Ветеринарно катче

  • Креатор на темата Креатор на темата Скулгрл
  • Време на започнување Време на започнување
Зајаков пие негде 250 мл на ден, што е цело шишенце што му седи во кафез. Нормално е тоа, дека топло е? И да, сено јаде периодов, може и си бара организамот дека не внесува толку вода и со храната.
 
Дечки може да ме советувате што да правам, имам 13 месечна питбулка, втор пат е ова како има пмс и бара да се пари...денеска другото куче проба да и се качи -.- да не направам беља, мислите дека е доволно возрасна да ја пуштам да се пари? Првиот пат имавме триста маки со лажна бременост, едвај успеа да ја врати тежината после неколку месеци..
 
Си размислил за стерилизација? Инаку ако веќе сакаш да париш чекај нареден циклус. Ако пак ти направи лажна бременост на ветеринар и ехо преглед да нема некоја патологија на јајниците.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu
Си размислил за стерилизација? Инаку ако веќе сакаш да париш чекај нареден циклус. Ако пак ти направи лажна бременост на ветеринар и ехо преглед да нема некоја патологија на јајниците.
Не размислувам за стерилизација, имам услови и сакам повеќе кутриња. Најмногу ми е за возраста, дали е 13 доволно..:D
 
Дечки може да ме советувате што да правам, имам 13 месечна питбулка, втор пат е ова како има пмс и бара да се пари...денеска другото куче проба да и се качи -.- да не направам беља, мислите дека е доволно возрасна да ја пуштам да се пари? Првиот пат имавме триста маки со лажна бременост, едвај успеа да ја врати тежината после неколку месеци..
18 месеци или година и пол е у принцип најрана возраст што е пожелна за да се спари, а најпожелна возраст за прво парење е 2 / 2.5 години ... затоа што тогаш е физички развиена, и е најдобар период за прво парење.

Сега на 13 месеци дефинитивно НЕ ... сеуште е млада и неразвиена, сеуште расте она, тек допрва после 1.5 година до кај 2 / 2.5 ќе се шири и ќе се развива (глава и тело), и тек тогаш ќе постигне целосна физичка развиеност.
 
Помош дечки....

Додека цртав мачето ме замараше постојано скокаше по моливот. Само го удрив по главата како опомена и тоа со муцката се удари во масата, проверив дали има нешто на устата и му фалеше долно запче. Старо е неколку месеци, дали тоа е млечен заб и дали ќе му порасне нов... се изедов жив... :confused:
 
Може да е, може и да не е. Максимум 4 месеци им траат млечните заби, но кај повеќето паѓаат и порано.

За памет друг пат, дисциплина на мачка да не покажуваш. Не ради друго, него за разлика од кучињата, такви методи не раѓаат плод, 99% од нив тераат пак по свое, особено ако се работи за игра. Инстинкт им е. А верувам не сакаш да почне да се плаши и да се крие и бега од тебе, чим си се решил да го чуваш.

Тешко ќе ја процесира храната без таков битен заб, така да друг пат ако ти смета стави го во друга соба на кратко подобро него ли физички да го дисциплинираш. Провери на ветеринар дали се работи за млечен заб или возрасен, зошто ако е возрасен, можно е да е потребно мала промена на диета, ради потешко процесирање храна. Ќе ти објаснат таму.
 
Последно уредено:
PLS HELPPP
Za prv pat cuvam kuce,koe sega ima 9 meseci i za prv pat TAA ima PMS. Kako da ja tretiram,dali treba nesto posebno,osven cevanje od kucinja? Kolku dena ke trae ova,za kolku vreme ke ima povtorno? Sekoja informacija e dobredojdena. Vi blagodaram
 
thanks Doc Holliday za HELPot i za eden sovet da Ve zamolam, na koja vozrast e najdobro da se pari?
 
Здраво, сакам да прашам дали некој има искуство со крлежи на кученце. На кучето му најдов 2, ја однесов на ветеринар сабајле и ставија нешто на крлежите директно и ампула нова и ми рекоа дека ќе паднат, но уште се тука, да пробам ли јас да ги тргмам или да ја носам утре пак?
 
Ќе паднат чим ставиле ампула, само стрпи се :) И моето куче имаше, се тури ампулата и по 2 дена беше чист ко солза. Ова пред 2-3 месеци и еве уште има ефект ампулата.

Инаку можеш и сама да ги извадиш, ама ти треба искуство околу вадењето, пошто постои можност да направиш поголема беља ако не го извадиш крлежот како што треба со се глава.
 
Дечки некој совет нешто околу нештово. Песов се драснал на тестисот и го лушнал да речам. Е сега не е дотолку опасна ранава туку подзаздравува. Го мачкам со канатарионово масло се слушнав со братучедов за да му се регенерира кожата. Арно ама ќе го намачкам пример и прошетам, му ги тргам мисливе некако. Но навечер не можам да го шетам особено ако врни, па го мачкам и се врткам со него 20тина минути дур да упија нештово. Сакам да кажам дека се лижи после тоа на местово. Има некое чаре некако да го одвикнам и дали истото може да биде опасно?
Дури и е со мене не му дозволувам да чепка на местово од раната. Најпрвин му беше помала, но со лижење ја има понадразнато.
 
Зајаков првото зимно митарење (ова е 3 зима како го чувам), се измитари во иста боја како летното крзно. Ланската зима, нозете и ушите му беа шатирани во бело (сиви му се нозете, ушите, носот и опашот), оваа зима пак како таа пред неа. Наредната зима розев да не биде? :pos: Сакам да прашам, да не е ова некоја болест нешто или стандард работа?
 
Normalno e za zajacite da ja menuvaat bojata na krznoto koga se mitarat. I za drugi vidovi zivotni. Pobarajte sliki od polarni mecki koga e leto vo severnite kraista :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom