Криминалци и криминални групи во МК

Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Slobodan Bogoevski e obrazovan i ekspert vo negovata profesija od vremeto na Bivsa SFRJ,a site znaat kakvi kadri imalo togas vo bezbednosnite strukturi,taka da sekoj obid da se devalvira negovata strucnost e apsurd.
Споредбата е повеќе кој бил тој што пали и гаси у ДБК (тогаш и сега), башка Богоевски е во времето кога ние се формиравме како држава и секој непромислен чекор во надворешните работи ќе доведеше до војна со Милошевиќ и за тоа треба да му бидеме благодарни на него и групата на луѓе околу него, што политичари, што разознавачи што успееја да не ја прелеат војната кај нас.
А мијалков ти е класичен злоупотребувач на позицијата за лично богатење и креирање на страв и трепет меѓу народот или со други зборови, може ја избегнавме војната со Милошевиќ, но го добивме системот.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.305
Поени од реакции
5.911
Црноризец храбар, имаш некои информации за Жуле и Зафир ?
Ке има наскоро за нив.[DOUBLEPOST=1442260319][/DOUBLEPOST]
не се плаши нема да има место за тебе во Идризово,се е резервирано...[DOUBLEPOST=1442248310][/DOUBLEPOST]

Бале Корунот нема никаква врска со покојниот Орце Коруновски[DOUBLEPOST=1442250455][/DOUBLEPOST]

Slobodan Bogoevski e obrazovan i ekspert vo negovata profesija od vremeto na Bivsa SFRJ,a site znaat kakvi kadri imalo togas vo bezbednosnite strukturi,taka da sekoj obid da se devalvira negovata strucnost e apsurd.
Оти со исто презиме па помислив дека има веројатност да се роднини...
 
Член од
29 септември 2011
Мислења
2.137
Поени од реакции
2.324
Проѕирни сте опозиционери со нападаите врз Сашо и величењето на Богоевски.Богоевски точно бил експерт да не бил поспреман и попаметен до другите ќе завршел одамна ама ете дојде времето кога многу вистини за него излегуваат ан виделина и кога цела мрежа на криминал полека се разоткрива..
 
Немојте со политички делби барем на темава не... Јас кога пишувам за криминалец и неговата политичка врска и поврзаност обавезно потенцирам на која странка припаѓа без разлика за која партија се работи затоа што е битен да не речам клучен фактор тоа.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
7.101
Поени од реакции
8.859
Споредбата е повеќе кој бил тој што пали и гаси у ДБК (тогаш и сега), башка Богоевски е во времето кога ние се формиравме како држава и секој непромислен чекор во надворешните работи ќе доведеше до војна со Милошевиќ и за тоа треба да му бидеме благодарни на него и групата на луѓе околу него, што политичари, што разознавачи што успееја да не ја прелеат војната кај нас.
А мијалков ти е класичен злоупотребувач на позицијата за лично богатење и креирање на страв и трепет меѓу народот или со други зборови, може ја избегнавме војната со Милошевиќ, но го добивме системот.
Гледано од денешна гледна точка се има впечаток дека нашиве политичари , разузнавачи и остала багра, биле апсолутно некомпетентни и индолентни кои со добри карти изиграле една многу лоша игра.

Болдот ти е безсмислен, пошо ако сакаше Милошевиќ да игра на картата на војна со Македонија, никаква добронамерена политика од страна на Богоевски, Глигоров или Циле немаше да не спаси. Милошевиќ добро знаеше каков жежок костен ќе беше Македонија за него па затоа и не се ни осуди да не нападне.
 
Последно уредено:
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266

Не сум сигурен во која смисла мислиш жежок костен, веројатно не мислиш дека Македонија на тогашната ЈНА би и пружила некаков отпор. Немаше апсолутна никаква армија. Од друга страна, отворање на војна во Македонија, за Милошевиќ и ЈНА ќе значеше отворање на втор фронт, стратешки гледано на сосема спротивна страна од веќе воспоставениот фронт во Хрватска и БИХ, со што би се растегнале ресурсите на ЈНА, во поглед на персонал, механизација и логистика. Понатаму, не смее да се занемари како би реагирало албанското население во Македонија од причина што истото е бројно. Не би изостанале и реакции од Бугарија и Албанија. Во таа смисла, да, лоша работа би била отварање на втор фронт за ЈНА во Македонија.
Од друа страна, зошто да влегува во Македонија, кога со кршењето на ембаргото од наша страна, со шверцот во тоа време, се потпомагаше како ЈНА, така и самата СРЈ.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: MSE
Член од
12 март 2009
Мислења
20.613
Поени од реакции
16.815
се запали народот по медиумите за откривање на матни работи...а да потсетам на една чиста ситуација која се стави под тепих и денес ни со Гоогле не ја навогаш, убиството во рани 90-ти, на директор на пошта од Охридско(и неговата сопруга) ...платениот убиец е фатен ама нарачателите и мотивите Јок
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.177
Поени од реакции
18.250

Хронолошки гледано, најкарактеристични криминални случаи во транзициона Македонија се: првите „деловни“ убиства во 1991 година во Охрид и на патот Струмица – Банско; случајот кога поради ривалство за сопственост на казиното во хотелот „Палас“, еден од партнерите го застрела другиот; случајот од ноември истата година, кога во багажникот на сопствениот автомобил беше пронајдено телото на познат наркодилер од Радовиш, по што дојде периодот на нарачани убиства.

- Во Охрид таква „мокра нарачка“ беше случајот кога поранешен офицер на ЈНА пред влезот од лифтот ги уби директорот на Охридската пошта и неговата сопруга.

Извршителите се ‘пријатели‘ и заштитени од МВР уште од тогаш.Интереси.Во Охрид кружеа муабети и дека бегството на Бојан Петрески (двојно убиство во август 2014) е помогнато од одредено крило во охридската полиција.Самата полиција е полна со играчи од двете страни на линијата легално/илегално, ако е овде така сигурно е и во другите места.

http://fokus.mk/politicharite-ja-napravija-makedonija-mafijashka-drzhava/
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.312
Поени од реакции
15.474

Извршителот на тоа убиство одлежа 20 години затвор, се знам по некоја линија со него, и тоа време беше тоа максимална казна затвор.

А Орце Коруноски е од Кичево, и нема никаква врска со Велес или некои други места
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.177
Поени од реакции
18.250
Извршителот на тоа убиство одлежа 20 години затвор, се знам по некоја линија со него, и тоа време беше тоа максимална казна затвор.

А Орце Коруноски е од Кичево, и нема никаква врска со Велес или некои други места
Нарачателот/лите*.
Со која цел и дали било лично негово решение или имало мотивација за повисока цел.Нејсе, помина...имаме секојдневно нови слични занимации, за жал.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.613
Поени од реакции
16.815
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=8411924287&id=12&setIzdanie=22347

Според изнесените тврдења во текот на судскиот процес, на 6 април 1993 година се случил првиот обид за ликвидација. Дивковиќ го чекал Николовски пред зградата каде што живеел. Кога директорот се појавил, во него пукал неколку пати. