Луѓе, навистина информирајте се ако сакате сериозно да пишувате, дискутирате... Навистина, без да сакам да ве навредам, ама дискусиите ви се како пред „маалска продавница“.
Кога работниците протестираат, тоа се вика штрајк. Штрајкот е посебна „институција“ дефинирана со закон, преку синдикат(и).. итн... Немојте да ги мешате работите, а и не е лошо да не дискутирате ако не сте информирани за законските права.
Пак велам, секој има право да протестира, ама тоа не се оправдани изостаноци за учениците. Може да протестира после завршување на часовите, на пример. Плус, дискутабилна е и нивната неполнолетност, колку имаат право за самостојно настапување пред законите.