- Член од
- 14 април 2008
- Мислења
- 1.257
- Поени од реакции
- 914
Колку што е познато, прима сосема мали бројки за само добро пробрани преселници. Оние кои сакаат да продолжат со патување ги чува 3 месеци во логор и дури после тоа ги пушта ако сакаат да продолжат да патуваат.Не само што има услови, но и се разполагат. Отново грешна информациja. Спорет квотниот принцип Бугариja получава и сместува бегалци.
Што значи во секоја смисла се праќа пораката не идете кај нас. Тие кои ќе мора да ги прифатиме, ќе изгубат 3 месеци во чекање.[DOUBLEPOST=1445008760][/DOUBLEPOST]
Асирската христијанска заедница што живее во Шведска е згрозена од заканите што во вторникот наутро осамнале на улиците на градот, а се поврзуваат со Исламска држава. „Преминете во ислам или умрете“, „Калифатот е тука“, пишувало на графитите што се појавиле на улиците во Гетеборг, заедно со логото на ИСИС.
Во вторникот шведскиот Асирец Маркус Самуелсон бил шокиран откако ги видел ѕидовите на својот ресторан покриени со џихадистички графити, меѓу кои и пораките „Премини или умри“ и „Калифатот е тука“.
Истите пораки заедно со логото на ИСИС биле напишани со боја и на ѕидовите на една пекарница, како и на пицеријата до неа, иако другите ресторани чии сопственици не се Асирци биле нечепнати.
„Ме полазија морници по 'рбетот. Болката е голема, ние се чувствуваме загрозено“, рекол Самуелсон, кој е еден од трите илјади Асирци што живеат во Гетеборг.
Според локалните медиуми, полицијата го истражува случајот, но засега нема најдено ништо.
Гетеборг е гнездо на џихадистичкото регрутирање, а најмалку 150 негови жители годинава заминале да ѝ се приклучат на ИСИС.
Последно уредено: