- Член од
- 5 ноември 2012
- Мислења
- 2.950
- Поени од реакции
- 6.558
Само нфрлуваш а ништо конкретно .. ете првата тнр бомба со клипот за Македонска Банка беше голема лага... најнапред сумта на пари што се спомнува во аудио клипот не беше таа по која се продадена акциите на Македонска берза, во првата продажба. Второ Народна банка даде согласност, па продаде акции на Нини и Емо Охрид кој беше државна фирма, под контрола на власта. Со тој пакет Нини купи само 40-тина%, подоцна НБРМ ( Гошев) му продаде уште државни акции од МБ. Ако имало нешто споррно. тоа било приватизацијата на МБ во 2000, а за што имаше документ од Врховен суд, да се поништи приватизацијата, но ЈО на СДСМ кој ја презеде власта 2002 не постапи по тоа. ЈО на СДСМ и го притворија тогашниот гувернер, ама за друга работа, за Радо банка, не за Македонска Банка. Значи по твоја логика режимот на СДСМ бил соучесник во приватизацијата на МБ а и во продажбата на Нини, без дозвола од Гошев ќе си останеше сопственик само на 40%. Освен тоа, и да купи приватно лице над 5% од банка, може Гувернерот да му оспори и да ги продаде на берза акциите, така и бидна со акциите на Нини од Комерцијална банка... значи едно еда ги знаеш работите, друго е галама. СДСМ знаеше дека нема ништо правно во тнр случајот МБ, но клиповите ги пуштија меѓу 2 изборни круга што е тежок изборен криминааал, имено обид за нечесно влијание на гласачите.
Абе доволно конкретно имаше на “бомбите“, ама кој да признае.....еве да почекаме Катето што ќе рече...
Инаку, за “бомбата“ со МБ, многу е смешно ние овде да форум да решаваме дека - “беше голема лага“.
Не знам, можеби. Ама нормални луѓе во нормална држава очекуваат фер истрага и фер судски процес за да се запази правна држава.
Тоа се очекува - а што добивме- дека снимката не се прифаќа како доказ бидејки била обезбедена по нелегален пат, понатаму, независниот (?) обвинител мисли дека нема потреба да бара вештачење, независниот (?) судија мисли дека нема потреба да го викне главниот сведок.....јебеш га, колку и да сакаш да бидеш неутрален, гледаш дека нешто смрди....фарса, друже, фарса....
А за другото, дека ЈО на СДСМ не постапила по одлука на Врховен Суд или незнам што, како да ти кажам.... се да е точно , или ВМРО во овие 10 години ќе санкционира или повторно проблем е кај него !
Патем. тој гувернерот што го спомнуваш, ако не грешам, не беше притворен за Радобанка туку за Експорт-Импорт банка.