Анархија

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.296
Поени од реакции
21.388
Можеш што сакаш да правиш - со твои истомисленици. Ко што никој со сила нема да прави од тебе анархист, твојата хиерархија ќе си ја определиш со останатите каде ќе ја терате, и со кого. Никој ништо не ти наметнува, освен да те форсира да направиш избор, нешто што денес не е редовна појава. После тоа се е на тебе оставено. Твојот избор не треба да влијае негативно на останатите кои не го направиле истиот - тоа е тоа. Толку. Нема некоја подлабока филозофија.
Така бе Шкорпи, тоа го зборам и јас цело време. Анархизмот не е нормативна идеја, не е идеологија која одредува како треба да се однесуваат слободните луѓе, и какви општества треба да изградат кога ќе бидат слободни.

Пример, ако ние како анархо-индивидуалисти, сметаме дека нашата заедница би била попродуктивна и подобро организирана доколку има хиерархиска структура, ти како анархо-комунист немаш апсолутно никакво право да ни кажуваш дали тоа е апсурдно, оксиморон, правилно или неправилно. Исто така, немаш право да ни кажуваш дали треба сè да делиме подеднакво за сите или секој да добие спрема заслуга, онолку колку што заслужил и сработил.

Се додека ги почитуваме индивидуалните права и слободи на другите, ова погоре е ОК. Анархо-комунизам, во никој случај не смее и не може да биде примарен анархизам, или примарна фракција на анархизмот.

Тоа ми беше поентата, и мислам дека се сложуваме.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.899
Поени од реакции
25.229

Се согласувам, освен во делот со анархо индивидуалистите. Да не помеша нешто?
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326

Ова е исто како пример да кажеш дека конзервативци - индивидуалисти или пуританци индивидуалисти во демократска држава да се залагаат за легализација на јавни куќи, оти нели го имаат тоа право по основ на демократски слободи.

Теоретски не постојат анархисти кои се залагаат за хиерахиска структура.
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.296
Поени од реакции
21.388
Ова е исто како пример да кажеш дека конзервативци - индивидуалисти или пуританци индивидуалисти во демократска држава да се залагаат за легализација на јавни куќи, оти нели го имаат тоа право по основ на демократски слободи.

Теоретски не постојат анархисти кои се залагаат за хиерахиска структура.
Е не е исто. Да те поправам: теоретски не постојат анархо-комунисти кои се залагаат за хиерархиска структура.

И теоретски и практично може да постојат анархисти кои се залагаат за хиерархиска структура, доколку сметаат дека тој начин на организација за нив е најсоодветен и најпродуктивен, и притоа е базиран на доброволни и мирољубиви човечки односи, без нарушување на индивидуалните права и слободи на останатите.

Против-аргумент за ова што го зборам, нема, бидејќи што и да кажеш се коси со основните постулати на анархизмот.

Се согласувам, освен во делот со анархо индивидуалистите. Да не помеша нешто?
Зависи како ги дефинираш и поимаш термините. Јас анархистите ги делам на анархо-индивидуалисти и анархо-колективисти.

Овие првиве, суштински ми се многу поблиски до native анархистите, и затоа така ги нарекувам, за да нема недоразбирање, бидејќи доста често анархизмот се меша со анархо-комунизам.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.899
Поени од реакции
25.229
Зависи како ги дефинираш и поимаш термините. Јас анархистите ги делам на анархо-индивидуалисти и анархо-колективисти.

Овие првиве, суштински ми се многу поблиски до native анархистите, и затоа така ги нарекувам, за да нема недоразбирање, бидејќи доста често анархизмот се меша со анархо-комунизам.
Ти можеш да ги нарекуваш како сакаш, но постојат јасни дефиниции за овие поими и ако не ги користиш правилно, ќе имаш недоразбирање со луѓе.
Освен тоа, има повеќе поделби. Не се само овие две.
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.296
Поени од реакции
21.388
Ти можеш да ги нарекуваш како сакаш, но постојат јасни дефиниции за овие поими и ако не ги користиш правилно, ќе имаш недоразбирање со луѓе.
Слободно можев да го искористам поимот анархизам, но така мислам дека ќе имаше многу поголемо недоразбирање. Кажав и претходно, анархо-индивидуализмот, сепак, според мене е суштински многу поблизок до анархизмот, затоа и го искористив тој поим.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.899
Поени од реакции
25.229
Слободно можев да го искористам поимот анархизам, но така мислам дека ќе имаше многу поголемо недоразбирање. Кажав и претходно, анархо-индивидуализмот, сепак, според мене е суштински многу поблизок до анархизмот, затоа и го искористив тој поим.
Не ме разбираш што сакам да ти кажам. Контрадикторна ти е оваа реченица:

