Масакрот кај Смиљковско езеро | Осудените пуштени да се бранат од слобода

InStealth

Лабаво лавабо
Член од
10 февруари 2015
Мислења
221
Поени од реакции
560
ДБК ги уби децата на Смилковско,некои нерасчистени имотни спорови се во прашање кај што се убиени.Мислам дека тоа ќе биде и меѓу последните бомби на Заев :(
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.227
Поени од реакции
26.014
ДБК ги уби децата на Смилковско,некои нерасчистени имотни спорови се во прашање кај што се убиени.Мислам дека тоа ќе биде и меѓу последните бомби на Заев :(
Тоа е многу веројатно. За нерасчистен имотен спор да убиеш деца кои никако не се поврзани со истиот. И логично е, мамата. :(
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.778
Поени од реакции
8.228
Тоа е многу веројатно. За нерасчистен имотен спор да убиеш деца кои никако не се поврзани со истиот. И логично е, мамата. :(
Серат врз децата со ова бе. Не се свесни. Имотни спорови. Егзекуција на невини деца била извршена од УБК заради имотни спорови. Не знам, тоа е толку...само пцовки ми доаѓаат на памет. :/
Настан што менува генерации, што остава траги не само врз нас туку и врз поколенија, нешто за што ќе им прераскажуваме на деца како нас што ни прераскажувале за колежите на Џемо Хаса и неговите банди малокурести балисти. Како Вејце и Карпалак. Настан што гради или крши 'рбет на генерации го сведуваат на глупави теории на заговор. И тоа не само лесноглаголивиов примерок што си го цитирал. Многу луѓе. Кога ги слушам, им ги изедначувам тие релативизации на деца педантно распоредени и егзекутирани со куршум во тил со муабет дека загинатите од масакрот во Вејце се самозапалиле, во знак на протест за неправдите што државава им ги прави на албанците...

"Не постои ништо што може да ми ги избрише сликите од Вејце и од Радуша. Длабоко во мене се уште ми е мачнината од Вејце, кога си ги видов измасакрирани другарите и кога прстите ми пропаѓаа во нивните јагленосани тела, додека ги качувавме во возилата. Кога Вејце понекогаш ќе ме остави на раат да отспијам малку, тука е Радуша да ме стресе и да ме потсети на 40-часовните рафали врз нас".
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.738
Поени од реакции
12.175
Според едно интервју на тв Сонце на човек кој го претставија како професор по безбедност, наводно имало индиции за можен масовен инцидент пред христијански храм, но планот бил изменет па се случило тоа што се случило. Точна или неточна изјавата на професорот, не знам. Лично не гледам никаква логика за случајот ниту наводни причини за убиствата. Тезите за заплашување на рисјаните во некои ниви и долови или онаа за црн петок не држат. На нивните родители не им е битно дали било петок или вторник, па ниту на другите.
Овој масакр потсеќа на еден друг во Пеќ (Косова) каде во кафеана пред 15 години се убиени шест младинци. Убијците се фатени, но и по 15 години ... Во овие текстови има чудни изјави на тогашнот потпретседател Вучиќ и на тогашниот шеф на српската полиција.
Бтв, историјата за тој дел од Скопје каде се случи масакрот не е розова. Недалеку од железарска капија пред 15тина години беше ранет еден инспектор во обид да му срушат дивоградба на еден Џавид Асани, борец во учк. Според тогашниот владин портпарол Милошоски, акциите за рушење се одвивале низ цела Македонија.
Недалеку оттаму, во тој крај се случи и ликвидацијата на "имигрантите" пакистанци. Тој дел беше патека за разни брадести ликови за време војната.
 
Последно уредено:

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Имајте трпение ќе чуеме што навистина се случи со децата. Не смеат тоа да го изостават во никој случај. Собраа сила за до овде можат до крај, макар и по цена на животот цела Македонија е во очекување на вистината и тоа на Велигден нека објават.
 
Член од
15 август 2009
Мислења
2.023
Поени од реакции
4.874
Јас мислам дека она што ќе го објават за Монструм нема да се разликува од официјалната верзија. Дека можеби ќе објават разговори кои ќе потврдат дека оние што се уапсени се вистинските сторители за да еднаш за секогаш се затворат шпекулациите. Не ни сакам да знам што ќе се случи ако не сум во право.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Јас мислам дека она што ќе го објават за Монструм нема да се разликува од официјалната верзија. Дека можеби ќе објават разговори кои ќе потврдат дека оние што се уапсени се вистинските сторители за да еднаш за секогаш се затворат шпекулациите. Не ни сакам да знам што ќе се случи ако не сум во право.
Истото и јас го мислам.
 
Нема ни да ја потврди ни да ја отфрли официјалната верзија. Јас сум подготвен да се кладам дека ќе слушаме само разговори помеѓу функционери на ДУИ, во кои за убиството ќе бидат виновни српско-марсовско-тунгузиски служби под контрола на Мијалков, а Јанкулоска е судски егзекутор на истите.

Па после тоа кому што дојде. Чаир повторно на улица, дел од Македонците повторно нервозни, дел удрени со токмак по глава ќе бараат мотиви во имотни спорови и ќе прават паралели на масакри кои биле повод за воена интервенција со масакри по кои не се случи ништо сем што умреа деца. А ДУИ ќе мора да излезе надвор од влада. Бар така се надева најглупиот човек во вселената моментално.
 
Член од
20 јануари 2008
Мислења
461
Поени од реакции
461
Јас пак се плашам да не им текне да објават снимки за тоа со какви притисоци и намештаљки се водел судскиот процес против сега обвинетите и поради тоа правно да ги амнестираат од одговорност можните убијци.
Затоа што реално и не мислам дека судскиот процес можел да се води поинаку освен со нарачки и притисоци, особено за процес со ваков политички калибар.
 
Дека не е посебно бистар се согласувам (за најглуп не знам баш) ама не верувам дека е до толку глуп да направи такво нешто што би ја донело државата на раб на граѓанска војна. Затоа мислам дека или ќе се потврди официјалната верзија или никогаш нема да се дознае вистината (ако е рзлична од она што го знаеме веќе).
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.308
Поени од реакции
17.137

Ова би било голем шамар за Македонците, несомнено.

Како и да е, иако одлуката беше дека нема да се објавуваат снимки кои евентуално би ги нарушиле меѓуетничките односи, вакви материјали поврзани со Смилковско, се токму потребната искра за сериозно нарушување на безбедноста на земјава.
 
Ќе видиме. Монструм го споменува само со комуникација со албански новинари, со македонски и да го прашаат го игнорира. Што значи објавата ќе биде целосно насочена кон ДУИ. Се надевам дека грешам, ама не верувам.
 
Член од
20 јануари 2008
Мислења
461
Поени од реакции
461
Ова би било голем шамар за Македонците, несомнено.

Како и да е, иако одлуката беше дека нема да се објавуваат снимки кои евентуално би ги нарушиле меѓуетничките односи, вакви материјали поврзани со Смилковско, се токму потребната искра за сериозно нарушување на безбедноста на земјава.
Да, дефинитивно, ако нема силни индиции или докази дека сега обвинетите не се убијците, а се објават таков вид на снимки, тоа ќе биде погрешен чекор.
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Ако кај некои поминува тоа „монтирани снимки“ кога слушаат дека некој се заканува со ендеци за деца и жена, истото ќе помине и за ова.
Разликата ќе биде во тоа што тогаш ќе има легитимна причина за сменување на овие, па дури и по насилен пат.
90% сум сигурен во ова горе што го кажав зошто смешно е кога Заев пресовите ги држи во стил „Груевски не е месијата пратен од небото да ве штити вас од гревовите и неправдите, јас сум вистинскиот месија пратен од Господ на ова парче библиска земја“. Да беше он стварно тој што сакаше народот се да дознае ќе го објавеше и тоа што го има за Младенов, а ќе ги објавел и тие снимки во кои имало приватни разговори, а кои сепак биле доказ за криминал. Реални да бидеме он селектира и објавува тоа него што му одговара.

Да не се разбереме погрешно, добро е и ова што до сега го објавува, ама нека не иде и понатаму со муабетите „се што имаме ќе објавиме, за доброто на народот“ зошто одма после на новинарско прашање го фрла во вода тоа што го кажал.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.091
Поени од реакции
17.959
А што мислите дека има за Младенов? Дека некој на телефон збори како го убил? Целата работа со него е тоа што бил прислушкуван,и ако објави разговор од него само ќе си наштети бидејки никој не е 100% чесен(па така ни Младенов). Од друга страна и власта ги има снимките ама доколку ги објави ќе признае дека они прислушкувале а не странски служби. Така да очекувајте анонимни клипови на јутуб.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom