Што мислите за новава сезона? Кои серии планирате да ги гледате?
Мене вниманието посебно ми го привлекоа следниве:
Young Black Jack - ова е нешто како prequel на оргиналниот Black Jack, што започна како манга на легендарниот Тезука. Само поради овој факт мислам дека вреди да се погледни ова аниме.
Noragami ARAGOTO - втора сезона на Noragami, што очекувам да биде уште подобра од првата сезона, со оглед на тоа што делот од мангата кој го покрива оваа сезона беше одличен.
Haikyuu!! - исто така втора сезона на уште едно одлично аниме, можеби и најдобро анимираното спортско аниме во последниве години. Според мене првата сезона беше многу успешна и успеа да ја долови атмосферата во мангата.
Sakurako-san no Ashimoto ni wa Shitai ga Umatteiru и Subete ga F ni Naru - ова се две аниме од жанрот мистерија, кој е еден од моите омилени жанрови. Не очекувам којзнае колку, посебно со оглед на тоа колку беше ужасно Ranpo Kitan претходната сезона, со сепак вреди да се погледни.
Onepunch Man - Најдоброто за последно. Уште една адаптација на манга, и судејќи според првата епизода, анимацијата ќе биде одлична, исто како што е и квалитетот на цртежите во стрипот. Затоа што мангата на која се базира ми е еден од омилените стрипови во моментов, ова за мене е најисчекуваното аниме за сезонава.