Шефот на Европската комисија Жан-Клод Јункер се заложи за намалување на затегнатоста во односите со Москва, соопшти
„Дојче Веле“ повикувајќи се на „Ројтерс“.
„Треба да се стремиме кон воспоставување корисни односи со Русија. Тоа не е многу привлечно, но потребно е да се направи. Понатаму така не може“, изјави Јункер во Пасау. Не може да се воспостави целосна согласност, меѓутоа потребно е да се разработи некаква разумна основа за понатамошна дискусија, смета Јункер.
Тој исто така ја критикуваше позицијата на претседателот на САД Барак Обама, кој ја нарече Русија „регионална сила“. „На Русија треба да се гледа на соодветен начин“, изјави политичарот.
Според неговото мислење, Белата куќа не може да ѝ „диктира“ на ЕУ како да се однесува спрема Русија.
Русите се „горд народ“, кој игра „определена улога“, смета Јункер.
„Не треба да ги отпишуваме, затоа што тие брзо можат да се потсетат за тоа кои се“, додаде Јункер.
Истовремено самата Русија треба да се менува „во големи размери“. „Однесување, како што таа (Русија) се однесуваше на Крим и во Источна Украина, не треба“, смета Јункер[DOUBLEPOST=1444407411][/DOUBLEPOST]САД фактички се откажаа од политиката на изолација спрема Русија. Вакво мислење искажа шефот на комитетот на Државната дума за меѓународни работи Алексеј Пушков на состанокот на работната група за правна анализа на законодавните процедури и правните акти што се применуваат во Украина,
соопштува ТАСС.
„Моментот кој е против Украина е кризата на политиката на изолација. Де факто, САД се откажаа од политиката на изолација“, потенцираше Пушков.
Според него, тоа го потврдува и
средбата на претседателите на РФ и САД Владимир Путин и Барак Обама во Њујорк, и
обновата на активниот дијалог меѓу шефовите на дипломатиите Сергеј Лавров и Џон Кери, и
контактите меѓу министерствата за одбрана на Русија и САД. „Де факто ова значи дека политиката на изолација остана вербална формула до која САД се принудени да се придржуваат за да изгледаат конзистентни, но која не може да се реализира во пракса“, додаде Пушков.
Според него, ваквата политика на американското раководство „веќе има влијание врз Европејците“. Пушков потсети на
изјавата на шефот на Европската комисија за неопходноста од воспоставување дијалог со Русија.
„Мислам дека тоа е одраз на сериозниот напредок во расположението на европската политичка елита“, заклучи шефот на комитетот.