До кога сиромаштија во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Anco
  • Време на започнување Време на започнување
него со циганиве што правиме?
 
Германија знае што си поручкувал сабајлето.
Германците знаеја дека Американците ги прислушкуваат па никому ништо, не пак за кој што доручкувал. Најверојатно знаат дали за доручек си голтнала или плукнала, не пак друго. Еј што ве гледам чудни :)
 
Не е темата за тоа ама ок, јас ке си го напишам своето мислење во врска со Бугарскиот пасош.
Што ке ви е тој пасош кога се знае дека со тој пасош не ве прима ниту Америка, ниту Канада ниту пак Австралија каде што навистина се ценат вредностите на поединецот и е реално мозно да работите административни работи.
Политиката на Британија и Европа е многу рестриктивна во тој поглед и кон емигрантите е позната.
Таа ги наградува со аргатски работи.

Од тука, знаејки дека во Македонија има сеуште луге кои поседуваат земја, не ми е јасно зошто не ја работат својата земја и од тоа да остварат финансиска корист наместо да работат по полињата таму.

Сигурен сум дека повеке ке заработат од свое.
Ти туши лепенката тебе изгледа, или си од оние што се јавуваат по емисии наутро, на кои им даваат плата за да јадат трици по медиуми и да плескаат со рацете.

Си работел земјоделие во Македонија? Знаеш колку се вади?
Колку што заработува 4 члено семејсто од земјоделие во една година во Македонија, толку заработува самец што во 3 месеци по полињата во Швајцарија.

Оваа „држава“ си има проблем со менталитетот на народот, кој и да дојде на власт секогаш си го гледа џебот, али така се воспитани сите од раѓање, џабе е што и да се прави тука.
И едни и други и трети не дупеле и ќе не дупат, чаре е само да се гониме од тука, па нека останат пензионерите и овие што лижат дупе, нека си играат држава. Ниту не бивало како народ и држава ниту ќе не биде, за јадење гомна, шпиунирање, водење грижа за комшијата мислам дека сме убедливо први на светската листа, а за останатото немаме дарба.
 
Баш ме интересира кога тоа СБ вршела попис во МКД и каде тоа го објавила. Со оглед на фактот што емиграцијата ни е грото провладина, ќе да избегале од МКД во времето на Југославија и приватизацијата.
Нема финти кога имаш дополнителни 130.000 вработени.
А за загаденоста, таа е карактеристична за индустријализираните земји, изгледа имаме премногу странски инвестиции :)
ti znaes da citas i sobiras?
ti pisav nekni
55 000 vraboteni vo site najaveni/otvoreni/zatvoreni stranski investicii
zagadenosta e poso lugje od nemastija gorat sve i svasta da se zatoplat poso drugar ti mijalkov mame eba so negovata BEG
imas dokaz deka emigracijata e provladina? ili taka ti kazaa vo shtab?
 
Читајќи поедини членови на "критичниве" теми, кој нормално највеќе се појавуваат предизборно или на среде некој политички кикс, се прашувам искрено дали го мислат тоа што го пишуваат или едноставно тераат контра зошто така им е наредено. Тоа така било и порано да, ама овојпат мислам дека достигнуваат некоја нова ретка форма на дебилизам што не знам веќе дали се свесни во тоа што го тврдат.
И да ви кажам прилично успешни се во дискусиите, ама озбилно. Да си човек кој не го интересира ништо, кој нема познавање од ништо и пола живот го поминал во глувчја дупка, евентуално пензионер и наеднаш да почнеш да ги читаш - ќе поверуваш буквално во се што тврдат. И да, во 99% од овој тип на дискусии, доаѓа фамозната реченица: -Ма каква сиромаштија, не си ги погледнал кафаните полни се 24/7?!?!?! Луксуз! Одмор до грчка. Луксуз! Автомобил од 2000. Луксуз! Индикаторите и показателите за сиромаштија во земјава. :unsure:
За да си средна класа, односно да не си сиромашен, светска економска дефиниција е да ти остануваат 30% од платата што ја добиваш. Смешно е нели?

