Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Си вршат работа, затоа се направени. Кај нас многу се сомневам дека постојат, а и ако постојат им бараат многу повеќе пари од вистинската вредност. Ако си ставил млеко, вози си и да си немаш гајле, проверувај си притисок од време на време и заборави на дупнување гума од ситни работи :)
 
Moмци во солун има ли некоја продавница или мол кој е сличен на декатлон.Планирам да одам по наочари бидејќи овде се што пребарав никаде нема она што барам освен кај денда.
Исто така ме интересира каде има кастели или слично добра облека во Солун
 
Има еден поголем бајк шоп помеѓу Икеа и Мега аутлет, од спротива, на самиот булевар. Исто во самиот Мега аутлет има уште еден бајк шоп.
За Кастели, ѕирни и кај нас, во Проспорт, мислам дека сега им се на попуст.
 
Да прашам. Има ли некој тука што користи тубелес гуми за велосипед? Ќе може ли некој да објасни што се предностите и мааните на тубелес гумите?
 
Да прашам. Има ли некој тука што користи тубелес гуми за велосипед? Ќе може ли некој да објасни што се предностите и мааните на тубелес гумите?
Ако добро се секавам еден период прашував за такви гуми да ставам ама искочи дека требаат и нови (посебни) обрачи кои во тоа време беа околу 8000 денари за еден + посебни гуми кои исто не беа баш ефтини ама зборам за 2011 година така што во моментов може мн да се сменило ама сепак не мислам дека е поефтино од обична гума со заштита + полнета со млеко.
 
Јас гледав видеа на Јутјуб како да се конвертира обична гума во тубелес, не изгледаше нешто како нуклеарна физика, едноставно што може речиси секој да го направи што има пристап до компресор . А не кошта многу, да не кажам ич. Во видеото не спомнаа никакво менување на обрачи, само бандашите малку ги штелуваат им лепат изолир трака. Мене ме интересираше конкретно, што добивам а што губам ако така ги конвертирам ,,класичните" пневматици. Од она што можев да видам досега очигледно кај тубелесот го нема оној ,,ефект на дупнат балон" како кај внатрешната кога ќе се дупне.Ама ме интересираше некој од прва рака што користел да сподели искуство.
 
Од тоа што јас го знам за tubeless, придобивките се возење на многу понизок притисок, рецимо и до 1.5 бар за полесни возачи, наспроти од 2.0 па нагоре со внатрешни гуми.
Придобивката од понизок притисок е подобра тракција на нестабилен (ненатапкан) терен, помало отскокнување при прерипнување на корења и поголеми камења, и можеби најважниот дел - избегнување на pinch flat (објаснување тука http://bicycling.about.com/od/glossarydefinitions/g/pinch_flat.htm) дупнувањата на внатрешните гуми.
Се возат наполнети со млеко (знаеш веќе зошто служи) и единствена маана кај tubeless е ако скроз се издиши гумата, веројатно имаш огромна дупка и ќе мораш пеш до дома.
 
Затоа и ги земав многу јак дизајн имаат, како обична патика. 60е патиките плус 30е царина и ддв
58 евра се, плус 7 евра shipping и плус евентуални 30 евра... Многу е, за тие пари има овде избор на патики без да ризикувам со големината. Нема такви но има достоен избор.
Друго сакав да те прашам, вака ми изгледаат со мрежа. Дали шиба воздух внатре многу, малку или воопшто? Направи спуст некој со нив?
 
Последно уредено:

Знам дека тука некаде се цените ама јас одев на варијанта дека ќе имам среќа да не платам царина и ддв ама ништо од тоа. Ама пак како што кажа нема ваков модел тука,сите што ги гледав по продавниците се класични пониски како роад бајкериве што носат а мене не ми се свиѓаат такви. Инаку кога ги порачував јас исто се плашев дека се ептен мрежести и ем ќе ми биде ладно ем полесно ќе може да се скинат ама не се баш толку мрежести и тенки како што се патиките за трчање (пр adidas climacool со кој кога трчам во поладни услови или дува ветер ногата ми мрзне.

* Инаку ги неам тестирано во вожња уште, ќе пишам деновиве подетално кога ќе ги пробам :D
 
Инаку кога ги порачував јас исто се плашев дека се ептен мрежести и ем ќе ми биде ладно ем полесно ќе може да се скинат ама не се баш толку мрежести и тенки како што се патиките за трчање (пр adidas climacool со кој кога трчам во поладни услови или дува ветер ногата ми мрзне.

* Инаку ги неам тестирано во вожња уште, ќе пишам деновиве подетално кога ќе ги пробам :D
Да да и јас ги имам адидасот и фури од сите страни, особено на точак кога е поладно смрзнувам со нив :confused: па не сакам истото да ме снајде и со спд-во...Ај пробај ги на спуст па ќе ми кажеш. Гледам дека се продаваат посебно зимски модели, така да не очекувам од овие да штитат многу од ветер.
Ако не ми дадат некој попуст од продавнициве овде најверојатно ќе земам и јас од нет некаде...[DOUBLEPOST=1445190320][/DOUBLEPOST]
Дaли и ти се слoжвaш декa судите беa кaтaстрoфa?

Мислaм Semenuk беше нaјмнoгу oштетен.

Жaл ми беше зa Bizet :/

Sent from my LG-D855 using Tapatalk
Да да, Бизет катастрофа, штета навистина. Немам инфо за Brian да не знаеш како помина со повредата? Ми изгледаше полошо неговата. Инаку судењето ни мене не ми се допадна но ај си велам па кој сум јас да судам. :D Тие најверојатно знаат подобро, и Семенук но и Андреу можеше да бидат подобро оценети. Не беше лошо возењето на Kurt ама... Штета ветерот зезна работа. Инаку како што се откажа Kurt од второто возење ќе дадеа другиве се од себе да се надминат...
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom