Фан клуб - РК Вардар

избил пожар на Панорама резиденс, баш кај шо доста од ракометариве живеат...
у лош момент се десило ова, фали уште потресени на утакмица да се
 
Не фрлајте парите џабе :D Ако гледате на утакмицава непристрасно,тогаш треба да знаете дека РНЛ се благи фаворити.Нека не ве залажуваат ланските две лесни победи.Реалните состојби во двете екипи сега се прилично различни,Швабите се тие што во моментов се во налет и играат одличен ракомет,додека ние сеуште се мачиме барајќи ја нашата препознатлива игра,ако се додаде и релативно слабата форма на десните крила,Карачиќ,Дибиров,донекаде и Душебаев,Циндриќ не го ни споменувам дечкото е скроз изгубен,несигурноста на десните бекови,на пикер само Тоскиќ.А и атмосферата во сала ќе биде далеку од пеколна,тогаш стварно ако сакаме победа ќе мора да се изигра најдобро сезонава.Не дека сум голем скептик во врска со утакмицава,но дефинитивно не би лупнал поголема сума на пари во кладилница :D
 
Заебите тоа дека утре ќе биде лесно,не знам ја посебно се плашам од пикерската позиција.не дека оној Баена е нешто посебен,освен што е ко тиква напраен:D.Лошо е тоа што Столе е аут,а он и е те како знае да се справи со ваков вид на пикери.Марсенич е под знак прашалник,би било супер ко би можел да игра,дечкото одлично напредува.Не дека Тоскич нема сила да се справи,али 60 минути е многу.На крило стандард очекувам Уве да ни брцне едно 5,6 комада,ако има контри може и повеќе.И спремајте тоа гласовите.ќе треба утре повеќе од било кога,и земите чепови за ушите,сигурно ќе има шваби со оние нивни глупи реквизити.
 
Лагано тепаме 5 разлика. До сега не бевме ни асално тестирани, играа колку да победат. Исто ќе биде и сега, во СК нема да има бодови за никого, ни РНЛ ни Барса ни Киелце нема да победи овде.
 
Опасен е Баена,иако делува доста трапаво и тромо,исклучително е подвижен,и доста го користат..
Доста се движи околу средината на линија,и не е статичен како некои други пикери,ако прими топка нема спас...
Ако не го чуваат салам,и да го туркаат надвор од линијата,ако прими топка е сигурен пенал...
Подобро нека го оставаат да шутира,ќе скини Штербик сигурно повеќе топки во дуел со Баена отколку со пеналите на Уве...:icon_mrgr:
Врти сучи клучот е во Штербик,ако го задржи стандардот од +15 одбрани,не би требало РНЛ да оди над 25 гола,но и тие имаат сериозна одбрана...
Не ми се верува да има многу голови,под 52 би требало да оди...

Точно е дека клучот е во Штербик, левиот бек Швеганецот Ким Дуи Ритз воопшто не шутират од девет метри ,така да со 5-1 одбрана Вардар лесно ке излезит на крај со Шмид и Петерсон и сигурен сум Вардар ке тепат со 28-22.
 
"Ќе биде лесно" е муабет на овие што бојкотираа до вчера, демек сега се вратија и Вардар одма стана непобедлив (а до сега не беше) :pos:
 
Некои ги направивте РНЛ дека се Кил од времето кога беа непобедливи, а они се истото од минативе две сезони со малку подобра одбрана. Многу слична ситуација како и кај Вардар. Двете екипи пораснаа со добрата одбрана што ја играат сезонава.

Ги победиле Барса и Кил, мудо големо. Моментално, значи според моменталната форма Вардар е класа над Барселона и Кил. Од зебрите може и две.

Единствен проблем ќе биде евентуалното играње само со еден пикер. Никој не може да го издржи темпото цел меч, па ни Тоскиќ. Мора барем Марсениќ да биде способен да го одмори некоја минута, а тоа ќе влијае и врз моментите кога Вардар би имал играч повеќе, за да се примени тактиката со два пикера.

Вардар е фаворитот денеска, deal with it, треба да покаже дали веќе е созреан да се сноси со таква улога.

Јас мислам дека може и дека ако е се во ред со Марсениќ, Карачиќ и Дибиров, можеби нема да му се деси потоп на Рајн Некар ко лани, ама победата ќе биде сигурна.
 
Да не знаете картите за стоење до колку саат ќе се продаваат пред утакмица?
 
Да не знаете картите за стоење до колку саат ќе се продаваат пред утакмица?
Картите за стоење можеш да ги купиш и онлајн. Во моментов проверив има уште 216 карти за стоење.
http://www.ehfcl.com/men/2015-16/match/2/071/HC+Vardar+-+Rhein-Neckar+Löwen
Еве го и составот за денеска. Ги нема Столе, Фичо и Џамбо.
Е само баш ме интересира кој ке е капитен во тимов денеска.
 
"Ќе биде лесно" е муабет на овие што бојкотираа до вчера, демек сега се вратија и Вардар одма стана непобедлив (а до сега не беше) :pos:
Многу лош муабет вадиш :facepalm:
Кои се тие што бојкотирале до вчера? Имало некој што бојкотирал?
Ако алудираш на Комити, не присуствувавме на натпреварот бидејќи во исто време бевме на ВАРДАР-РАБОТНИЧКИ. Кажав и завчера, Комити какви што сме во моментов не сме апсолутно никаков фактор ниту појачување за нашите ракометари. Нема да навлегувам во проблемите на групата, ама оваа година е веќе пропадната за нас како група. И наредната, и таа после таа, и таа после таа, а можеби и никогаш нема да видиме група каква што имало претходно. Ниту Комити, ниту било која друга Македонска група. Повеќето членови на Комити веќе си имаат купено сезонски карти знаејќи ја состојбата во групата пред почетокот на сезоната, така да голем дел од нив биле и на првата утакмица.

Од каде тоа дека ние сме го извадиле муабетот дека ќе биде лесно, затоа што Комити се враќале на трибина?
Јас сум кажал уште на стартот, во Скопје освен Киелце со кого ќе биде многу тешко, другите ќе ги демолираме. Ниту Барселона, ниту Кил не се во некоја врвна форма, плус Рајн Некар ги доби на домашен терен, а со нас игра на гости. За Барса дури мислам дека трета ќе заврши во групава на крајот :icon_mrgr:
Вардар досега игра некако рутински, но со посилни екипи сигурно ќе се покажеме во подобро издание. Повредата на Карачиќ е голем проблем, и само од таа причина можеби би имале мали проблеми :icon_mrgr:

Мој тип 30-24 :D
 
Двете трибини позади гол се пуштени за Комити како што гледам ☺
 
Бркаме Ф4 и Рајн Некар е фаворит против нас на домашен терен не идат заедно. Сменета е ситуацијата од пред две години кога беше чудо што извадивме бод со Барса и ПСЖ дома, не сме веќе мали во споредба со европските гиганти, кога на хартија имаме најмаку ист, веројатно и појак состав од Левен и сме еден од најбогатите клубови во Европа. Денес е една од тие утакмици во која треба да се покаже колку се зрели да ја постигнат таа зацртана цел- Фајнл 4 и секој резултат освен победа е голем кикс и удар за вложувањата во овие 3 трансфер периоди.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom