Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Спорт пишале дека Меси го пропушта класикото.
Уште Суарез и Нејмар да добијат некоја суспензија и да се надеваме на реми :D
 
Паметни се, да не го повикаат за репрезентација е тоа..

А не ко нашите, Хамес се повреди на репрезентации, 2 месеци нема играно,и сега нивникот копук тренер -МОРАЛО Хамес да игра за Колумбија...и ајде опет повреда.

Исто и со копитото од Велс, обезбеден пласман, ама дека,тој играл со срце за репрезентацијата и ќе играл против Андора...играј сега тетрис копито едно,уште е повреден од тоа..

Модриќ исто повредата од Хрватска ја започна,ама добро е сега,не е повикан .
 
Мислам дека нема да им претставува толку проблем неиграњето на Меси, Суарез и Нејмар се во страшна форма а Меси колку што памтам немаше некоја забележителна улога на последните 4-5 класика. Мада Меси ко Меси, и на штаки да е секогаш е подобро да не игра против нас. :D
 
REAL MADRID SQUAD:
Goalkeepers: Keylor Navas, Casilla and Rubén Yáñez.
Defenders: Varane, Pepe, Ramos, Nacho, Marcelo and Danilo.
Midfielders: Kroos, James, Casemiro, Kovacic, Modric, Cheryshev and Isco.
Forwards: Cristiano Ronaldo, Lucas Vázquez and Jesé.
 
65012.jpg

Но Меси но проблем :pos:
 
Без пораз сезонава че се заврши. Крцкај си свиткај си.
 
DB: Реал Мадрид ќе продава играчи за да го купи Хазард

Реал Мадрид е подготвен да го купи Еден Хазард следната сезона. Според Don Dalon, белгискиот играч е првиот фаворит на Флорентино Перез како „мега трансфер“ за следната натпреварувачка кампања. Хазард не е среќен во Лондон и не би имал ништо против да се пресели во Мадрид следната година.

Ситуацијата на Еден во Челзи не е едноставна; според неколку англиски медиуми, неговиот однос со Жозе Мурињо не е добар. Поранешниот играч на Лил не ужива во играта на неговиот тим, се чувствува ограничен во систем исполнет со дефанзивни задачи, и би бил подготвен да го напушти Лондон следното лето. Без сомнеж, Реал Мадрид би била дестинацијата поради која Хазард би можел да ја напушти Премиер лигата.

Don Balon информира дека Реал веќе одлучил да го купи Белгиецот, иако Флорентино Перез во летото ќе изврши проценка дали трансферот ќе биде рентабилен на економски и спортски план. Белгискиот интернационалец е одличен фудбалер, но неговата позиција во Мадрид е одлично покриена со играчи како Хамес, Иско или идната шпанска ѕвезда Марко Асенсио.

Трансферот на Хазард би чинел околу 80 милиони. Флорентино си зеде мал „одмор“ во 2015 што се однесува до галактичките засилувања, но се чини дека во 2016 повторно ќе се врати на сцена. Од Мадрид постои сериозна желба да се донесе Хазард.

https://www.facebook.com/FanKlubnaCFRealMadrid/?fref=nf#

Дали тоа примадоната ќе пакува куфери?
:zloo:
Шала на страна, мислам дека Иско ќе биде тој што ќе биде незаслужено продаден ако се земе Азар, иако најмногу заслужуваат примадоната чија игра е криминална последниве две години или Бејл за кој ќе биде штета со оглед на тоа дека не се снајде поради икс фактори и ќе остане ко неискористен потенцијал. Иако ми дава надеж изјавата на примадоната дека он би играл уште 4 - 5 години фудбал а после би живеел ко крал, што доволно говори дека него одамна веќе не му е до фудбал. А Флоро да испушти уновчување на cash cow ко Роналдо, кој е пред крај на кариера, тешко малку, па стискаме палци дека ПСЖ и Јунајтед уште дркаат на него.
 
@zmej gorjanin Брат до летото уште милион играчи ќе се поврзаат со Реал, не верувам дека Челзи ќе се откаже од Азар толку лесно сеа кога Мур е на излезна врата, се ќе зависи од тоа каква сезона ќе има он и играчите на Реал...еве до сеа Бејл е прв што треба да се пакува.
 
^ Не знам што пишал змејот пошо ми е на игнор али стопосто не му била целта да пише за некаков трансфер на Азар туку да ги истури своите лични фрустрации кон „примадоната“.
 
Телево Варан 5 години во Шпанија уште еден збор нема научено, си цепа само френч :D
Не дека не знае, си го сака и почитува мајчинскиот јазик.

Sent from my HTC One_M8 using Tapatalk
 
^ Не знам што пишал змејот пошо ми е на игнор али стопосто не му била целта да пише за некаков трансфер на Азар туку да ги истури своите лични фрустрации кон „примадоната“.
Логично. Распали по "примадоната" ко да нема утре :D
Иначе што се мене тиче, замена Бејл за Азар потпишуем со рука/нога/нос, како сакаа.
 
Логично. Распали по "примадоната" ко да нема утре :D
Иначе што се мене тиче, замена Бејл за Азар потпишуем со рука/нога/нос, како сакаа.
па искрено на Роналдо уште чекаме денот да му се погоди :)

Sent from my HTC One_M8 using Tapatalk
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom