Тоа од охридскај е веројатно фантазија ама со случајот многу нешто остана некажано во јавноста или
нејасно. На пример за опелот, разговорите, пораките и броевите, муницијата од оружјето 2009 и онаа најдена кај езерото, лоцирање на обвинетите преку базните станици, "вооружен маж" остава живи сведоци, барање за вклучување на ФБИ како и најавите за униформирани или непознати лица во то реон кратко време пред да се случи настанот...
10.04.2013
Сведочат браќата на обвинетиот Фејзи Незири, кои се и чичковци на обвинетиот Хаки Азири и вујковци на Алил Демири, а во сведоштвата го потврдуваат алибито на обвинетиот. Детално раскажуваат што правел Незири целиот ден. На прашање на судијата што правеле деновите претходно, сведоците не можат да се сетат. Одбраната најавува дека ќе бара од
мобилните оператори преку базните страници да ја утврдат точната локација на обвинетите за време на убиството.
11.06.2013
Сведокот Диме Васков сведочи на предлог на одбранта. Васков, Осуденик за измама кој одлежува казна во Идризово сведочеше дека во 2009-та, кога бил уапсен, полицијата го однела во полициската станица токму со возилото „Опел омега“ со кое, според обвинението, убијците избегале од Смилковското зеро по петкратното убиство.
17.01.2014
Сведоците на обвинителството од ноќта на настанот кои велеа дека
биле пресретнати од вооружен маж и дека ги слушнале истрелите од убиството на момчињата, овојпат сведочат дека не го виделе обвинетиот Сами Љута на местото на настанот.
17.01.2013
Двајца од нив тврдат дека ги виделе момчињата кога дошле на езерото, а сите го раскажаа истото – кога сакале да си заминат
вооружен маж во придружба со уште неколку лица пресекувајќи им го патот им се заканил дека ќе ги убие ако не се вратат назад. Откако исплашени се вратиле на местото каде претходно рибареле слушнале рафално пукање.
30.04.2013
Сведочат претходниот и актуелниот сопственик на мерцедесот чии таблички се најдени на возилото Опел Омега. Вториот сопственик не може да се сети кога му се украдени табличките од возилото.
Сопственикот на Опел Омега останува непознат. Роднините на обвинетите пред Судот реагираат дека овој процес е политички пазар.
30.05.2014
Се осврна на пронајдената ДНК на еден од обвинетите во возилото Опел Омега, на сателитските снимки и картографијата од Смиљковското езеро и обиколницата пронајдени во компјутерите на двајца од обвинитите, форензичкиот наод дека една од чаурите најдена кај телата на убиените која
соодвествува со автоматското оружје на Фејзи Незири од претходниот инцидент од 2009 документиран од полицијата, на
огласот за продажба на возилото најден во компјутер на еден од осомничените, како и на трагите од земја од реонот на убиството на калниците на возилото.