Феминизам!

Член од
25 јуни 2015
Мислења
462
Поени од реакции
416
Феминистките одамна си ја завршиле работата, овие новопечениве таканаречени феминистки по форуми и сл. не знам што бараат кога сите права ги уживаме како и мажот.

Се друго е до нашиот интерес, сега нормално статистички различни се интересите.
Ако има поголем број на мажи политичари тоа значи дека жената е дискриминирана во тоа поле? Не, туку дека мажот статистички покажал поголем интерес за политика.
Генерализации и јас мразам ама ете постојат и се прават врз основа на статистика. Се покажало дека жената и мажот имаат различни интереси со самото тоа донесуваат различни одлуки и се занимаваат со различни професии. Оние кои имаат исти интереси со мажот не гледам пречка дека не ги оствариле.

Исто не ги разбирам жениве што пуштаат бркови и не се бричат под мишки да докажат дека биле исти со мажите, не знам што има лошо во тоа да си средена, издепилирана и естетски да изгледаш добро? Ова да изгледаш добро као треба да биде лоша особина?
Или што толку ги вреѓа феминисткиве ако му го правите тој "фамозен сендвич" на мажот? Мислам, кое мега его треба да го имаш за да не му направиш сендвич или било што на мажот само затоа што те вреѓа изреката дека на "жената и било место у кујната", значи лезбејка си, на женска ти сигурно би и направила сендвич. Демантирајте ме колку што сакате ама 90 посто од феминистките се лезбејки и нејќат мажи, да не речам ги мразат, да и такви сум упознала, само една од групите да ја најдам која брои многу членови па да видите кој хејт го имаат кон мажите.

Пред едно време читав феминистка, водич на феминистичко движење изјавува како многу се навредени они пошто се користел изразот "плачеш ко пи*ка", сериозно? Демек вие имате м*да сакате да кажете?
Шо ви е проблемов не знам?
Значи факт е дека мажот во одредени ситуации се покажал како похрабар и сега тоа мене треба да ме вреѓа? Јест да има мажи што се пи*ки у душа ;D хахах али зборам статистички дека биле похрабри, тестостерон е у прашање, хормони.
 

Mr.Bear

"The prince of darkness is a gentleman!"
Член од
14 декември 2010
Мислења
128
Поени од реакции
118
^Си останувам на истиот став за еволуцијата.
Тоа дали се глупи е ствар на лична перцепција. Факт е дека постојат, врз основа на тоа се генерализира одредена група.
A ти можеш да го модификуваш и анализираш заклучокот како сакаш (ако годишно има 90 напади од ајкули на пацификот ти можеш психолошки анализи да правиш дали човекот бил крив што влегол во океанот или самата ајкула али фактот е дека околу 90 напади се изброени секоја година, бројката е факт.)
btw лош stand up има дечково, not funny at all.
Ако е ствар на лична перцепција дека се глупи, тогаш неможе да се тврди дека се веродостојни да се поткрепи некое тврдење единствено на нив и да го третираме како факт - и тоа ќе биде ствар на лична перцепција. Бројката е факт ако е точна воопшто, ама побитно од "колкава е бројката" е прашањето "зошто е толкава бројката". Нема зијан (освен ако не се плашиш да откриеш дека можеби грешиш) од тоа да трагаш по "зоштото", и да ја зачиниш статистиката со nuance. Затоа тоа pay gap што го пропагираат феминистките е тешко срање пошто го потпираат само на статистика.

Еее ама му расуди во две минути дека не го бива, земи изгледај му цел настап, ќе ти биде позначајна расудата. А дека има лош stand-up дечкото е исто ствар на вкус и перцепција мачкице. Ако му ги провериш статистиките нешто друго ќе ти кажат :). На феминистките и не им е баш најомилен, благо речено :lolzz:- https://www.youtube.com/watch?v=9ZxOdLRihlA
 
Член од
25 јуни 2015
Мислења
462
Поени од реакции
416
Ако е ствар на лична перцепција дека се глупи, тогаш неможе да се тврди дека се веродостојни да се поткрепи некое тврдење единствено на нив и да го третираме како факт - и тоа ќе биде ствар на лична перцепција. Бројката е факт ако е точна воопшто, ама побитно од "колкава е бројката" е прашањето "зошто е толкава бројката". Нема зијан (освен ако не се плашиш да откриеш дека можеби грешиш) од тоа да трагаш по "зоштото", и да ја зачиниш статистиката со nuance. Затоа тоа pay gap што го пропагираат феминистките е тешко срање пошто го потпираат само на статистика.

Еее ама му расуди во две минути дека не го бива, земи изгледај му цел настап, ќе ти биде позначајна расудата. А дека има лош stand-up дечкото е исто ствар на вкус и перцепција мачкице. Ако му ги провериш статистиките нешто друго ќе ти кажат :). На феминистките и не им е баш најомилен, благо речено :lolzz:- https://www.youtube.com/watch?v=9ZxOdLRihlA
Ама забега оф топиик, како и да е.

Не може да бидат неверодостојни кога има некој што се занимава со таа област со точни (приближно точни) податоци.

А тоа што сметаш дека е попродуктивно да се открие позадината на таквата статистика не го менува фактот дека пак останува на таа бројка, туку само те информира зошто е тоа така. Ако бројката е дека 90% од мажите работат физички тешка работа ни укажува на фактот дека мажот физички е поспремен од жената затоа што природно е така граден итн. итн. што значи бројката си останува како таква но со образложение зошто е тоа така.
Тоа дека статистиката може да се измени е факт но се сведува само на претпоставка се до моментот кога ќе се измени.
(А да, за Бил дали е смешен е ствар на укус, мене не ми е. Пробај со Крис Такер мн е бољи. :ROFLMAO:)
 

Mr.Bear

"The prince of darkness is a gentleman!"
Член од
14 декември 2010
Мислења
128
Поени од реакции
118
Ама забега оф топиик, како и да е.
Ете ти пак ствар на перцепција, за тебе сум забегал а јас го зголемувам опсегот на дискусијата. :)

Не може да бидат неверодостојни кога има некој што се занимава со таа област со точни (приближно точни) податоци.
Тој што се занимава со статистика, и што не му завидувам ама (х)ич, не е безгрешен. Само нема везе, не ми беше тоа поентата, читни ја уште еднаш таа реченица и ќе видиш дека зборам за тврдењата што луѓето ги произлегуваат и потоа потврдуваат базирано само на статистиките. Се додека статистиката останува само статистика и е одреден дел а не севкупност на еден аргумент за мене проблем нема. Е, кога ќе почне во стил на "90% од седиштата во собрание ги држат мажи, ипсо факто жените се обесправени од патријархијата" тука се бришеме од листа на личности што користат мозок. А пошто сме на тема феминизам којзнае колку вакви гревови по реалноста се направени.

А тоа што сметаш дека е попродуктивно да се открие позадината на таквата статистика не го менува фактот дека пак останува на таа бројка, туку само те информира зошто е тоа така. Ако бројката е дека 90% од мажите работат физички тешка работа ни укажува на фактот дека мажот физички е поспремен од жената затоа што природно е така граден итн. итн. што значи бројката си останува како таква но со образложение зошто е тоа така.
Не сметам - така е. И позадината е клучна за спознавање на проблемот, а оттаму и негово решавање (ако го има). Бројките се само бројки, и како ова со pay gap-от користољубиви луѓе можат да си го вртат натака-навака во нивна полза. Можеби стапката на невработеност во некоја земја се намалила и јас само со тие статистики излезам и речам дека е така благодарејќи на мене (а сум кандидатче за во фотеља, рецимо) ако вистински некој не копа да види зошто уствари е така, оп јас незаслужно газот на позиција. Тоа може да штети на милион начини, како и било која друга погрешна проценка. Погрешно толкуваш, не гледаме ние од самата статистика ништо освен бројките. Таа треба да те наведе да се запрашаш зошто е така, па потоа општата физиологија е таа која ти образложува. Не сме силни затоа што ги работиме физички напорните работи, туку тие работи ги работиме поради тоа што сме силни. Јајцето пред кокошката, мачкицеее :P [/quote]
 
Член од
25 јуни 2015
Мислења
462
Поени од реакции
416
Измеша 578 ствари и мислиш не си оф топик. невермајнд. Тоа дека треба да се запрашаш зошто е така никој не го спори.
Ти кажуваш како да се реши некој проблем сведен на статистика а не сфаќаш дека статистиката е толку општ поим и не секој статистички резултат е проблем сам по себе, премногу општо отиде на тема "статистика" држи се до некој конкретен пример во однос на темата вака си неразбирлив.
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Прво и основно, би сакал да им се заблагодарам на фем движењата кои ги отворија вратите на многу жени за користење на правото на глас, животна кариера, образование итн.

Второ, би сакал да им се заблагодарам и за изневерувањето на илјадниците девојчиња жртви на силувањата во Ротерхам, Британија. За движење кое упорно инсистира на постоење на рејп култура, вашето молчење стана уште една потврда дека вие сте луѓе, ништо повеќе, ништо помалку. А под луѓе се подразбира и лицемерие.
 
Член од
18 септември 2015
Мислења
26
Поени од реакции
7
Ги поддржувам феминистките али знаат да му ја претераат.
 

Павле_Од_Тарсус

Апологет
Член од
23 септември 2015
Мислења
57
Поени од реакции
21
Тамошните феминисти/ки се активни на тие територии.
Тмошни феминисти/ки ??? Феминисти во Блискиот Исток ??? Секо што ќе се крене против Шаријатот ќе биде убиен, да имаше таму феминисти, немаше да има толку мртви жени годишно. Ако сакате правда и во овај случај живот за тое жени, направете нешто.[DOUBLEPOST=1444754790][/DOUBLEPOST]
Од таа гледна точка има и хомосексуалци што се мачени или убивани што лично треба исто да ме засега. Јас и шака луѓе не можеме да го промениме Средниот Исток, дури и да сакаме. Друго е кога дејствуваш во западно општество со таа шака луѓе. Да е до мене, од корен би променил многу работи таму, ама не е. Никој не ти дава палка на добротворен диктатор само затоа што си желен да промениш нешто :D.
Ти ја сфаќам поентата, но бидејќи неправдата во истокот е многу поголема од таа на западот, мора да се интервенира прво таму, а не тука, тука никој нема да ти стави нож под вратот и да те тера да правиш нешто, тука имаме несогласувања за кои можеме да дебатирама и да водиме диалози, но таму тоа го нема. Јас веќе добив неколку закани поради тоа што го критикувам исламот и една од причините зошто го правам тоа е поради страдањето на жените таму, без разлика дали малку или многу луѓе има, битно е колку ви вреди еден живот и колку вреди правдата, се друго е нерелевантно.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom