- Член од
- 12 март 2015
- Мислења
- 1.569
- Поени од реакции
- 3.215
И двајцата сме на пракса во иста фирма, таа почна пред три недели.Уште првиот ден ни тргна муабет.Вториот разменивме фејсбук.Таму сме цело време заедно, за јадење, кафе, работа.После тоа на фејсбук пишуваме до ниедно време и од сабајле пак заедно,смеење и правење глупости.Озборување на вработените таму и смеење.Таа почна да го озборува шефот пред мене.Јас, мангуп, кажав неколку глупи досетки за неговиот изглед и манеризми, слатко се изнасмеавме.
Денес седиме заедно, веќе го смислувам и планирам следниот чекор.Доаѓа шефот и ми ги лупа досетките од пред некој ден во фаца, таа насмеана од шестка до шестка, јас патетично пробав да ја свртам ситуацијата на шала.Образите сигурно ми поцрвенеа, за ушите не сум сигурен.Еден сат после тоа, јас сеуште пробувам да сфатам како можев да испаднам таков глушец, мачката доаѓа и ми прави муабет како ништо да не било.Ја откачив и игнорирав до крајот на денот.Додека го склопувам ова мислење на фејсбук имам порака од неа.
Планирам да не и пишувам на фејсбук и од утре ке го оладам односот, пошто знам да се затрескам и на суво.
Некој совет ? Дали ми е претерана реакцијата ?
Убаво ти кажа @Black Hok , око за око - паста за заби.