Добро. Ајде не е теоризирање.
1. Зошто постојат тие т.н. снимки? Заради кој?
2. Дали содржината на тие снимки е релевантна или не?
2.1 Каде е границата дали содржината дали содржината не е релевантна, помалку релевантна, или многу релевантна?
3. Практично прашање: Зошто паѓа акцентот на изворот на проблемите, а не на самите проблеми, кои на мала или голема врата се општопозната норма во нашето општество?
5. Има ли некој кој има кредибилитет да го размота клопчето?
6. Зошто некакво систематско и квазиправно размотување на клопчето се спречува со помош на секакви можни изолирани примери на вигилантизам од сите страни?
Бонус: Одкако ќе размислиш за одговорите на сите горенаведени прашање (не барам одговор од никој), добро размисли зошто баш ни се случува тоа што ни се случува. Затоа што во основа сме една доста недоквакана банда, која нема ронка чест, почит и праведност кон самите себе, а камоли кон своите браќа. Па после тоа препрочитај си го мислењето, па размисли уште еднаш дали не зборуваш некојаси измислена теорија за некаква заштита на некакваси приватност.
пс. Која црна приватност во една шака народ кој обожава да си го искажува срцето после неколку чашки во локалната биртија.