@
nikola2004mkd
Нема во СЕТ, јас ги земав последните два мерачи - три сакав иначе...
Eve katalog na GREE za 2013 godina ( se izdava na pocetok na godinata, znaci star e celi 3 god.), me mrzi da baram sega postari. Tuka ubavo se gleda gradacijata HANSOL... U-GRACE....ADMIRAL.... VIOLA....LOMO... COZY ....CHANGE...
Jaс па мислев дека градацијата е Хансол - (пар модели што не ги знам) - Виола - Чејнџ/Ломо - Кози. Признавам тоа повеќе од муабети и цени, отколку од некаква докуменација. Но ако Кози е повисок модел, не само што нема логика Ломо да биде поскап - туку уште повеќе нема логика Кози да биде поевтин... Ако не заебуваат со Ломо, тогаш сами се заебуваат со Кози.
Те молам дај линк од твојот каталог, да го ѕирнам.
На
http://www.greeac.com некои модели не ги ниту спомнуваат:
Uste nesto. Ako go pogledate katalogot ce vidite deka LOMO 12-ka ima nadvoresna edinica so tezina od celi 40kgr., a ovaa sega sto se prodava e teska 36 kgr, bas kolku sto e 9-kata vo ovoj katalog. Zdruzeno so 9-ka kompresor, mi se vrti scenario deka se prodava vo stvari dobra 9-ka( od 2012-2013 god) kako NOV MODEL 12-ka..........
Ne znam duri sto se razlikuva CHANGE kako posledno rangirano od LOMO!
Epten mnogu kontradiktornosti za moj vkus.......
Еве фотографии од спецификациите, од моите две Гри клими. Примети ја разликата во моќност меѓу Чејнџ и Ломо., под „Heating Capacity" декларацијата.
Ломо:
Change:
Epten mnogu kontradiktornosti za moj vkus.......
Дап, се согласувам. Премногу контрадикторности. Посебно таквите моменти со тој документот за Кози, каде декларираат дека на -8 дава цели 3киловати топлина.
Мислам дека повеќето произведувачи не се чесни во декларациите. Дури и еуровент извештајот (мислам дека) не специфицира на каква влажност во воздухот се вршени мерењата.
Заради тоа некако најмеродавен ми е кориснички консенсуз, по можност од повеќе форуми.
Во врска со тоа дека дека на форумов се рекламира Gree, имам и јас приметно некои лагани необјективности, па и суптилни рекламирања... Ама останува фактот дека (повеќето од нас) не сме глупи да не правиме разлика и да не можеме правилно да ги процениме информациите.
Сето тоа кажано, мое лично мислење е дека на нашиов пазар, во моментов Gree немаат озбилна конкуренција во тој ценовен сегмент. Единствен проблем си се увезувачите сами на себе, пошто почнаа да ги дигаат цените кога видоа дека има побарувачка. Тоа е алчност, и нека не мислат дека корисниците не го гледаат тоа.
Јас земав две Gree клими затоа што одговараа на моите потреби, и имаа конкурентна цена. Ама малку фалеше да земам од тој слабиот Даикин. Но ако имаше Фуџитсу по нормални цени (да Хидросет, во тебе гледаме), со сегашниве покачени цени на Gree, епа без размислување ќе земев Фуџитсу. За Тошибата да немав оставено капар, ќе земев Митсу како тој што го има Стрелец.
Ама тоа е тоа, сигурен сум дека следнава година други фаворити ќе излезат. А поентата на форумов е да разменуваме искуства, па да се купува паметно... Можеби дури и малку да се влијае на продавачите, од позитивна смисла.
Моите искуства ќе ги пренесувам овде, и за потрошувачка, и за самата работа на уредите. За монтажите веќе кажав: многу сум задоволен од мајстор Зоки и на сите го препорачувам за монтажа (и посредување при набавка Gree клими), од Енергија сум незадоволен затоа што ми испратија друг сервис да ми ја монтира климата, не се договаравме така и една од причините што тогаш одбрав Тошиба беше фактот дека ќе ми ја монтира реномирана фирма за фриготехника. Да знаев дека ќе ми испратат контрактор сервис, дефинитивно немаше да се одлучам за Тошиба (или ќе одев кај конкурентот Аиркон).
Друг момент при таа монтажа - погрешно ги поврзаа струјните кабли. Среќа заштитите спречија дефект на климата. Но видовте на фотографиите дека потоа ни каблите не беа ставени на клемите. Со еден збор - незадоволен сум од целата работа.
Ете тоа е тоа, бидете искрени, пишувајте искуства. Сите ќе бидеме попаметни така.