Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Германците знаеја дека Американците ги прислушкуваат па никому ништо, не пак за кој што доручкувал. Најверојатно знаат дали за доручек си голтнала или плукнала, не пак друго. Еј што ве гледам чудниГерманија знае што си поручкувал сабајлето.
Ти туши лепенката тебе изгледа, или си од оние што се јавуваат по емисии наутро, на кои им даваат плата за да јадат трици по медиуми и да плескаат со рацете.Не е темата за тоа ама ок, јас ке си го напишам своето мислење во врска со Бугарскиот пасош.
Што ке ви е тој пасош кога се знае дека со тој пасош не ве прима ниту Америка, ниту Канада ниту пак Австралија каде што навистина се ценат вредностите на поединецот и е реално мозно да работите административни работи.
Политиката на Британија и Европа е многу рестриктивна во тој поглед и кон емигрантите е позната.
Таа ги наградува со аргатски работи.
Од тука, знаејки дека во Македонија има сеуште луге кои поседуваат земја, не ми е јасно зошто не ја работат својата земја и од тоа да остварат финансиска корист наместо да работат по полињата таму.
Сигурен сум дека повеке ке заработат од свое.
ti znaes da citas i sobiras?Баш ме интересира кога тоа СБ вршела попис во МКД и каде тоа го објавила. Со оглед на фактот што емиграцијата ни е грото провладина, ќе да избегале од МКД во времето на Југославија и приватизацијата.
Нема финти кога имаш дополнителни 130.000 вработени.
А за загаденоста, таа е карактеристична за индустријализираните земји, изгледа имаме премногу странски инвестиции![]()
Читајќи поедини членови на "критичниве" теми, кој нормално највеќе се појавуваат предизборно или на среде некој политички кикс, се прашувам искрено дали го мислат тоа што го пишуваат или едноставно тераат контра зошто така им е наредено. Тоа така било и порано да, ама овојпат мислам дека достигнуваат некоја нова ретка форма на дебилизам што не знам веќе дали се свесни во тоа што го тврдат.
И да ви кажам прилично успешни се во дискусиите, ама озбилно. Да си човек кој не го интересира ништо, кој нема познавање од ништо и пола живот го поминал во глувчја дупка, евентуално пензионер и наеднаш да почнеш да ги читаш - ќе поверуваш буквално во се што тврдат. И да, во 99% од овој тип на дискусии, доаѓа фамозната реченица: -Ма каква сиромаштија, не си ги погледнал кафаните полни се 24/7?!?!?! Луксуз! Одмор до грчка. Луксуз! Автомобил од 2000. Луксуз! Индикаторите и показателите за сиромаштија во земјава.
За да си средна класа, односно да не си сиромашен, светска економска дефиниција е да ти остануваат 30% од платата што ја добиваш. Смешно е нели?
ti znaes da citas i sobiras?
ti pisav nekni
55 000 vraboteni vo site najaveni/otvoreni/zatvoreni stranski investicii
zagadenosta e poso lugje od nemastija gorat sve i svasta da se zatoplat poso drugar ti mijalkov mame eba so negovata BEG
imas dokaz deka emigracijata e provladina? ili taka ti kazaa vo shtab?
Во Германија иако нема многу Македонци како што има Срби, Хрвати и Босанци, кога некој Македонец ќе чуе дека зборам македонски на улица, веднаш се поздравува или ќе префрли “ВМРО, ВМРО, Никола, Никола“. Доволно јасно е секому за кого е македонската емиграција.
Сум пишал во друга тема но ќе пишам и овде...
Во САД за време на големата депресија, имало + 24% невработеност во земјата.
Во Грција после ова што ги снајде невработеноста изнесува +25%...
Додека во Македонија е дефинитивно најубаво да се живее, +28% невработеност, 200 евра плата, сиромаштијата е изумрена работа.
Овој Битушанецов со неговата компанија може само да го дудла на форумов, и ништо друго. Вика дека сега се живеело подобро... не е точно. Исто е како порано, само што...
1) Тогаш во 2000 година (за пример ја земам), платите на моите родители беа 8500 денари... НО, тогаш сметките беа
- Електростопанство 1150 до 1250 денари
- Телефон 430 до 500 денари
- Водовод 310 до 370 денари
И да, еве ги сметките пред мене стојат, и никој не може да ме убеди, ниту Битушанецот, ниту Брутусот, дека тоа не било така.
2) Сега во 2015 со просечна плата од 12000 денари јас плаќам
- Струја над 2000 денари
- Вода над 550 денари
- Ај ќе го пишам и телефонот, ма да кога се префрлив на Макс ТВ, за него плаќам 0 денари. Додека ми беше одделен телефонот, тарифата само ја плаќав и изнесуваше 700 денари, а никој од мојата фамилија не вртеше нигде од домашниот телефон.
Да додадеме тука и
- Радиодифузна такса 190 денари
- Кабловска + интернет што скоро во секој дом ја има еве 1500.
______________________________________________
Ај сега прерачунајте кога поубаво се живеело... се разбира тука има дискусија и за производите што редовно ги купуваме, ама истото ќе го најдете како и примеров погоре...
Не се живее поубаво, исто се живее како и пред 15 години, само денес имаме подкупени медиуми кои сакаат и го тераат обичниот граѓанин да верува дека државава цвета.
Јас ова би го рекол исти кур, друго пакување...
Друже ти правиш стрикно за тебе споредба и според тоа даваш мислење, ама ако сакаш реалност треба да ја согледаш целокупната слика. Порано немаше минимална плата ако не се лажам па луѓе зимаа и по 6000-7000 (настрана оние еден куп избрани и на оние што им каснеа со месеци плати) сега барем се знае минимална плата - лично знам поамбизициозни луѓе како обични работници што зимаат по 18.000+ во новите инвестиции како Ван Хул или на пример продавачка во маркет порано беше 7000-8000 преку сила сега истите во некои маркети зимаат по 13-14.000 денари. Плус голем дел од народов сам се заглавува, ете ти пример си пишал 1500 за интернет а си пишал плата просечна плата 200е - епа нема да користиш интернет од 1500 на макс ќе си земеш од телекабел за 800 нема да користиш ајфон 6 од 500 евра туку ќе користиш некој послаб телефон итн. Странските инвестиции и покрај тоа што сеуште не даваат плати како што треба сепак ствараат конкурентност, ете кај сестра ми во фирма 2ца избегаа во странска инвестиција за подобра плата - директоров одма после тоа им ги покачи платите на сите со високо образование во страв и они да не избегаат (а верувам вакви случаеви постојат и во други фирми) плус многу млади прво вработување баш го имаат во овие фирми лично знам некои а платата им е 500+ евра. Дека овие фирми влијаат на конкурентноста чист пример ти е и во земјоделието (бидејки се занимаваме со тоа) порано за берба аргати за 500-600 денари ќе најдеш преку сила сега испод 1000 не се нафаќаат за 8 саати работа а за утовар и по 1500-2000 денари оди цената.
Факт е дека сегашнава влада многу попаметно работи во економски аспект за разлика од предходните, па спореди го само буџетот и ќе ти стане јасно. Еден куп сали направени/реновирани, пензиите ги покачија доста, автопати реновирани како и еден куп регионални патишта кои предходните ни на мапа нема да знаат да ги покажат кај се наоѓаат, инвестиции во образование, вагони после 20 години почнаа да купуваат и да реконстрираат железнички станици. Аеродромов кој го среди, стадионов во Скопје ? Значи гледај ја целокупната слика.. знам и јас дека уште не е идеално и дека прават глупости кои треба да се казнат (фрлање пари на безвеза проектити како СК2014, местени тендери и богатење на пар луѓе од врвот на власта) и најлошото во последно време монтирани процеси - очигледно некој си зема преголема сила па мисли дека што сака може да прави во државата што не е во ред. Ама ако го тргнеме сето тоа настрана реалноста е дека има напредок, исто како што е реалнотс дека никогаш нема да ја стасаме Германија итн па затоа е и глупо да се споредуваме со нив.. кај нас кога правеле црешово топче од дрво кај нив веќе коли се возеле и сега сакаме исто ниво преку ноќ епа нема. Мада кој е упорен и може да се снајде (не мислам партиски) може да живее подобро и од Германец тука во тоа сум сигурен
Плус голем дел од народов сам се заглавува, ете ти пример си пишал 1500 за интернет а си пишал плата просечна плата 200е - епа нема да користиш интернет од 1500 на макс ќе си земеш од телекабел за 800 нема да користиш ајфон 6 од 500 евра туку ќе користиш некој послаб телефон итн
Ај прво да го расчистиме овој дел
Кажав на другите теми, имав од Близу кабелска и плаќав 1300, домашниот телефон што воопшто не го користев јас ниту членовите од моето семејство го плаќав 700 денари месечно (само таксата).Сега одкако земав Макс телефонот ми е 0 денари, и се на се плаќам 1700 + си го задржав стариот број кој го имам веќе 17 години
Ај пресметај кога ми било поскапо
Сега болдираниот дел... Ти знаеш колку луѓе во Источна Македонија работат баш за толку пари? Знаеш во шивачкине фабрики во тој регион, жените се утепуваат од работа за да земат 7000 денари плата да си "прехранат" фамилија?
Ограничен буџет жими газов, најискрено.
И нормално дека ќе зборам од свое лично искуство... и пред 15 години едвај се врзуваше крај со крај, и сега е истото.
Изградиле патишта...? Браво за нив, ај сега нека пресметаат колку пари лупнаа за Скопје 2014 (другите градови не ги пасеа). Само да те потсетам невработеноста во државава изнесува +28%, што е апсурдно некој да троши како ненормален кога народот ти е невработен, постојано се иселува итн... Ај кажи ми што се случувало во САД и Грција кога беа/се во таква криза?
После овој пост очекувам да ме нападнат дежурните "патриоти" за тоа како не сум ја почитувал нашата историја (тоа е таа логика споменици=историја)...