Пример, ако ние како анархо-индивидуалисти, сметаме дека нашата заедница би била попродуктивна и подобро организирана доколку има хиерархиска структура
Затоа што анархо индивидуалистите им смета секој облик на надворешно управување.
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Аха. Значи со цел ти да си добиеш слобода, ќе ја ограничиш слободата на некој друг. Односно во превод, поради сопствена идеологија, ќе му наштетиш на некој друг.
Not really. Кој ти ја ограничува слободата? Тоа што не сакаме да играме топка со тебе не наштетува никому. Ќе најдеш луѓе кои ќе сакаат да играат со тебе. Не знам колку требам да ја упростам материјава за концептот да пројде низ индоктрираните филтри што ги имаш.

Да, го имам тој муабет правено и со други луѓе, само не на темава. Сум ги правел и со семејството. Знаат дека сум анархист, и дека доколку утре се создадат услови барем дел од светот да го применеи анархизмот како модел на функционирање, дека нема да му ја мислам два пати пред да спакувам ствари и да фаќам магла натаму. Тешко или не, ради фамилија не би останал да робувам негде ако имам подобар избор. Они го направиле веќе својот. Не значи дека нема да контактираме, али нема да биде исто. И во случај да сме мнозинството - да, ќе се релоцираат тие луѓе на друго место да тераат онака како што сакаат да тераат. Релокацијата е повеќе за нивно добро отколку наше. Инфраструктурата во капитализмот нема да биде иста со таа во анархизмот, нема што да бараат двата типа населенија заедно, да останат смешани. Што значи тоа преместување/banishment би било негде каде се уште би постоела старата инфраструктура. Не мора да ми ги извртуваш зборовите за да го демонизираш анархизмот. Како што други групации отсекогаш го правеле истото према други групи со кои не се слагале/се мразеле/не ги разбирале. Не мора да си толку површен во пристапот.

Така бе Шкорпи, тоа го зборам и јас цело време. Анархизмот не е нормативна идеја, не е идеологија која одредува како треба да се однесуваат слободните луѓе, и какви општества треба да изградат кога ќе бидат слободни.

Пример, ако ние како анархо-индивидуалисти, сметаме дека нашата заедница би била попродуктивна и подобро организирана доколку има хиерархиска структура, ти како анархо-комунист немаш апсолутно никакво право да ни кажуваш дали тоа е апсурдно, оксиморон, правилно или неправилно. Исто така, немаш право да ни кажуваш дали треба сè да делиме подеднакво за сите или секој да добие спрема заслуга, онолку колку што заслужил и сработил.

Се додека ги почитуваме индивидуалните права и слободи на другите, ова погоре е ОК. Анархо-комунизам, во никој случај не смее и не може да биде примарен анархизам, или примарна фракција на анархизмот.

Тоа ми беше поентата, и мислам дека се сложуваме.
Се уште имам проблем со лепенката анархо-комунист :D. Али ај, ако ти е полесно да ги делиш така групите..

Секако, имаш потполна слобода, и се остало што пиша. Само нашите заедници нема да можат да функционираат заедно, како мешан народ. Баш ради тие потреби карактеристични за секоја група посебно. Ова не е само за тебе и примерот што го даде, ќе има и други групи со кои нема да се совпаѓаме на сличен начин, но нормално, одредено ниво на соработка мора да има и ќе постои. Деталите ќе варираат.

анархисти кои се залагаат за хиерархиска структура,.
Проблемот тука е што ова создава пирамида на моќ, а тоа е Big No-No за анархистите. Затоа и ги боиме анархо-капиталистите со оксиморонска четка. They make no sense, from anarchistic point of view.
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Not really. Кој ти ја ограничува слободата? Тоа што не сакаме да играме топка со тебе не наштетува никому. Ќе најдеш луѓе кои ќе сакаат да играат со тебе. Не знам колку требам да ја упростам материјава за концептот да пројде низ индоктрираните филтри што ги имаш.

