Овај Минчо е тотален псохопат..
Цела екипа му се распадна,какви играчи си заминаа од клубот,тој фрла пари за Лино ејјј....
300 илјади евра да даваш за тренер,а во екипата ти е капитен Жарко Пешевски,

треба да си тотално забеган,и да живееш во некој неракометен свет,тотално исклучен од реалноста...
Сигурно го наградил за титулата во 2014,но да потсетиме таа титула ја освоија играчите на терен,а имаше и тоа какви играчи..
Станиќ,Вугринец,Атман,
играчишта невидени.+млади деца како Циндриќ,Борозан пред се,и останатиот дел од речиси компетаната Македонска селекција...
А спроти себе иако имаше далеку побогат клуб,сепак немаше некој сериозен ривал,посебно не по тие исцрпувачки битки на Вардар со Фленсбург,наиде Лино на село без кучиња и успеа да го демолира во Автокоманда изморениот Вардар,да се разбериме,не го девалвирам во никој случај тој успех,голем успех е што ја освои титулата кога многумина очекуваа Вардар уште по првата година од владеењето на Самс да наметне доминиција но Металург имаше подобра екипа таа сезона,поуиграна,подморна,и поискусна за такви all or nothing нокаут мечеви....
Да не се навраќам,добро ви се познати овие работи..
Настрана тоа што после ова се фалеше како малиот Давид го победил Голијат,како се случило чудо и слично..
Не се случи чудо воопшто,барем не за оние кои малку разбираат ракомет...
И после ова,му се донесе на тацна се шо сакаше,играчи кои сам си ги бираше,имаше на лагер екипа која можеше да ора по Европа..
И наместо да најди заеднички јазик со екипата,да застане зад играчите,да проба да напрај мост со Минчо тој почна да ги кодоши,да се раскара со нив до степен шо речиси сите му свртија грб...
Настрана се ,да кука како не зел плата 18 месеци,како бил жртвено јагде на играчите.бла,бла...
Јас сум сигурен дека стариот кодош ги избрка сите играчи од екипата,постави некој ултиматум кај Минчо
ИЛИ ЈА ИЛИ ОНИ-КУЖИШ?
И наместо да си признае грешка тој упорно си тера со својата самоубиствена политика,и се прај светец,како само тој работел за доброто на екипата,како бил жртва,како ќе останел и покрај се..
Ами како да не остани кога зема 300 К по сезона?
Па ни Чави Пасквал,ниту Нока Сердарушиќ,Врањеш,па ни Гисласон сигурно не се толку платени,башка бизнисите со вино шо ги има со побратимот Минчо

Ама најде село без кичиња,управа на чело со Левче и ќе си прај тука бизниси,за само неколку месеци довлечка 10 и кусур странци,сите ги нема сега,останаа уште 2,3...
На нашите деца им урла по секоја грешка небаре ја ебале утакмицата при последен напад на нерешен резултат,а на оние дрвата од типот на Матиќ и Мраковчиќ им го дудла,небаре Балиќ и Лацковиќ се од златната Хрватска Селекција..
И упорно Минчо го толерира,абе лечи се Минчо и ти...
Тимот ти се распадна како одбраната на Македонија во кошарка,тебе никаде те нема,и упорно го чува Лино..
Јас сум сигурен дека било кој да пуштеше за тренер,и Брестовац,еве и Јовиќ ќе го имаше истиот ефект лани како Лино..
Дозволи да го изгуби второто место од Струмица,која само со еден играч(Пецако)во напад,и браќата Маркоски

му го лапна второто место...

Па уште и Веспрем го барале...

Бил "најсериозен кандидат",па уште и Голужа го спомнуваа...

Покрај такви
тренеришта во Унгарија како Лајош Мочај и компанија ќе ги носат овие двата лузери...хаха,виц на година..
И тоа во екипа која е создадена само едно нешто,за титула во ЛШ....
Шо ќе донеси Лино во Веспрем?Стварно не ми е јасно

,напади од 2 минути

,одбрана ќе ги учи Сулиќ,Терзиќ,Шук?

или ќе се вади со тоа шо ќе буни кај судиите и ќе дели правда...

Ах леле мајко,после се чудиме како ни пропаѓаат талентите...
