H
Hideyoshi
Гостин
Се започнува од моментот кога мама и тато ти го задаваат најголемиот страв во твојата подсвест за кого вие не сте ни малку свесни за тоа. Епа дечки мене тој најголем страв ми е САМОТИЈА. Но подобро да бидам сам од самиот почеток отколку да сум имал нешто, а сега сум сам. Имам 19 години, имав девојка година и неколку месеци..Незиниот пристап кон мене беше сладок но нереален..- Како би можело да постои такво совршено човечко суштество ? Сепак не сум сам... Но,во целата таа врска кога јас знаев дека ја имам незе и нејзината невиност не се трудев толку колку што требаше: имав моменти со други личности, бев нервозен и не размислував во некои ситуации но најважно од се јас секој ден се повеќе и повеќе се заљубував во неа. Пред 5 месеци таа ме праша дали би ми било океј доколку е во исто друштво со личност спрема која чувствувала нешто но сега тоа било исчезнато. Јас реков дека е океј се додека таа е среќна но по извесно време забележав тензија.. Нејзиниот интерес не беше ист, излегуваше се почесто со нив и неколку пати ги начекав сами.. имаше големи расправии кога ни се случи најинтимното нешто што би можело да се случи на двајца : СПИЕЊЕ еден до друг, не секс, спиење. Таа се врати назад но се врати со измешани чувства кои никогаш не ги призна.. Јас не сакав да и забранам да оди со него затоа што кое е чувството на достигнување кога некој прави нешто од што мора, не од што сака.. Имавме големи расправии околу тоа нешто и дури се случи да добие шамар од моја страна. И раскинав. И кажав дека нема повеќе надеж за нас, но и дадов знак дека целиот проблем на тоа е личноста од која упорно не сака да се откачи. 2 недели после тоа ја сакам назад и го добив одговорот: - Ми даде до знаење дека нема шанса за нас повеќе, зошто сега ме сакаш назад ? * почнува да плачи * Направив глупост и се излапав со него... Верувајте луѓе колку ми се преврти желудникот во тој момент... После тоа очајно молев,ветував,разбирав дека е заблуда но таа продолжи да ме одбива.. незиниот изговор беше дека имала премногу и не знаела дали е спремна за да се препушти повторно со мене. Исто така во врска со тој другиот таа рече дека е заблуда и дека сакала да разговара со него и да му даде до знање дека ништо не би требало да се случува помеѓу нив повеќе. И така ги гледам заедно повторно и не сакаат да признаат. И така мојата најголема љубов, мојата единствена потпора помеѓу овие луѓе, мојата надеж и моето гориво ја гледам како исчезнува.. тогаш доаѓа болката, моите очајни реферати, психичко преоптеретување, суицидни мисли, безволност, хистерија, осаменост, горчина, гнев, бес , инсомниа... Лесно е да се набројат но сите наеднаш се преголем залак за мене, нешто со кое што неможам да се справам.. Пробав музика, пробав социјализирање но едноставно јас сум асоцијална личност која што има само предиспозиции за мал круг на пријатели. Ретко спијам, но кога сонувам ја сонувам неа, нејзината топлина и нејзините солзи на каење, во сонот повторно правиме лудории заедно и таа е мојата друга половина.. Верувајте се би и простил само да ми даде добро објаснување, но јас секогаш ќе ја носам оваа лузна и се плашам дека никогаш повеќе нема да сакам некого... Таа не се јавува, таа изгледна среќна иако кога разговараме тврди дека нејзините мисли и чувства се толку распрскани што и самата незнае каде се за да ги собери..Се обратив овде бидејќи покрај толкав број на познаници јас немам на кого, се обратив бидејќи премногу сум исплашен за себеси.. не сакам да се самоубијам но пречесто размислувам за тоа.. на светов сеуште има добри луѓе, на овој форум ги има премногу... би сакал да знам што би направиле вие? Каква би била вашата реакција ? Кои се вашите искуства ? Кој е повреден, кој е среќен, кој успеал, кој не ? Кој сака подлабока консултација со мене во оваа моја фаза на немоќ.. Чекорам наоколу без самодоверба, место не ме фаќа во оваа соба но незнам ни кај би одел.. Мојот став спрема вас луѓе е многу специфичен но премногу ценам добро мислење и почитувам кога сум исто така почитуван.. Им благодарам на тие што стасале до оваа точка на овај реферат кој што моли во името на својот креатор да биде спасен, ви благодарам на вниманието....