Извршете го експериментов: една недела гледајте без прекин вести на Сител, Канал5 и останатите, следете ги шоута на Миленко и Јанко, ама правете го тоа со бланко ум како тотален идиот без мозок и скроз индиферентно. Одлепете се од реалноста. Тврдам дека таму при крајот на неделата ќе си речете, "па добро ме мајка му стара, за што критикувам цел божји живот, за што ги ругам и сакам смена - па државава се движи напред! Европа е за никаде!" Гарантирам!
И нормално, после за излез од хипнозата излезете на улица и свртете едно кругче низ град... Ќе ги видите истите слики што ги остави @Anco, ќе видите лица со години на вашите родители како собираат пластика и не, не се цигани како што ги нарече Brutus, туку се за жал наши.

За иселувањето нема што повеќе да се каже. Ако сте скептик поразговарајте со било кој млад човек на улица, гарантирам дека ќе ви наброи минимум двајца свои другари, пријатели или роднини кои што се иселиле од државава последниве 2 години. Засекогаш.
Е толку е просто. Сите проблеми се јасно, кристално јасно видливи насекаде. Е сега ако заглавите со експериментот и неможете да излезете од хипнозата, сте ја наебале.
 
Последно уредено:
Одговорот на прашањето е многу лесно...
Сиромаштија во македонија ке има додека има македонци.
 
Во нашава Македонија или (Специјална ФИРОМ), без да се лажеме, ке има сиромаштија се додека се пумпа и пумпа администрацијата, со партиски кадри, скроз неквалитетни (еквиваленти со медиокритети). А тоа нема да заврши брзо, оти дел е стимулирано од нашите западни "пријатели", кои даваат кредити да се сервисира, се до моментот кога стануваме специјална држава како денес. Потоа, јаремот околу вратот, уште потежок од порано ке си го носиме и ке траеме. Да бевме Грција и имавме барем 5% како нивните политичари целата сума ке ни ја избришеа. Ама нели не сме, погоренаведените "пријатели" преку третокласни бирократи, ни назначуваат премиери (пардон, гувернатори) и ја водат државата по нивни терк и интереси.
 
Читајќи поедини членови на "критичниве" теми, кој нормално највеќе се појавуваат предизборно или на среде некој политички кикс, се прашувам искрено дали го мислат тоа што го пишуваат или едноставно тераат контра зошто така им е наредено. Тоа така било и порано да, ама овојпат мислам дека достигнуваат некоја нова ретка форма на дебилизам што не знам веќе дали се свесни во тоа што го тврдат.
И да ви кажам прилично успешни се во дискусиите, ама озбилно. Да си човек кој не го интересира ништо, кој нема познавање од ништо и пола живот го поминал во глувчја дупка, евентуално пензионер и наеднаш да почнеш да ги читаш - ќе поверуваш буквално во се што тврдат. И да, во 99% од овој тип на дискусии, доаѓа фамозната реченица: -Ма каква сиромаштија, не си ги погледнал кафаните полни се 24/7?!?!?! Луксуз! Одмор до грчка. Луксуз! Автомобил од 2000. Луксуз! Индикаторите и показателите за сиромаштија во земјава. :unsure:
За да си средна класа, односно да не си сиромашен, светска економска дефиниција е да ти остануваат 30% од платата што ја добиваш. Смешно е нели?

Обично не сакам да коментирам вакви теми ама овој некако чуствувам потреба да искоментирам. Не дека кај нас е сјајно, далеку од тоа, ама ти највероватно не се видел што е сиромаштија или пак јас сум многу беден во споредба со некој ко тебе. Ова скалава за дефиниција за средна класа некако е мноигу висока, барем според мене. Мене да ми останува 30% од платата ке се осеќам за богат а не за средна класа. Не што не ми останува 30 % туку и 10% да ми остануваат ке бидам среќен, туку ни толку не ми остануваат а работам 6 дена неделата а некогаш и 7.

И да... , и јас ке се придружам на тие што викаат дека нема сиромаштија се додека кафаните се полни и шибаат одмори и на лето и на зима . Имам роднини и пријатели повеќе време трошат на ФБ со ручеци и вечериники 2-3 пати неделата и главен муабет им како све е пустелија и секој ден се иселуваат со години, никако да се иселат како многу на форумов. Да си навистина беден тешко дека ке ти текне за седенки па макар било и еднаш месечно а не па повеќе.
 
