После толку години ветување, арно им текна нешто да поднапраат (мада ќе видиме колку ќе трае, го видовме стиропорот во СК2014). А што е со ова? Менза во истиот тој студентски дом.
Екстра протеини во исхрана? Ако толку се грижат надлежните за децата, младите, студентите, нека тркнат на една чорба од бубашваба во мензата на СД Гоце Делчев, да видат каква е храната таму. Од моментот кога почнаа да ветуваат нови студентски домови, репарација на постоечките, да почнеа да градат, досега ќе направија бар два скроз нови студентски дома кај што ќе може да бидат сместени бар 500-600 студенти, ако не и повеќе. Пари има, чим има за споменици и тркала, ќе има и за студентите нешто да се направи. А не да бидат третирани како граѓани од втор ред, посебно оние кои доаѓаат од другите градови, па мораат да молат за место во студентски дом, да потегнуваат врски, ако немаат врски, да се молат на милост, па после да се плашат да кажат „А“ затоа што може да останат без собата у домот.