Да де, и да претпоставиме дека све е кошо викаш, објасни ми зашо не се во затвор? ВМРО е на власт.
за тенковски делови уште трае постапката, мислам Бучковски поднесе уставна жалба. За Телеком кај нас уште нема правна постапка, сега почна истражна. Колку што знам во УСА имаше некоја пресуда против менаџери на Т-Хоме ( не на Маџар телеком) но тие се спогодија, признаа и платија високо парично обештетување. А имаше друга работа против Андреј, кој мислам е се уште во бекство, за енормно високите хонорари за консултантски услуги ... оваква постапка за неоправдано високи трошоци може и треба да се води и во секое акционерско друштво каде постојат и малцински акционери... ама не се води, бидејќи во нашиот закон за приватни Трговски друштва ( кој е од поодамна) има клаузула дека доминантниот сопственик ( па и со 51%) има право да располага самостално со добивката... значи тука е
формално правна утка .. а Маџар Телеком и Андреј беа кај нас на тапет бидејќи Телеком имаше
малцински државен капитал...[DOUBLEPOST=1446711382][/DOUBLEPOST]
Ко да праиме муабет за моменталниов "систем" a?
Тука темата е јавното медиумско објавување на приватни прислушкувани разговори, во принцип.
Друга тема е законот за СЈО. Не сум го проучил, но ако во Законот за СЈО стои дека СЈО смее да работи само за матерјали од прислушкувани разговори што ги поднесува опозицијата, тоа е невиден преседан. Матерјали може да поднесе секој, и власта и трети независни лица.
Трета работа е што докажуват прислушкуваните разговори ( па и да се автентични) ?
Одговорот е ништо, тие докажуваат само дека е воден некој разговор. Па истата наша опозиција што тврди дека
власта ја партизирала државната служба,
јавно најави дека кога ќе дојде на власт ќе
ги смени сите државни службеници. Нашата опозиција и нивните подржувачи перманентно лајат за партизирано судство, а самите тие во една ноќ, кога имаа доминација во собранието, поставија 600-ни судии. Самите тие,
лично Рада му се закануваше на Љубчо дека кога ќе дојдат на власт ќе го затворат за случајот приватизација на Окта . Како може политичар да тврди дека ќе затвара некого кога
судството е независно ??
Значи на база на вербални изговорени тврдења може да се покрене само истражна постапка и само за работи што се противправни.
Не е противправно ама е политички негативно што сдсм во 90-тите експресно избрал 600 судии, а од кој многу се се уште судии. Не е противправно, ама е политички негативно ако се вложуваат преголеми државни средства во било што, не само споменици, туку и оружје, па и патишта или пропаднати државни фабрики. Еве во Хрватска некој политичари тврдат дека изградиле
премногу скапи патишта а кој се празни вон сезоната...
Но правна постапка се води само ако има прекршување на тендерската постапка, другото е политика а која се казнува само на изборен суд.
..Туку еве едно интересна правна дилема од УСА. Пред можеби година, имаше случај, се јави домаќинка на 911 дека некој тропа и ја крши влезната врата и прашувала што да прави. Службеникот од 911 преку телефон ја упати ако натрапникот успее да ја скрши вратата во тој момент таа да пука во него. Така и бидна, таа е ослободена од одговорност, постоеше и
доказ снимен телефонски разговор во службата.
Е сега во законите на многу други држави, па и на нашите простори, ова би било незаконско и би се одговарало за пречекорена самоодбрана бидејќи во моментот на пукањето се уште немало никакво дело врз интегритетот на лицето што ја пречекорило самоодбраната.