Да, го имам тој муабет правено и со други луѓе, само не на темава. Сум ги правел и со семејството. Знаат дека сум анархист, и дека доколку утре се создадат услови барем дел од светот да го применеи анархизмот како модел на функционирање, дека нема да му ја мислам два пати пред да спакувам ствари и да фаќам магла натаму. Тешко или не, ради фамилија не би останал да робувам негде ако имам подобар избор. Они го направиле веќе својот. Не значи дека нема да контактираме, али нема да биде исто. И во случај да сме мнозинството - да, ќе се релоцираат тие луѓе на друго место да тераат онака како што сакаат да тераат. Релокацијата е повеќе за нивно добро отколку наше. Инфраструктурата во капитализмот нема да биде иста со таа во анархизмот, нема што да бараат двата типа населенија заедно, да останат смешани. Што значи тоа преместување/banishment би било негде каде се уште би постоела старата инфраструктура. Не мора да ми ги извртуваш зборовите за да го демонизираш анархизмот. Како што други групации отсекогаш го правеле истото према други групи со кои не се слагале/се мразеле/не ги разбирале. Не мора да си толку површен во пристапот.
Подобјасни го поимот „индоктрирани филтри“.
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.296
Поени од реакции
21.388
Не ме разбираш што сакам да ти кажам. Контрадикторна ти е оваа реченица:

Затоа што анархо индивидуалистите им смета секој облик на надворешно управување.
Не, не, многу убаво те разбирам. Можеби ти звучи како парадокс тоа што го напишав, бидејќи не кореспондира со твоите убедувања од анархо-комунистичка перспектива, но сепак, да не одиме до екстреми и буквално интерпретирање на поимот.

Хиерархиска структура, но во изолирани случаеви. Пример, кога суб-заедница од 10 луѓе одлучуваат да се организираат хиерархиски, бидејќи во моментот сметаат дека така би биле попродуктивни, и многу повеќе би придонеле за побрзо и поефективно остварување на зацртаната цел.

Никој нема да донесува одлуки во име на анархо-индивидуалистот, доколку нему му смета тоа. Нема да биде приморан на ништо. Сепак, слободата пред сè, нели!?

Како што кажав претходно, анархистите воглавно ги делам на: анархо-индивидуалисти и анархо-колективисти (социјалисти, or whatever). Значи, две страни на паричката: индивидуа (анархо-капитализам, анархо-индивидуализам итн.) и колектив (анархо-комунизам, анархо-синдикализам итн.).

Анархо-индивидуалистичко општество, според мене, не мора да е составено строго од анархо-индивидуалисти. Тука може да спаѓаат сите оние кои не се пронаоѓаат во онаа левичарска страна на паричката, постулирана на колективистичка филозофија за колективна сопственост и бескласно општество кое не дозволува издвојување на поединецот над другите во општеството.

Сега мислам дека е појасно. Претходно не се дообјаснив убаво, затоа погрешно ме разбра.

Се уште имам проблем со лепенката анархо-комунист :D. Али ај, ако ти е полесно да ги делиш така групите..
Со здравје да си ја носиш, но мора лепенка да ти ставам. И треба да ја носиш редовно, и тоа на видно место, за да нема недоразбирања и мисинтерпретации.

Како сега да му објаснам на некој рандом Зоте, дека анархизмот во суштина не е молотови коктели, крвави револуции, кршење продавници и вртење на ражен дебели капиталисти, кога тој Зоте претходно бил на садистичко предавање по анархизам кај тетка Агда!? :D

Проблемот тука е што ова создава пирамида на моќ, а тоа е Big No-No за анархистите. Затоа и ги боиме анархо-капиталистите со оксиморонска четка. They make no sense, from anarchistic point of view.
Нема потреба од демонизирање на хиерархијата, не е толку страшно. Јас не го гледам тоа како пирамида на моќ, туку повеќе како начин на организација кој е доста поефективен и попродуктивен, во дадени ситуации.

Сепак, сè тоа се заснова на доброволна и мирољубива основа. Нема окови, нема ланци и камшикување од страна на злобен дебел капиталист кој е седнат на грбот на кутрите работници.

И полека со четките, да не извадиме ние ваљак и цистерни со боја. :D
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.899
Поени од реакции
25.229
Не, не, многу убаво те разбирам. Можеби ти звучи како парадокс тоа што го напишав, бидејќи не кореспондира со твоите убедувања од анархо-комунистичка перспектива, но сепак, да не одиме до екстреми и буквално интерпретирање на поимот.

Хиерархиска структура, но во изолирани случаеви. Пример, кога суб-заедница од 10 луѓе одлучуваат да се организираат хиерархиски, бидејќи во моментот сметаат дека така би биле попродуктивни, и многу повеќе би придонеле за побрзо и поефективно остварување на зацртаната цел.

Никој нема да донесува одлуки во име на анархо-индивидуалистот, доколку нему му смета тоа. Нема да биде приморан на ништо. Сепак, слободата пред сè, нели!?

Како што кажав претходно, анархистите воглавно ги делам на: анархо-индивидуалисти и анархо-колективисти (социјалисти, or whatever). Значи, две страни на паричката: индивидуа (анархо-капитализам, анархо-индивидуализам итн.) и колектив (анархо-комунизам, анархо-синдикализам итн.).

Анархо-индивидуалистичко општество, според мене, не мора да е составено строго од анархо-индивидуалисти. Тука може да спаѓаат сите оние кои не се пронаоѓаат во онаа левичарска страна на паричката, постулирана на колективистичка филозофија за колективна сопственост и бескласно општество кое не дозволува издвојување на поединецот над другите во општеството.

Сега мислам дека е појасно. Претходно не се дообјаснив убаво, затоа погрешно ме разбра.

Со здравје да си ја носиш, но мора лепенка да ти ставам. И треба да ја носиш редовно, и тоа на видно место, за да нема недоразбирања и мисинтерпретации.

Како сега да му објаснам на некој рандом Зоте, дека анархизмот во суштина не е молотови коктели, крвави револуции, кршење продавници и вртење на ражен дебели капиталисти, кога тој Зоте претходно бил на садистичко предавање по анархизам кај тетка Агда!? :D

Нема потреба од демонизирање на хиерархијата, не е толку страшно. Јас не го гледам тоа како пирамида на моќ, туку повеќе како начин на организација кој е доста поефективен и попродуктивен, во дадени ситуации.

Сепак, сè тоа се заснова на доброволна и мирољубива основа. Нема окови, нема ланци и камшикување од страна на злобен дебел капиталист кој е седнат на грбот на кутрите работници.

И полека со четките, да не извадиме ние ваљак и цистерни со боја. :D
Сега ми е јасно како размислуваш и зошто правиш такви поделби, али премногу ограничуваш, а тоа те води до заблуда. Твое си е.

Кажи ми како замислуваш некој кој ќе го смета за тиранија секој обид за надворешно влијание, да живее во хиерархиска заедница?
 
Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892

Нема да живее во таква заедница. Негово право е дали ќе живее во хоризонтална или вертикално поставена хиерархија.

Само анархо-индивидуализмот може да води до анархо-комунизам.
Пошто индивидуата лично одлучува дали ќе живее во комуна или не.
Со други зборови, денес ако се распаднат државите, она што останува се индивидуите, а не комуните. Тек тогаш може да се формираат комуни, пазари, А.Д.-а.
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.296
Поени од реакции
21.388
Сега ми е јасно како размислуваш и зошто правиш такви поделби, али премногу ограничуваш, а тоа те води до заблуда. Твое си е.

Кажи ми како замислуваш некој кој ќе го смета за тиранија секој обид за надворешно влијание, да живее во хиерархиска заедница?
Хехе, кристално јасно ми е што сакаш да кажеш. Не се разбираме чисто од семантички причини.

Буквално го сфаќаш тоа со тиранијата, затоа има недоразбирања. Ако тоа надворешно влијание му е наметнато против негова волја, тогаш не го замислувам никако. Тој човек не е слободен.

Исто така, ако тој човек не се согласува со мнозинството, а е принуден да живее во демократија, тогаш тој човек е фактички колатерална штета, и како таков не можам да го замислам во такво општество. Уствари можам, но тоа нема да биде слободен човек во вистинска смисла на зборот.

Замисли заедница од 15 индивидуи. 8 од нив се организирани хиерархиски, 5 живеат во комуна, а останатите двајца живеат на дрво, според нивни правила и принципи. Никој од тие 15 индивидуи не е со сила натеран да живее во комуна или во хиерархиска средина. Сите нивни одлуки се според нивна волја, доброволно донесени. Е ова е за мене индивидуалистичко општество.
 
Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892
Ја друго би додал.
Во анархија не само што постои приватна сопственост, туку е над се други.
Едино ако вистински поседуваш нешто, можеш да го комунизираш, т.е. го даваш лично твојот имот на комуната од која си ти дел.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom