Абе види, Каролина отприлика ја знам од мала ко потпевнуваше (јас сум уште помал од неа но сум ги гледал тие песнички по телевизија детски нејзини). Сакал или не кариерава и ја пратам по медиумиве, по интернетиве и така натака.
Имаше една изјава која прилично сум сигурен дека е така и ја запомнив кога почина Тоше, мајчинава изјави- Тоше беше несомнено најдобриот МАШКИ вокал во земјава. Начинот на кој истото го кажа таа како да беше повеќе од аспект да потенцира дека се знае кој е најдобриот вокал во земјата (таа) па мораше да го ограничи на половата припадност.
Башка тоа ми е тро лигава по интервјуа, неприродна и вештачка. Таа како вокал си е апсолутно добра и никој тоа не може да и го одземе. Нејзината музика лично јас не ја слушам оти ми е досадна и глупа, т.е не се пронајдувам и не најдувам задоволство во истата. А тоа со фановите капак
(јесте да ние сме со Редиохед досадни, ама тие се очобол).
И можи не ме нервира најмногу, но ме нервира прилично многу