Serie A 2015/2016

  • Креатор на темата Креатор на темата Џонтра Волта
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион во новата сезона?


  • Вкупно гласачи
    197
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
По мртов тим од Интер долго време немам видено[DOUBLEPOST=1446385751][/DOUBLEPOST]Се кладам со кој сака во што сака дека Интер не е топ 3 сезонава
 
Запрашај се каков тим сте чим ве плескаат мртовци.
 
Интер издржа и притисна повеќе од моите, а верувам и очекувањата на повеќето. Не верувам еден тим 30% од сезоната да истуркал ваква позиција на табелата со ваква игра и резултати. Сите чекаме да падне, али упорноста која ја покажуваат искрено изненадува. Со оглед на тоа колку овие нашиве се никакви и апсолутно не се знае каков резултат може да извадат во било кој натпревар, Интер има можност да се протне на мала врата. Иако играта на Јуве може да се каже дека е поправена во однос на мртвилото покажано во првите 6-7 кола, сепак потребна ќе биде огормна трансформација за да оваа сезона се фати приклучок за првите три места.
 
Немојте така другари, неможе од 11 утакмици 10 да имаме среќа. Овој Интер е многу поразличен од лани, засилени сме во одбрана, засилени во среден ред, засилени во напад.
Тимот е сосем различен, Миранда, Мурило, Кондогбија, Јоветиќ, Перишиќ, Мело, скоро секоја утакмица тие се првотимци, тоа се 6 нови играчи од лани.
Ако очекувате од Интер некоја добра игра за око смените канал, цела сезона ќе биде вака, цврста средина без никакви креативност.
Вчера Манчини имаше одлична тактика со Нагатомо и Дамброзио.

Sent from my Xperia SP using Tapatalk
 
Интер издржа и притисна повеќе од моите, а верувам и очекувањата на повеќето. Не верувам еден тим 30% од сезоната да истуркал ваква позиција на табелата со ваква игра и резултати. Сите чекаме да падне, али упорноста која ја покажуваат искрено изненадува. Со оглед на тоа колку овие нашиве се никакви и апсолутно не се знае каков резултат може да извадат во било кој натпревар, Интер има можност да се протне на мала врата. Иако играта на Јуве може да се каже дека е поправена во однос на мртвилото покажано во првите 6-7 кола, сепак потребна ќе биде огормна трансформација за да оваа сезона се фати приклучок за првите три места.
Мондо не се согласувам. Јас би рекол Интер резултативе ги вади со лоша игра а не на сила. Затоа и "издржаа" толку. Тимот им има квалитет за многу повеќе, и чудно ми е што досега играат како што играат. Јас еве мислам виновник за тоа е Манчини, кој што треба и мора да извади повеќе од овој ростер на Интер.
 
Интер ако играше лошо немаше да биде 1-2 место веќе 10 кола.
Интер игра на сила, цврст фудбал со многу борба, игра на резултат и точно знае што сака од натпреварот, да не се прими гол.
Тоа е, 2-3 шанси 1 гол и чао. 3 бода се 3 бода.

Ова мислам дека е точно испланирано од Манчини, сака полека полека да ја среди екипата пошто сепак 10 нови играчи се донесоа, сака прво на штоперите да им даде сигурност за да после постепено го надградува нападот, куќата од темели се гради. Кога имаш цврста и сигурна одбрана многу е полесно и нападот да функционира. Плански работи Манчини, ќе видиме на крај како ќе се заврши сево ова, нема Интер да игра вака цела сезона тоа е сигурно.
Изминативе сезони нели нон стоп се почнуваа нови проекти кур се тресе и уште од почеток на сезоната ќе не издуваат Сасуоловци, Ранокија и компанија ќе потонат и пиши пропало на сезоната.
Роби сега за сега одлично менаџира со екипата. Нема сигурни првотимци, нема ѕвезди, одлична ротација.

Ако некој игра лошо тогаш тоа е дефинитивно Јувентус. Мислам дека со ова и јувенташите ќе се сложат.
 
Минатата сезона Ранокија стандарден во прв тим , а годинава Миранда и Мурило . Тоа е извонреден скок во квалитет . Интер има 7 клиншит натпревари .
 
Мене Муриљо премногу ме изненадува, од еден тотален анонимус донесен од Гранада која испадна со 5 бодови, дечкото гази на терен, гине на секоја топка. Пиша еден у фан клуб Интер, не знам од кај оваа мотивација, сериозно. Знае да напраи некое грешно додавање или да испадне но ништо сериозно, ништо што не може да се поправи со искуство, затоа тука е Миранда, мртов ладен. Одличен тандем.

Пак ќе се навратам на Муриљо, никој немаше поима што играч сме земале, скоро сите бевме убедени дека ќе биде резерва ама после партиите на Копа Америка повеќето бевме сигурно дека ќе биде првотимев. Баш @Atso и @blanco имаа доста позитивни критики за него кога се распрашувавме кој кур е циганов. :D
 
Реално Јуве игра боље од Интер, само што Интер го послужи среќа многу... Не ме јеби 11 кола 11 бода и 7 победи..
 
Реално Јуве игра боље од Интер, само што Интер го послужи среќа многу... Не ме јеби 11 кола 11 бода и 7 победи..

Среќата ги прати храбрите.
Интер, досега има играно со Јувентус, Милан, Рома, и Фиорентина, сите овие екипи кои ќе се борат за првите 3 места во табелата, и пак да си на врвот на табелата, не е за потценување, и неможеме да кажеме дека има само среќа, туку и квалитет, кажа и некој погоре, лани во одбрана го имавме несигурниот Ранокија и Хесус, сега ги имаме Мурило и Миранда, каде каде сме подобрени во тој дел од теренот, исто подобри сме и во нападот со Јојо и Лјаиќ, во средината на теренот можеби немаме креативност со продажбата на Коваќич и Хернанес али пак имаме цврстина со Медел, Мело, Гуарин и Брозо, кои ги извршуват дефанзивните задачи многу повеќе од тие двајцата...

пс. На голот го имаме најдобриот голман во Италија. :ojeaa:

п.п.с. Интер и фановите ова година се задоволуваат и со Топ3, не сме како вас романистите кои после неколку победи со по 3 гола, да се прогласиме за шампињони. :)
 
Не се прогласил никој али реално е дека моментално Рома и Наполи, па дури можеби и Фиорентина се триото кое е во трка за титула
 
Чекајте уште 3-4 минути ако заврши нерешено Наполи може нема да бидат во трка за титула хехехе

Ај чао, Виола и Наполи за титула ќе се бореле. :)
 
Наполи ахам , дома може да торпедира секого , ама на гости против слаби екипи МИЗЕРИЈА!!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom