Масакрот кај Смиљковско езеро | Осудените пуштени да се бранат од слобода

Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Измислен криминал?

Ако некој рече: - Да даде Господ ист таков измислен криминал да трпиш у твојот приватен живот - ти веројатно би се сложил со тоа, пошто нели, измислен, у ствари е непостоечки.
Се што не може да се докаже на суд е измислица! Ако се докаже и има судска разврска во која ќе има виновници, тогаш ок, има криминал. Ако не се докаже тогаш се е празен муабет. А ти каков криминал претрпе?
 

InStealth

Лабаво лавабо
Член од
10 февруари 2015
Мислења
221
Поени од реакции
560
Серат врз децата со ова бе. Не се свесни. Имотни спорови. Егзекуција на невини деца била извршена од УБК заради имотни спорови. Не знам, тоа е толку...само пцовки ми доаѓаат на памет. :/
Настан што менува генерации, што остава траги не само врз нас туку и врз поколенија, нешто за што ќе им прераскажуваме на деца како нас што ни прераскажувале за колежите на Џемо Хаса и неговите банди малокурести балисти. Како Вејце и Карпалак. Настан што гради или крши 'рбет на генерации го сведуваат на глупави теории на заговор. И тоа не само лесноглаголивиов примерок што си го цитирал. Многу луѓе. Кога ги слушам, им ги изедначувам тие релативизации на деца педантно распоредени и егзекутирани со куршум во тил со муабет дека загинатите од масакрот во Вејце се самозапалиле, во знак на протест за неправдите што државава им ги прави на албанците...

"Не постои ништо што може да ми ги избрише сликите од Вејце и од Радуша. Длабоко во мене се уште ми е мачнината од Вејце, кога си ги видов измасакрирани другарите и кога прстите ми пропаѓаа во нивните јагленосани тела, додека ги качувавме во возилата. Кога Вејце понекогаш ќе ме остави на раат да отспијам малку, тука е Радуша да ме стресе и да ме потсети на 40-часовните рафали врз нас".

http://ohridsky.com/?p=104570

Ова веројатно ќе го докаже Катица ако собере мад*ња...
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006

InStealth

Лабаво лавабо
Член од
10 февруари 2015
Мислења
221
Поени од реакции
560
Што ли нема да конструират за пуста желба по секојаа цена да се дојде на власт.[
Ете им ја Катица со 40 обивинители па нека се докажуваат, ние ќе си свиркаме и ќе се праиме луди дека не е све креирано од наши луѓе..
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.244
Поени од реакции
21.115
http://ohridsky.com/?p=104570

Ова веројатно ќе го докаже Катица ако собере мад*ња...
Убиството на децата го нарачале двајца политичари од самиот врв на ВМРО, бидејќи нивните ќерки биле во блиски односи со починатите деца. :confused:

Креативност левел Сунѓер Боб. :pos:
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.227
Поени од реакции
26.014
Убиството на децата го нарачале двајца политичари од самиот врв на ВМРО, бидејќи нивните ќерки биле во блиски односи со починатите деца. :confused:

Креативност левел Сунѓер Боб. :pos:
Прашање е дали во врвот на ВМРО-ДПМНЕ има двајца политичари на кои им следуваат телохранители со возрасни ќерки. Мака е да се мотаат сите, ама многу тенко да се најдат двајца. Мене само на Трајко ми текнува.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.738
Поени од реакции
12.175
Тоа од охридскај е веројатно фантазија ама со случајот многу нешто остана некажано во јавноста или нејасно. На пример за опелот, разговорите, пораките и броевите, муницијата од оружјето 2009 и онаа најдена кај езерото, лоцирање на обвинетите преку базните станици, "вооружен маж" остава живи сведоци, барање за вклучување на ФБИ како и најавите за униформирани или непознати лица во то реон кратко време пред да се случи настанот...

10.04.2013
Сведочат браќата на обвинетиот Фејзи Незири, кои се и чичковци на обвинетиот Хаки Азири и вујковци на Алил Демири, а во сведоштвата го потврдуваат алибито на обвинетиот. Детално раскажуваат што правел Незири целиот ден. На прашање на судијата што правеле деновите претходно, сведоците не можат да се сетат. Одбраната најавува дека ќе бара од мобилните оператори преку базните страници да ја утврдат точната локација на обвинетите за време на убиството.

11.06.2013
Сведокот Диме Васков сведочи на предлог на одбранта. Васков, Осуденик за измама кој одлежува казна во Идризово сведочеше дека во 2009-та, кога бил уапсен, полицијата го однела во полициската станица токму со возилото „Опел омега“ со кое, според обвинението, убијците избегале од Смилковското зеро по петкратното убиство.

17.01.2014
Сведоците на обвинителството од ноќта на настанот кои велеа дека биле пресретнати од вооружен маж и дека ги слушнале истрелите од убиството на момчињата, овојпат сведочат дека не го виделе обвинетиот Сами Љута на местото на настанот.

17.01.2013
Двајца од нив тврдат дека ги виделе момчињата кога дошле на езерото, а сите го раскажаа истото – кога сакале да си заминат вооружен маж во придружба со уште неколку лица пресекувајќи им го патот им се заканил дека ќе ги убие ако не се вратат назад. Откако исплашени се вратиле на местото каде претходно рибареле слушнале рафално пукање.

30.04.2013
Сведочат претходниот и актуелниот сопственик на мерцедесот чии таблички се најдени на возилото Опел Омега. Вториот сопственик не може да се сети кога му се украдени табличките од возилото. Сопственикот на Опел Омега останува непознат. Роднините на обвинетите пред Судот реагираат дека овој процес е политички пазар.

30.05.2014
Се осврна на пронајдената ДНК на еден од обвинетите во возилото Опел Омега, на сателитските снимки и картографијата од Смиљковското езеро и обиколницата пронајдени во компјутерите на двајца од обвинитите, форензичкиот наод дека една од чаурите најдена кај телата на убиените која соодвествува со автоматското оружје на Фејзи Незири од претходниот инцидент од 2009 документиран од полицијата, на огласот за продажба на возилото најден во компјутер на еден од осомничените, како и на трагите од земја од реонот на убиството на калниците на возилото.
 
Последно уредено:
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.166
Поени од реакции
15.175
-муницијата не е истата, туку се исти траговите што ги остава затварачот на чаурата. секое оруќје има своја `днк` по која се препознава, така што кога ја исфрла чаурата прави гребаници по страните кои се карактеристични за секое оружје посебно,
-по базни станици за податоци од минатото неможи да се открие точната локација ,туку на која базна станица е лоциран мобилниот,
Ахмети бара истрага од ФБи заради личен рејтинг меѓу `неговите`
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.738
Поени од реакции
12.175
Проблемот е што ако е сево ова констатирано, јавноста не е запозната

- За муницијата, тоа е и пишано во текстот од процесот, не муницијата туку оружјето врз база на чаури.

- За базни станици не се разбирам од тие технологии ама и според одбраната и други информации е можно да се лоцира. Од загинувањето на Младенов
1. Секој мобилен оператор, во случајов „One“, според локацијата на влезот во базните станици може да направи триангуалација на координатите на движење.

Од оваа тема
немора да се направи повик, самата базна станица на секои 10тина минути праќа сигнал до секој телефон поединечно за да провери дали ти е приклучен или исклучен... За ова тебе не ти стигнува известување т.е. се врши во позадина. (Затоа секогаш кога некој те барал додека ти е исклучен мобилниот, ти стасува порака дека си бил баран, ама со закаснување некое. Т.е. ти се праќа порака откако предавателот го проверил твојот мобилен дали приклучен или не, иако тебе ти е приклучен веќе 10 минути.)

(копирано од друг форум)
Вчера спомнав за IMSI броевите. Јасно е од самиот настан дека не се работи за еден човек туку за повеќе, затоа што на момчињата има видливи траги од насилство а не се врзани. Значи се работи за група и треба да се бараат IMSI броеви кои на една базна станица која го опфаќа тој терен престојувале ИСТО време.... Заедно дошле заедно си отишле и сигурно не оделе пешки. Значи мобилните им биле ИСТО време регистрирани на базната станица. Па од IMSI броевите ке се знае дали се странци или некој сака да помислиме дека мојата теорија е точна....
Убиството се случило во полу рурална средина каде преку пратење и елиминирање на IMSI броевите од логираните мобилни телефони на базните станици кои го опфаќаат ова подрачје (не би требало да е повеќе од две) многу полесно ке се дојде до можните убијци...


А не е чиста работата ниту со екстрадицијата, пресудата за поседување на Косово (оттогаш се поминати 2 ипол години) како и државјанството на лицата
http://mkd-news.com/ubijtsite-na-detsata-kaj-smilkovsko-ezero-nemaat-dvojno-drzhavjanstvo-zoshto-kosovo-ne-gi-dava-foto/
 
Последно уредено:
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.778
Поени од реакции
8.228
http://ohridsky.com/?p=104570

Ова веројатно ќе го докаже Катица ако собере мад*ња...
Ова е толку болна тема, па и најупорните, најморбидните, најдосадните тролови ја избегнуваат. Дури и тие имаат доволно осет да знаат да се држат понастрана. Ти изгледа не си трол и затоа само ќе ти кажам да си гледаш здравјето, живеачката и семејството. :)
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.491
Поени од реакции
5.024
Ова е толку болна тема, па и најупорните, најморбидните, најдосадните тролови ја избегнуваат. Дури и тие имаат доволно осет да знаат да се држат понастрана. Ти изгледа не си трол и затоа само ќе ти кажам да си гледаш здравјето, живеачката и семејството. :)
Зошто тогаш пишуваш во темава?
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.778
Поени од реакции
8.228
Зошто тогаш пишуваш во темава?
Е, да. По ваша логика, ја сум трол. Кога културолошка компонента на цело племе ти е секој ден да имате престрелки, убиства, крвни одмазди, киднапирања, шиткање дрога и оружје, чудно изгледа ако некој со години офка за некои таму небитни четири каурчиња. Ама би те замолил да се обидеш да разбереш дека се работи за цивилизациски разлики, што у твоја перцепција изгледаат како обид за хумор.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom