Молимте не ме бој со политичка четка
Одговорност е термин кој полека го губи значењето денес, особено од тие што се на власт, уште еден знак дека таков систем е нефункционален.
Шкорпи на периоди ја имаше киднапирано темава. Дел од цитатите горе му се од оваа, дел од други теми, ама супер изгледаат вака, заедно. Шкорпи, како ретко кој друг, без да образложи како неговите идеи би функционирале во пракса, скриен зад "треба да" и "ќе научат дека", редовно користеше навреди и омаловажувања, се ставаше во надредена позиција, дисквалификуваше и тераше ремет. Шкорпи диктираше темпо, сведуваше на прво лице еднина кога напаѓаше, се поставуваше како интелектуално и морално супериорен.
А тоа е секогаш проблем оти перчење и праење мајмун е нешто шо луѓе го памтат. Ја разбирам дека на секој му треба издувен вентил. Малку да издиши од таа загушлива атмосфера кај што егзистенцијата му е поврзана со политичка партија која него лично го смета за фрик, за генетски отпад. Нема ништо лошо во тоа да се уклучиш негде на некој виртуелен медиум каде што ти е загарантирана анонимност и да испукаш работи во кои можеби лично веруваш, ама у потесно опкружување не смееш да ги изразиш за атер на твои блиски или на твој паричник. Нема проблем. Ама кога ем си компромитираш анонимност, ем тука покажуваш таква ароганција додека дробиш нешто до кое ни малку не се придржуваш, кога тие пред кои си компромитирал анонимоност те виделе на марш на факинг ГДОМ (
) и идат тука да те плеснат по нос, тоа по цена да ме тргнат од модератор нема да биде офтопик, затоа шо е совршен пример со какви си имаме работа.