротоар, отколку по улица.
Мотор беше и се удри во пежото а моторџијата леташе како супермен.Леле сабајлево кај пазарот во Ѓорче, застанувам на пешачки на раскрсница да пројде пешак, пред мене еден речиси со цела кола излезен и ме блокира за да си чека на раат да си се уклучи и еден циго со точак улетан, ме претркува мене и кога му се качи на задницата![]()
Не е за смеење ама па народов сосила кога се прави глуп и кога не може да се стрпи така му е.
Без разлика дали имаш, немаш предност, мое мислење за вакви ситуации е дека овие со точаците (и јас возам точак секогаш кога можам) си имаат дадено многу слобода и дури и по цена на живот сосила одат против шоферите. Како едвај да чекаат да им се деси нешто.
Ok mu bese Posle? Vo takvo nesto sakato bese. Kaj se uleta samo ne Znam.Мотор беше и се удри во пежото а моторџијата леташе како супермен.
Штетно делува ова кампањава за возење велосипеди за еколошка свест и здрав живот
Одев накај римес,разминувајќи се со автобус не ја видов цела ситуација дали остана на земја или станаOk mu bese Posle? Vo takvo nesto sakato bese. Kaj se uleta samo ne Znam.
Каде прочита дека не е крив возачот?
Еве вака му пресекува пат:
![]()
Доколку се престроил како што опишува во сликата, пред кривината, се вратил во неговата лента(пред велосипедот) и потоа свртел,нема никаква кривица во возачот на колата. Според сите правила растојание одржува возилото што е позади. Бидејќи кога нема велосипедска патека или лента, велосипедистот како рамноправен учесник во сообраќајот, треба да води грижа за растојанието помеѓу него и возилото напред, а возилото позади велосипедистот, треба да одржува растојание со велосипедот пред него.Не е важно дали претходно го претекнал или не, туку дали му го пресекол патот. Да имало доволно растојаните, возилото ќе завртело уште пред велосипедот да наиде на раскрсницата и никому ништо. Штом дошло до ситуација да се удрат, очигледно е дека растојанието било многу помало и возачот не го почитувал прописот дека треба да ги пропушти велосипедите и останатите возила набројани во членот што го поставив порано. Исто така треба да ги пропушти и пешаците доколу ги има.
А сликата ја постирав за да види Франкоо како може возило да пресече пат на велосипед. Доколку нема велосипедска патека или лента, велосипедистот е должен да се движи по коловозот колку што може поблиску до десниот раб. И е потполно рамноправен учесник во сообраќајот.
po mene ne e bitno dali go butka ili vozi tuku da se dviži so brzina na pešak... a ako sakaš može nekoj so trčanje da go butka i točakot i belja da stane..