Загадувањето не сопира, секоја година нови 4.500 заболени од рак!

  • Креатор на темата Креатор на темата bobipp
  • Време на започнување Време на започнување
Абе ова пар-непар не го имаше у една диктатура шо се викаше Југославија? :D

Градови ко Лондон имаат 50 пати повеќе возила секој ден, нас возилата ни се проблемот. Абе владо издркана, вие сериозни сте? Фабриките на транзициските газди имаат оџаци од пред 50 години, без никакви филтри, до колите било. Ох мори мајко.
 
Од моите предавања и дискусии кои ги имав на факултет со професорите од Институтот за Јавно Здравје, најзначајните луѓе кои во Македонија се занимаваат со оваа проблематика на загадувањето поткрепено со факти, ми беше кажано дека ситуацијата со фабриките била толку многу алармантна и многу загрижувачка особено во Скопско, Битолско и Кичевско. Освен што вршат мерења тие се во контакт со сите светски организации кои го следат загадувањето, па велат дека и во случај Македонија да го реши проблемот со името, нема да влезе во ЕУ бидејќи не исполнува еден од најважните критериуми, а тоа е квалитетот на амбиенталниот воздух. На Македонија и требаат години за да го постигне тоа ниво на загадување кое го има во државите од ЕУ..Тоа значи доколку се направи регуларна и објективна инспекција на сите тие погони треба да им се стави катанец и да не работат доколку не ги исполнат сите критериуми..Проблемот се става под тепих, а страда населението, кое според мене треба да биде обединето кога се работи за овој проблем...Воздухот кој го дишеме е еден, а тој што мисли дека ова е преувеличување сигурно нема видено во какви маки умира еден пациент заболен од карцином на белите дробови...Да не зборувам за алергиите и ринитите кои се застапени кај 90 проценти од населението кои можеби и не се толку трагични, но сепак никој не се запрашал од каде доаѓаат...
 
Последно уредено:

Да не измислуваме топла вода, факт е дека сообраќајот учествува со најмалку 30% во вкупното загадување во сите поголеми градови (кај нас заради старосната структура на возилата овој процент е сигурно и поголем).
Но дали во Скопје имаме алтернатива? Не, немаме.
Нема велосипедски патеки за стимулација на овој вид превоз.
Имаме автобуски линии кои не покриваат доволно голем дел од градот, а редовно се редуцираат за да си присилен да користиш (комбинираш) два автобуса за да стигнеш некаде. Профит пред екологија.
Останува автомобилот како најисплатлива варијанта за превоз-за жал.
Ги поддржувам сите еко варијанти на превоз, и јавен превоз и велосипед, но дајте прво направете нормални услови, веднаш ќе го паркирам автомобилот и нема да го користам во градска средина.
Вака, само удираат кампањи и реклами а во реалноста не ти даваат избор, и автомобилот го оставаат како најнеопходно превозно средство и единствена варијанта.
Возилата испуштаат јаглен моноксид, јаглен диоксид, азотни оксиди, тврди честички, се кое од кое полошо, ама едно се рекламите, друго е реалноста. Ако најмалку 60% од цената на литар гориво оди во давачки во буџет,во форма на акцизи, ДДВ и други давачки, математиката на власта е да има што повеќе возила во сообраќај = поголем прилив на пари во буџет.
А народот, и онака ќе умре, вака бар дополнително ја полни државната каса - Умри Патриотски , со секој литар гориво го полниш буџетот-инвестираш во подобра иднина...:tapp:
Сега ќа ја видиме реалната слика- од 1ви Ноември Макстил нема да работи 2 месеци, а и Југохром ќе престане со работа, а загаденоста ќе биде поголема од минатата година...Ќе се види реалната причина за загадениот воздух., маските ќе паднат. Не бадијала промовираат нови мерки , пар-непар, контрола на технички, итн...Знаат тие убаво кај е проблемот, ама сега не ќе можат да се кријат зад Макстил...
 
Од моите предавања и дискусии кои ги имав на факултет со професорите од Институтот за Јавно Здравје, најзначајните луѓе кои во Македонија се занимаваат со оваа проблематика на загадувањето поткрепено со факти, ми беше кажано дека ситуацијата со фабриките била толку многу алармантна и многу загрижувачка особено во Скопско, Битолско и Кичевско. Освен што вршат мерења тие се во контакт со сите светски организации кои го следат загадувањето, па велат дека и во случај Македонија да го реши проблемот со името, нема да влезе во ЕУ бидејќи не исполнува еден од најважните критериуми, а тоа е квалитетот на амбиенталниот воздух. На Македонија и требаат години за да го постигне тоа ниво на загадување кое го има во државите од ЕУ..Тоа значи доколку се направи регуларна и објективна инспекција на сите тие погони треба да им се стави катанец и да не работат доколку не ги исполнат сите критериуми..Проблемот се става под тепих, а страда населението, кое според мене треба да биде обединето кога се работи за овој проблем...Воздухот кој го дишеме е еден, а тој што мисли дека ова е преувеличување сигурно нема видено во какви маки умира еден пациент заболен од карцином на белите дробови...Да не зборувам за алергиите и ринитите кои се застапени кај 90 проценти од населението кои можеби и не се толку трагични, но сепак никој не се запрашал од каде доаѓаат...

Епа тоа е проблемот али тие фабрики се знае чиви се зашто он да ја затвори кога може да го труе народот и да си ги брои парите. Па ќе воведувале пар непар со коливе :tapp: дебилчини па позагаден е воздухов у Скопје него Њујорк кај што има многу поише автомобили него кај нас. Али не, не се фабриките криви колите биле :facepalm:. Кај не трујат па уште будали сакаат да не направат. Уствари што сакаат кога више сме будали, утре да има избори пак ќе ги изгласаат.
 
После рекламите за здрава храна, веќе ја гледам наредната кампања. Стоп југовци, фиќовци, волги... ! :facepalm:
Не дека ги има повеќа од стотина ама во комбинација со паштетите и виршлите се непријател број еден на здравјето на македонската овца.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: osa
Има некој информации дали Макстил стави филтри? Зошто од пред некој ден гледам дека работат, си чурат оџаците.
 
Претпоставувам дека не ставиле, а за чурење они мислам дека нон-стоп си чурат (3та смена се мисли), така да таа изјава дека ќе престанеле (доброволно) со работа по истекот на рокот е само да се смири ситуацијата...
 
Има некој информации дали Макстил стави филтри? Зошто од пред некој ден гледам дека работат, си чурат оџаците.
Ставено, ставено.
Колку што знам, од следниов месец ќе почне со работа.
Претпоставувам дека не ставиле, а за чурење они мислам дека нон-стоп си чурат (3та смена се мисли), така да таа изјава дека ќе престанеле (доброволно) со работа по истекот на рокот е само да се смири ситуацијата...
Одамна не чури ноќе, кога Макстил ќе зачури, мирисот е невозможно да го погрешиш. Башка и самата прашина има црвенкаста боја :)
 
http://off.net.mk/vesti/razno/ima-li-zhivot-posle-chernobil

По катастрофата во Чернобил, почетните процени беа дека радијацијата комплетно ќе го спречи секое реколонизирање на областа од страна на диви животни. На почетокот од 90-те научниците се зачудени од бројноста и разноликоста на дивеч во забранетата зона, вклучително и појавата на некои инаку загрозени видови како црниот штрк.

Една од работите кои посебно зачудува е што животните во забранетата зона речиси и да немаат никакви штетни последици од околината во која живеат.

Значи кај што не живеат луѓе ни радијацијата не е толку опасна по живиот свет.
 
zelezara-juli.jpg

Две третини од годината сме изложени на загадување, а се проценува дека една третина од смртните случаи се од аерозагадување. Министерството за животна средина само констатира загриженост за процесот на набавка на филтри за фабриките со што се очекува да се намали загадувањето

Целиот текст тука...
Ќе биде интересно есенва/зимава...искрено ве жалам вие што живеете Скопје. :( Имав среќа да избегам оттаму пред 2 години. Е ова е вистински реален проблем кој треба власта да се зафати да го реши а не тркала, споменици, галии, казни за сиромаштијата, итн...:facepalm:
јас како мал живеев во Автокоманда (50-56), се сеќавам како гледавме како се градеше Железара . Уште во 60-тите се најдоа луѓе кој критикуваа, не од аспект на екологија ( еколошките активисти беа во ехЈу третирани како противдржавни елементи ) туку поради трошоците на транспортот на рудата од Тајмиште до Скопје. А изградбата на железара во Тајмиште условуваше стручниот кадар да живее таму, да се изгради едно мало градче... но од поодамна руда се носи и од други места, а од пред 20 години мислам дека почнаа да преработуват и руда богата со манган, многу опасна работа.
Конкуренцијата го направи своето и еден од скопските загадувачи, Охис речиси потполно престана со работа, но тешко дека некој ќе ги сопре Макстил или Усје. Уште од времето се сеќавам дека тогаш државната Цементара постави електричен филтер на оџакот , но граѓаните се жалеа дека ноќе го исклучуваат, трошел многу струја.
Глобален проблем на загадувањето а кое е најголем фактор на пораст на канцерот е самиот човек и неговиот неконтролиран развој. Не само уништување на озонскиот слој, па и енормното зголемување на мобилните телефони ( антенски предаватели) е голем узрочник на ракот( електромагнетно загадување). Уште на времето, пред 40-на години, водечки научници кажаа дека поскапо е исфрлувањето на радиоактивниот отпад во вселената отколку енергијата која се добива во реакторите. Многу добра поука дава цртаниот филмот со проф.Балтазар
 
Каков квалитет на гориво се користи во автомобилите? Многу луѓе се жалат на тоа.
 
. Не само уништување на озонскиот слој, па и енормното зголемување на мобилните телефони ( антенски предаватели) е голем узрочник на ракот( електромагнетно загадување).
Оваа е една од поглупите квазинаучни глупости.
Како може нејонизирачка радијација да оштети ДНК? Радио брановите имаат помала енергија од светлината.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom