А бе земај аудито оти кај голфот понова година ,а цената е донекаде што пак ми е сомнително, а и згора на тоа сличниот мотор најпрвин како тестер-мотор се става во сеат,шкода па на голф и кога ќе се усоврши моторот од голфот и го става во аудито ете затоа е посигурна кола во смисла на моторот
Sent from my iPhone 5s using Tapatalk
А колку пари треба да биде Голф стар 2 години со 100 000км, кој нов бил 20-22 000 евра ... Аудито ново било 32-35 000 евра, а е постаро за 5 години, затоа сега имаат цена тука некаде... За 10 години од сега, Ауди-то ке биде поскапо за 2-3 000 евра... Поскапа марка, повисок сегмент, нормално поспоро ке губи на цена ... А тоа за моторот нема врска, Ауди е поскапо од ФВ заради квалитетот и изработката на материјалите во внатрешноста и затоа што некои работи што кај ФВ ке ги доплатиш, кај Ауди доаѓаат сериски... Башка Ауди се турка со Бенз и БМВ како премиум бренд...[DOUBLEPOST=1444077254][/DOUBLEPOST]
Покрај останатото, Голфот лежи на новата MQB-шасија, така да не би се кладел дека постарото Ауди има подобра вожња... На крај краева, нека си ги провози малку, па нека види. Јас лично не би се мислел, премногу предности има Голфот во овој случај, џабе изгледот и ексклузивноста на А4-ката.
Вожњата е далеку подобра и поудобна во А4 отколку во Голф, тоа биди сигурен... А овие два модела генерациски се многу блиску, нема повеќе модели измеѓу нив за да има некоја разлика ...[DOUBLEPOST=1444077612][/DOUBLEPOST]
Zasto cenata somnitelna?!Baram mislenja bidejki sum polaik po kolite,Bmw imav dusata mi ja izvadi pa sega bolje da prasuvam
Ако ти пак прашај си и спореди мислења и искуства доколку ги има некој, па ке си одлучиш... Ама како што ти кажав, јас сум екстремен љубител на Ауди, но конкретно не би изброил толку пари кеш за А4 стар 7 години само заради амблемот, кога за нешто малку повеќе парички би земал нова Октавија која нуди понова технологија и мотори... Всушност нуди се што и Голф, за пониска цена, а во споредба е лимузина наспрема Голф-от...[DOUBLEPOST=1444078211][/DOUBLEPOST]
izgledot e najbiten, nikoj ne gleda pod hauba ti sto imas, audi si e audi a goljf si e goljf
Да, точно, изгледот е најбитен - за искомплексираната малограѓанштина, која купува кола по принципот да е јака марка, само за да и завидуваат други, без оглед на останатите параметри ... А кога се купува кола во предвид се земаат многу параметри пред тоа која марка е... Во случајов годините и изминатата километража, како и технологијата која е за генерација понова... И не значи дека Мерцедес стар 15 години е подобар од нов ( да речеме ) Фиат или Пежо и т.н. , само затоа што е Мерцедес ...