Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Nov bunar kopaj na stariot ne plukaj,jebes samsung s3 ko obocen samsug drzi bateroja,11 sata u voz slusav muzika i gajle nema
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: 048
Не успева паметниот, успева упорниот. Тоа е поговорка која многу често се покажала точна у пракса. Еве ја на пример бебси/ЈуникГрл.
Дава све од себе и еден ден ќе стане модератор на Кајгана.
 
Колку е убаво времево, јас слободен. Како ми се прави дневна дабл ин-шема. Прво у Пошта, па после у Juice Bar.
Aма немам друштво, сите шо ги знам имат нормален живот, си работат.

А баш убаво ќе дојдеа два чек-ина од фенси местенца, еден по друг. Туууу... :(

П.с ако во некое случајно нема место, замена - Fitness House. Ручкај си здрав хамбургер за 5евра.
 
Драга...

... у последно време сфаќам зашто толку се приврзуваме за домашното милениче. Имаш животинче со кое поминуваш низ многу ствари, и како со сите луѓе у светот, така и со него имаш и пријатни и непријатни моменти. Ќе го галиш, ќе те изнервира, ќе бутне нешто, ќе те изгребе, ќе ти дојде преку глава од него. Ама без разлика на се што преживуваш со него, сфаќаш дека додека ти секогаш можеш да излезеш надвор, со било кој да збориш, со било кого да се упознаеш и со било кого да доживуваш најразлични искуства, оно нема никој, осамено е. Оно те има само тебе, ти си му единствениот пријател, најдобар или најлош во зависност од моментот. Додека ти го имаш цел свет пред тебе и можеш кај сакаш да идеш, оно не може, бидејќи за него светот е твојот мал стан, и тука се границите на неговото движење. Ти можеш да се забавуваш на било каков начин и да го трошиш времето како ќе посакаш, ама негова работа е само да си трчка низ домот, а кога му е досадно сака да си игра со тебе бидејќи нема со кој друг, нема друштво, те има само тебе. Нема избор, за него е јасно дека пишано му било да си живее со тебе. Едноставно ти си му се. И затоа без разлика што ти се случува во животот, без разлика низ што поминуваш, и без разлика какви моменти имаш со миленичето, во потсвеста ги знаеш овие работи за него, па затоа и толку си грижлив кон него. Тоа е и една човечка карактеристика која често се заборава, нашата грижа која најдобро е изразена преку грижата за миленичето. Бидејќи тебе може да ти биде гајле за едни или за други луѓе и да не ги толерираш, но миленичето е едно и само твое, и тоа останува со тебе без разлика на се. Па тука се пронаоѓа доброто во луѓето, кога нешто ти е препуштено само на тебе, зависи од тебе и ти треба да се грижиш за него, ти чувствуваш љубов према истото, му угодуваш и не му наштетуваш. Токму затоа си толку приврзан кон него и си го сакаш. Па од тука потекнува заблудата дека некогаш ги сакаме животните повеќе од луѓето. Иронично тоа така делува баш поради тоа што сме луѓе. Тоа е тоа основно чувство кое никој друг на планетава не го чувствува, нешто од што нема корист, не е поврзано со него, случајно го нашол надвор и го прибрал кај него дома, но сепак го сака. И тоа го има само кај човекот.

Snapchat--7553046101863303450.jpg

Еве сликиче од најнефотогеничниот мачор на светов кој некако успеа да се замота со цел јорган и да му се гледа само главчето :D
 
Не сум знаел дека Крал Марко бил Енглез.:cautious:
gnxfggfj-20181.png
 
Драга, има едно маче надвор, од комшииве е, душава ми плаче кога ќе се сетам дека е на ладново само по цели ноќи.
Ќе го приберев, ама несмеам од мојов мачор, љубоморен е, се плашам да не се испотепаат.
:place:
 
Кај си срц <3
Никад не сум бил перфектен студент, у било која смисла срц. Никад немам исчистено тековен семестар на време, не сум редовен и индексов ми е ишаран од 6 до 10. Ама знам до каде сум, кој сум и што барам. Неможе у сред семестар да се смислуваат нови правила за студенти, особено правила кај што доаѓа професорка на предавање и вика: Денес на катедрава имавме состанок и решивме за нередовни студенти односно оние што имаат три минуса да немаат право да полагаат. Па мама ви ебам шизофренична ја на вас, ова само кај нас може да го има. У сред семестар вакви ригорозни и битни правила да се смислуваат и притоа да важат генерално. Па кај го има у светов бе на факултети ова, со зор да те држи на предавање или да те условува на редовност за да имаш право на колоквиум или испит пред испитна сесија само ако си редовен. До толку ли ви е ебаниот капацитет да задржите студенти на предавања? И да знам дека и ние студенти не сме цвеќиња за мирисање ама проста логика е дека 2+2 е 4, и неможе со зор да се прават будали без притоа да земат во предвит за себе кои се и што се. Сите се имаат умислено на мојава катедра мислиш си отишол на Харвард да студираш и слушаш предавања од Ноа Чомски. Па племето шизофренично ваше, пак ќе кажам. Слушам 5 предмета, сум запишал 6. Од тие нови 5 предмета само еден предмет ми брка работа за на испит, односно ми помага да не го спремам испитот од А до Ш, а то е Writing предметот кој што не е ни цел предмет туку 1/3 од Современ Англиски. Смшено? Знам. Другиве професориве се кој од кој поголем циркус. Едната е останата со паметот у нејзина младост и секое предавање си прави ретроспектива на младоста и студентските денови кај што пушела цигари у амфитеатар заедно со професори, друга е професорка по Методика што сама вика дека има филозофија и дека во денешново време е потребно да се учи Методика и принцип на предавање да биде покреативен и флексибилен во однос на студенти. А самата е изгубена во простор во предавања и нема абер од предавања и како да ти задржи интерес, настрана што и предметот сам по себе е тапа. Предава Методика а предавањата и се snooze fest, ем не знае преку говор да направи симулација на итнересно и да ти земе внимание туку и вежбите што ги прави и примери што ги дава се отепувачка за живот. Старава гарда професори што се удираат у груди ко демек го покориле светов ко Џингис Кан се најсмешни артифакти, нема посмешни. А младиве пак што да кажам. Од тие млади професори што ги имам поминато само две професорки ми се погодиле како што треба и ми беше мерак да идам на предавања, да ги слушам и спремам за испит(а пази неслучајно, баш кај овие професорки ми се единствените 10ки) додека другиве се млади, неискусни и имаат знаење ама се гледа дека не знаат да ти задржат внимание и превише се трудат да бидне интересни што ќе излезе на апсолутен циркус со форсирање на вежби и дискусии кои врска немаат. А пак еден мал процент од тие што го имам поминато со его манијакални шизофреничари што мислат дека предаваат на Харвард и дека се решение на сите проблеми у образование вклучено со тоа дека они најпаметни на свет, мудро и тивко ама послушно пратејќи ги кораците на Џингис Кан тип на професорите од стара гарда. Браво!
Има многу работи што ми се нелогични на факултетов, и искрено како секоја одминува се повеќе и повеќе се чудам што курац запишав, и кај се запустив. Посебно се чудам што кур имав такви нереални очекувања дека факултетов ќе ми бидне некое life changing experience или шо и да е, кога излезе само уште едно место за извор на фрустрација и нелогичност. А највеќе ме нервира кога ќе се дискутира за проблеми со образвание, ние студентите сме главниот проблем оти сме биле несериозни и неамбициозни студенти кои што само бираат начин да го завршат факултетот. Брадицу вам јареќу!

Имам многу работи да ти пишам срц што ми лежат на срце, ама у друга прилика.
here is not here.
 
По долго боледување го загубивме најквалитетниот човек од семејствово кој некогаш постигнал нешто за кое не верувам дека во иднина било кој од нашата фамилија ќе го надмине.

https://mk.wikipedia.org/wiki/Министерство_за_финансии_на_Македонија
Министерството било формирано во 1992 година. За прв министер на финансии по осамостојувањето на Македонија бил избран Методија Тошевски.

И покрај таа најгнасната болест, нема да заборавам кога пред некој месец побара примерок од книгата која ја начкрапав, за да ја прочита дури си ја чека смртта. На толку преостанато малку време, да одделиш време за читање на глупостите од внукот е прилично зафркнат гест кој не можам да го дефинирам, а внатрешно ме бранува....
 
Зошто Батиста и Сем Смит на сликава наместо на холивудски ѕвезди изгледаат на просечни балкански вујко и татко што на секоја слава се кичмат од пиење ракија,заедно гупнати пеат песни од Гоце Арнаудов и те прашуваат "А кај ти е женската а?"

12190947_10153646985895540_7467667374052402216_n.jpg
 
Bev prosetav sve toa super ali sea me ceka rabota,idam da spijam i posle se frlam na citanje postovi,taka da neka ne se cudat tvojte clenovi ako frcat lajkovi :D
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: 048
За тие што мислевте дека се заебавам со апликацијата за работа со залепена визит карта, да ве демантирам веднаш дека не е никаква заебанција сликата. Типката со апликацијата е мртва сериозна, маж и е главен рекетар во Велес и нивна ќерка е Деси Николова, како ли и да и беше презимето. Ако не ви звучи имево познато, тогаш познатата ВМРО соната која доби награда дело на годината или што и да беше ќе ви зазвучи сигурно.

Туку, што ќе кажев...


12191563_919414294818559_1941696854329941678_n.jpg


Нешто за менструални болки?
 
Драга, гледам по форумов дека не сум јас единствената која ги "уживала" благодетите на катедрата за англиски јазик и книжевност при УКИМ. Колку ли само пати се запрашав ЗОШТО ли се запишав таму (до душа да сум сега на тие години не би запишала на ниту еден факултет туку би си извадила билет еден правец), а работа по струка наравно да нема. Кога во агенција за вработување отидов да се пријавам како невработен професор по англиски јазик, фино лепо ми рекоа "Ах, па ти си од ситните риби, знаеш ли колку вакви како тебе чекаат на ред?!"...И така, сега си работам нешто сосема друго, одамна се помирив со фактот дека 5 години од знаењето е сила знаењето е моќ ги фрлив во вода.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom