Касиља би можел да брани во сабота против Лас Палмас
Во интервју кое што го даваше вечерва за радиото RNE Рафа Бенитез откри дека вториот голман на Реал Мадрид би можел да дебитира во официјалните натпревари во сабота против Лас Палмас. Во овие моменти, Кико е во голема сенка на Кејлор, кој има импресивни настапи на стартот на новата сезона. Во претсезоната Кико бранеше одлично на оние натпревари на кои доби шанса. Но, сега трпеливо го чека својот момент, кој ќе го има во Копа, а можеби и порано.
"Имам огромна доверба во Кико и во Рубен и кога ќе треба да играат, ќе играат. Кико ќе брани со сигурност во Копа, но можеби и на други натпревари. Ако треба да брани против Лас Палмас, ПСЖ или Севиља, не се случило ништо. Сигурен сум дека ќе брани одлично. Точно е дека Кејлор е во врвна форма. Но, има мало преоптоварување на мускулот и мора да го чуваме за да не се случи ништо посериозно. Можно е Касиља да игра против Лас Палмас."
Единствени играчи кои немаа минутажа во новата сезона се токму голманите Кико Касиља и Рубен Јањез. Од друга страна пак, Кејлор Навас и Кристијано Роналдо се единствени со сите одиграни минути до сега. Можеби токму во сабота ќе одмора Кејлор, а ќе дебитира Кико после враќањето назад на Бернабеу.