Здраво луѓе.
Ми треба помош за избор на клима, односно малку објаснување за техничките карактеристики, заради правилно димензионирање.
Значи просторот кој треба да се загрева има топлотни загуби од 3,5KW. при внатрешна температура од 20 а надоворешна од 0 (во поладниот период би се догревало или би се префрлило греењето на друга варијанта).
Главното прашање е колкава моќност треба да биди климата и колку би трошела?
Ова е една од климите кои ги разгледувам:
http://www.aircon.panasonic.eu/GB_en/ranges/domestic/single/
Во капацитет на греење стои:
номинално 4,0 KW
минимално 0,8 KW
максимално 6,0 KW
Што точно значат овие бројки?
Дали ова значи дека нормално климата би испорачувала 4KW кога е во мод на одржување на температурата, 6KW кога треба да ја постигне зададената температура и 0,8 како најмала топлина која може да ја испорачува (доколку има помала потреба од 0,8 предпоставувам дека климата би се изгасила) при определена надворешна температура од 7с?
Второ, дали ова значи дека при температура од, да речеме 7с, климата може максимално да испорача 4KW, при температура од -15с климата испорачува максимално 0,8KW, а при температура од пример 12ц или повисока климата испорачува максимално 6KW?
Доколку COP при 7с е 4, колкава би била потрошувачката во првата варијанта?