Иронично е некој во партиски цели да зборува дека сега во Македонија е сиромаштија, кога моментално живееме најдобро во последниве 24 години. Не дека сега сме станале Норвешка, туку компаративно сега имаме најдобар стандард во последниве 24 години. Па до пред 8 години имаше луѓе кои земаа плата по 4000 денари и со закаснување по 2 години, а беше премија ако платата каснеше 2-3 месеца.

Уште поиронично е кога некој ќе спомне дека масовно Македонците емигрираат, сега а забораваат дека македонската емиграција е грото провладина, па не ќе да емигрирале сега или последниве години.

Што се однесува до бездомниците и оние кои за жал бркаат по контејнери, тоа го има насекаде во светов. Во Минхен има бездомници кои исто така бркаат по ѓубре и во самиот строг центар на градот, кај Marienplatz, кај Heilig Geist Kirche, па кај Haupbahnhof итн. Сега да зборуваме дека Германија економски е лоша зошто има толку бездомници?

Еднаш подолго време престојував во Виена кај Nordbahnhof и таму на железничката/метро станицата беше направена некоја импровизирана населба на бездомници и јас како и останатите моравме да се симнуваме една станица пред или после, за да ја избегнеме Нордбанхоф. И треба ли да ја критикувам Австрија дека е сиромашна земја?

И некои Германци и Австријци емигрираат во Норвешка или САД, зошто таму платите се 2-3 пати повисоки од германските.[DOUBLEPOST=1446804003][/DOUBLEPOST]
ti znaes da citas i sobiras?
ti pisav nekni
55 000 vraboteni vo site najaveni/otvoreni/zatvoreni stranski investicii
zagadenosta e poso lugje od nemastija gorat sve i svasta da se zatoplat poso drugar ti mijalkov mame eba so negovata BEG
imas dokaz deka emigracijata e provladina? ili taka ti kazaa vo shtab?

Чиче Ланс, и да се 55,000 ново вработени во странските инвестиции, тоа е добро, за разлика од 250,000 отпуштени во 90те и не знам колку нови отпуштања имаше од државни институции 2002-2006 година. Сега луѓето се вработуваат, не се отпуштаат. Сега се отвараат фабрики, порано се затвараа. Тоа се цени кај народот.

Македонија има најголема потрошувачка на струја за греење во Европа, па не ќе да сме сиромаштија, кога користиме најскап енергенс за топлење. А во градот имаме толку многу фабрики, што ни ние не сме свесни. Не знам како може БЕГ кој работи на природен гас да загадува?

Да не беше македонската миграција провладина, ќе се бореше опозицијата да има 20 пратеници од емиграцијата. Во Германија иако нема многу Македонци како што има Срби, Хрвати и Босанци, кога некој Македонец ќе чуе дека зборам македонски на улица, веднаш се поздравува или ќе префрли “ВМРО, ВМРО, Никола, Никола“. Доволно јасно е секому за кого е македонската емиграција.
 
Последно уредено:
Во Германија иако нема многу Македонци како што има Срби, Хрвати и Босанци, кога некој Македонец ќе чуе дека зборам македонски на улица, веднаш се поздравува или ќе префрлиВМРО, ВМРО, Никола, Никола“. Доволно јасно е секому за кого е македонската емиграција.

:zver:

@leandra Ни должиш објаснување зошто цело време овој непобитен факт го криеш од нас.
 
Сум пишал во друга тема но ќе пишам и овде...

Во САД за време на големата депресија, имало + 24% невработеност во земјата.
Во Грција после ова што ги снајде невработеноста изнесува +25%...
Додека во Македонија е дефинитивно најубаво да се живее, +28% невработеност, 200 евра плата, сиромаштијата е изумрена работа.

Овој Битушанецов со неговата компанија може само да го дудла на форумов, и ништо друго. Вика дека сега се живеело подобро... не е точно. Исто е како порано, само што...

1) Тогаш во 2000 година (за пример ја земам), платите на моите родители беа 8500 денари... НО, тогаш сметките беа
- Електростопанство 1150 до 1250 денари
- Телефон 430 до 500 денари
- Водовод 310 до 370 денари

И да, еве ги сметките пред мене стојат, и никој не може да ме убеди, ниту Битушанецот, ниту Брутусот, дека тоа не било така.

2) Сега во 2015 со просечна плата од 12000 денари јас плаќам

- Струја над 2000 денари
- Вода над 550 денари
- Ај ќе го пишам и телефонот, ма да кога се префрлив на Макс ТВ, за него плаќам 0 денари. Додека ми беше одделен телефонот, тарифата само ја плаќав и изнесуваше 700 денари, а никој од мојата фамилија не вртеше нигде од домашниот телефон.
Да додадеме тука и
- Радиодифузна такса 190 денари
- Кабловска + интернет што скоро во секој дом ја има еве 1500.

______________________________________________

Ај сега прерачунајте кога поубаво се живеело... се разбира тука има дискусија и за производите што редовно ги купуваме, ама истото ќе го најдете како и примеров погоре...

Не се живее поубаво, исто се живее како и пред 15 години, само денес имаме подкупени медиуми кои сакаат и го тераат обичниот граѓанин да верува дека државава цвета.

Јас ова би го рекол исти кур, друго пакување...
 
Од година во година тонеме во сиромаштија и никаков митинг и говор од памфлет и мафтање со знаме и пеење патриотски песни, викање пароли, нема да му наполни фрижидер или плати сметката на било кој од армијата на сиромашни. Ко ќе заврши митингот, фрижидерот пак е празен, сметките неплатени само плус шо ќе ти стигне и писмо од извршител.
По сите параметри, Македонија е сиромашна и оди надолу, и по примања и по невработеност и по јазот меѓу богати и сиромашн.
1997 година стапка на сиромаштија беше 19% во 2011 - 30,4%
По невработеност сме на дното (само Косово е полошо од нас во регионот) и покрај мерките на владата да по неколку основи бришат лица од список на невработени, значи иако се навработени власта нашла начин да ги изврише и со тоа си покачи стапка на вработеност
По однос меѓу просечна и највисока плата, јазот меѓу богати и сиромашни драстично порасна, ако во 2008 односот беше 1:48 (пример ако просечно плата беше 200 евра, највисоката би била 9600 евра) во 2011 имаме веќе 1:185 или ако сега поек 200 евра, највисока е 37.000 евра) тоа е битно за тој фамозниот БДП кој иако покажува раст всушност е само продлабочување на екстремно богати и сиромашни луѓе а не еднаква економска благодет на сите, пример еден бруто приход годишен од 300.000 евра (еден чоек) покрива статистички 1000 невработени со 300 евра или на 3000 вработени му зголемува просек со по 100 евра секому. Затоа и просечна плата е пренапумпана, каде 30% богати, со своите плати и примања создаваат лажна слика на останатите 70% со подпросечни примања.
Показател индиректен е и во недостаток на податоци, пример завод за статисика престана да пресметува потрошувачка кошничка, податоци за апсолутна сиромаштија - нема, други податоци кои покажувваат на економската положба на населението - каснат по 3-4 години, попис на население - нема и се се сведува на БДП кој не е реален показател без останати податоци. За апсолутната сиромаштија во Македонија Светската банка има податок дека од 7,4% во 2005 достигна 14,7% во 2010.
накратко - земено во глобала сиромашни сме и тоа многу. Фасада со позлата и вештачки мермер имаме но внатре ни е подот од земја и зидовите од кал и трска
 
Сум пишал во друга тема но ќе пишам и овде...

Во САД за време на големата депресија, имало + 24% невработеност во земјата.
Во Грција после ова што ги снајде невработеноста изнесува +25%...
Додека во Македонија е дефинитивно најубаво да се живее, +28% невработеност, 200 евра плата, сиромаштијата е изумрена работа.

Овој Битушанецов со неговата компанија може само да го дудла на форумов, и ништо друго. Вика дека сега се живеело подобро... не е точно. Исто е како порано, само што...

1) Тогаш во 2000 година (за пример ја земам), платите на моите родители беа 8500 денари... НО, тогаш сметките беа
- Електростопанство 1150 до 1250 денари
- Телефон 430 до 500 денари
- Водовод 310 до 370 денари

И да, еве ги сметките пред мене стојат, и никој не може да ме убеди, ниту Битушанецот, ниту Брутусот, дека тоа не било така.

2) Сега во 2015 со просечна плата од 12000 денари јас плаќам

- Струја над 2000 денари
- Вода над 550 денари
- Ај ќе го пишам и телефонот, ма да кога се префрлив на Макс ТВ, за него плаќам 0 денари. Додека ми беше одделен телефонот, тарифата само ја плаќав и изнесуваше 700 денари, а никој од мојата фамилија не вртеше нигде од домашниот телефон.
Да додадеме тука и
- Радиодифузна такса 190 денари
- Кабловска + интернет што скоро во секој дом ја има еве 1500.

______________________________________________

Ај сега прерачунајте кога поубаво се живеело... се разбира тука има дискусија и за производите што редовно ги купуваме, ама истото ќе го најдете како и примеров погоре...

Не се живее поубаво, исто се живее како и пред 15 години, само денес имаме подкупени медиуми кои сакаат и го тераат обичниот граѓанин да верува дека државава цвета.

Јас ова би го рекол исти кур, друго пакување...

Друже ти правиш стрикно за тебе споредба и според тоа даваш мислење, ама ако сакаш реалност треба да ја согледаш целокупната слика. Порано немаше минимална плата ако не се лажам па луѓе зимаа и по 6000-7000 (настрана оние еден куп избрани и на оние што им каснеа со месеци плати) сега барем се знае минимална плата - лично знам поамбизициозни луѓе како обични работници што зимаат по 18.000+ во новите инвестиции како Ван Хул или на пример продавачка во маркет порано беше 7000-8000 преку сила сега истите во некои маркети зимаат по 13-14.000 денари. Плус голем дел од народов сам се заглавува, ете ти пример си пишал 1500 за интернет а си пишал плата просечна плата 200е - епа нема да користиш интернет од 1500 на макс ќе си земеш од телекабел за 800 нема да користиш ајфон 6 од 500 евра туку ќе користиш некој послаб телефон итн. Странските инвестиции и покрај тоа што сеуште не даваат плати како што треба сепак ствараат конкурентност, ете кај сестра ми во фирма 2ца избегаа во странска инвестиција за подобра плата - директоров одма после тоа им ги покачи платите на сите со високо образование во страв и они да не избегаат (а верувам вакви случаеви постојат и во други фирми) плус многу млади прво вработување баш го имаат во овие фирми лично знам некои а платата им е 500+ евра. Дека овие фирми влијаат на конкурентноста чист пример ти е и во земјоделието (бидејки се занимаваме со тоа) порано за берба аргати за 500-600 денари ќе најдеш преку сила сега испод 1000 не се нафаќаат за 8 саати работа а за утовар и по 1500-2000 денари оди цената.

Факт е дека сегашнава влада многу попаметно работи во економски аспект за разлика од предходните, па спореди го само буџетот и ќе ти стане јасно. Еден куп сали направени/реновирани, пензиите ги покачија доста, автопати реновирани како и еден куп регионални патишта кои предходните ни на мапа нема да знаат да ги покажат кај се наоѓаат, инвестиции во образование, вагони после 20 години почнаа да купуваат и да реконстрираат железнички станици. Аеродромов кој го среди, стадионов во Скопје ? Значи гледај ја целокупната слика.. знам и јас дека уште не е идеално и дека прават глупости кои треба да се казнат (фрлање пари на безвеза проектити како СК2014, местени тендери и богатење на пар луѓе од врвот на власта) и најлошото во последно време монтирани процеси - очигледно некој си зема преголема сила па мисли дека што сака може да прави во државата што не е во ред. Ама ако го тргнеме сето тоа настрана реалноста е дека има напредок, исто како што е реалнотс дека никогаш нема да ја стасаме Германија итн па затоа е и глупо да се споредуваме со нив.. кај нас кога правеле црешово топче од дрво кај нив веќе коли се возеле и сега сакаме исто ниво преку ноќ епа нема. Мада кој е упорен и може да се снајде (не мислам партиски) може да живее подобро и од Германец тука во тоа сум сигурен
 
Ај прво да го расчистиме овој дел

Плус голем дел од народов сам се заглавува, ете ти пример си пишал 1500 за интернет а си пишал плата просечна плата 200е - епа нема да користиш интернет од 1500 на макс ќе си земеш од телекабел за 800 нема да користиш ајфон 6 од 500 евра туку ќе користиш некој послаб телефон итн

