За ден, а порталот е забавен (тука е проблемот мислам)
Не е никаков проблем забавната содржина на порталот.
За се‘ може да се најде огласувач.
Накратко, 3 начини на кои да најдете огласувачи:
1. Конкурентски МК портали и забавни веб страни
Анализирајте ги страните, видете кои им се огласувачите, и оние кои би се вклопиле и на Вашата веб страна - контактирајте ги (преку телефон,
e-mail, или
face to face).
2. Спортски МК веб страни
И спортот е вид на забава.
Прегледајте ги домашните спортски страни, утврдете ги огласувачите, и контактирајте со нив.
3. Агенции кои организираат забавни настани
Концентрирајте се на агенции, спортски клубови и сл. кои организираат повремени или континуирани настани од забавен карактер: музички концерти, спортски натпревари, авантуристички тури низ МК, итн.
Како и што напоменав претходно, потрагата не е лесна, но ако огласувачот наиде на интересна понуда (солиден број на посетители на страната, целна група, итн) - го имате освоено.
Потрудете се веќе здобиените клиенти да ги сочувате на долг рок (со одлична соработка, понудете им нешто повеќе од конкуренцијата...).
Се надевам дека барем малку Ви помогнав во опстојувањето и проширувањето на Вашиот
online проект.