1. На берза нема провизија, а освен тоа продажбата меѓу приватни лица нема врска со народни пари... башка оваа работа имаше и судски завршеток... а ајде објасни како може Дајнерс да плаќа 10х поголема кирија од пазарна, не било проблем... а најлоша провизија е хонорарите што ги добива фрчко за предавања во Грција а отворено ги застапува нивните интереси....
2. ОК е да се бара потекло на парите, но си има документи кој купил... зајко најави тужба против весник што напиша дека имал вила во Грција
3. Не е нелегално да имаш имот во странство, ама нелегално е да го купиш ( да изнесеш пари)... може да работиш таму и да купиш, да наследиш, да добиеш како подарок или фирма да стекнува.. објаснив... ако би било легално би имало преку наши банки да купуваме недвижнини во странство, да купуваме акции, злато и друго...
4. Се ова што го спомнуваш го имаше и во предходната власт, ама во поекстремна форма...
случај Беќирев 2005/2006...
Факт е дека во РМ од политичари досега во затвор лежеле само 3-4 ца и тоа од дпмне.. Арнаудов, Војо и некој други... Типична е
демагогијата на сдсм околу Љубен Пауновски ... фрлаа дрва и камења, за покасно да го подржуваат, слично како и брат Љубе кој всушност по нивен налог е затворен во Хрватска за случајот
Раштански лозја, а кој до скоро беше и активен...
Типичен и случајот со Буч касиди, рекетарите на сдсм го нападнаа судот, а кога отиде во фракција фрлаат дрва и камења по него... Ама не смеат многу да лајат за случајот Телеком, Буч беше премиер ама не верувам дека денарче земал за себе туку се било за партија... ако го притиснат него ќе објави работи што може да го обезглават сдсм...
Затоа сега имаме само циркуси и куклен театар со пазарења...за вистинско чистење на корупцијата треба многу, а пред се политичари со чисти раце, а такви нема... И на гувернерот што на времето се декларираше на изборната кампања дека е со чисти раце му најдоа 101 работа...оној скромниот што возеше спачек и правеа смешки со него сега вози џип со Луксембурши таблици...
Но корупција има секаде, па и зделките на Германија и Франција за непотребно наоружување на Грција од
стотици милиарди евра се полни со корупција, едно време кога почна да му се меша во изборната кампања, Ципрас и се закани на Меркел со Хаг...
Знам за Талер, ама снимките не беа битни туку митото кое се докажа, а и призна, всушност имаше цврсти докази дека тој влијаел на донесување европски закони за лична корист.
А за да осудиш мито треба да
осудиш Двајца, тој што примал и тој што давал..случајот со државната ИНА и приватниот МОЛ падна на Унгарски суд бидејќи не се докажа дека Хељменди му дал пари на Санадер..а освен тоа Хељменди понуди Мол да го раскине договорот
( да ја врати ИНА на хрватската влада, а да му ги вратат парите и овие се посраа ).
Да заклучам, прислушкување има секаде, не само во УСА, има и во Европа, има и во регионот, ама немало никаде до сеѓа оваква злоупотреба на снимки од прислушкувани разговори...