Кажав на другите теми, имав од Близу кабелска и плаќав 1300, домашниот телефон што воопшто не го користев јас ниту членовите од моето семејство го плаќав 700 денари месечно (само таксата).
Сега одкако земав Макс телефонот ми е 0 денари, и се на се плаќам 1700 + си го задржав стариот број кој го имам веќе 17 години

Ај пресметај кога ми било поскапо

Сега болдираниот дел... Ти знаеш колку луѓе во Источна Македонија работат баш за толку пари? Знаеш во шивачкине фабрики во тој регион, жените се утепуваат од работа за да земат 7000 денари плата да си "прехранат" фамилија?

Ограничен буџет жими газов, најискрено.

И нормално дека ќе зборам од свое лично искуство... и пред 15 години едвај се врзуваше крај со крај, и сега е истото.
Изградиле патишта...? Браво за нив, ај сега нека пресметаат колку пари лупнаа за Скопје 2014 (другите градови не ги пасеа). Само да те потсетам невработеноста во државава изнесува +28%, што е апсурдно некој да троши како ненормален кога народот ти е невработен, постојано се иселува итн... Ај кажи ми што се случувало во САД и Грција кога беа/се во таква криза?

После овој пост очекувам да ме нападнат дежурните "патриоти" за тоа како не сум ја почитувал нашата историја (тоа е таа логика споменици=историја)...
 
Ај прво да го расчистиме овој дел

Кажав на другите теми, имав од Близу кабелска и плаќав 1300, домашниот телефон што воопшто не го користев јас ниту членовите од моето семејство го плаќав 700 денари месечно (само таксата).Сега одкако земав Макс телефонот ми е 0 денари, и се на се плаќам 1700 + си го задржав стариот број кој го имам веќе 17 години
Ај пресметај кога ми било поскапо

Сега болдираниот дел... Ти знаеш колку луѓе во Источна Македонија работат баш за толку пари? Знаеш во шивачкине фабрики во тој регион, жените се утепуваат од работа за да земат 7000 денари плата да си "прехранат" фамилија?

Ограничен буџет жими газов, најискрено.

И нормално дека ќе зборам од свое лично искуство... и пред 15 години едвај се врзуваше крај со крај, и сега е истото.
Изградиле патишта...? Браво за нив, ај сега нека пресметаат колку пари лупнаа за Скопје 2014 (другите градови не ги пасеа). Само да те потсетам невработеноста во државава изнесува +28%, што е апсурдно некој да троши како ненормален кога народот ти е невработен, постојано се иселува итн... Ај кажи ми што се случувало во САД и Грција кога беа/се во таква криза?

После овој пост очекувам да ме нападнат дежурните "патриоти" за тоа како не сум ја почитувал нашата историја (тоа е таа логика споменици=историја)...

Не ми беше намерата да ти преместувам кога ти било поскапо туку дали постојат поефтини варијанти, пример јас плаќам 850 денари за интернет и кабловска заедно а домашен телефон не ни користам кога веќе сите имаме мобилни телефони. Мене тоа ме нервира тоа што некој само се жалат а лупнале претплати од 1600 денари само за телевизија и интернет, купиле телефони од 500+ евра на 200 евра плата, месечни претплати за телефон 1000 денари и не го тргаат телефонот од уво мислиш директори се на некоја фирма а уствари они работат за некои си 200тина евра.
Знам дека ситуацијата во Источна Македонија е лоша бидејки имам и роднини таму и може слободно да се каже дека е најмизерниот дел во Македонија ама ништо неможе да се промени преку ноќ, инаку кога веќе спомнуваш невработеност сега е 28% а пред 10 години истата била 37% така да тој намален процент 9% и не е така лоша бројка сакал да признаеш или не.

За СК 2014 се согласувам (веќе и го кажав тоа како негативна работа во постот погоре) ама пак ќе кажам се гледа генералната слика ако сакаш да ја видиш реалната состојба. И не го зборам ова од инат или дека работното место ми се зависи од тоа бидејки ниту јас ниту друг член од мојата потесна фамилија не е вработен во државна администрација..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom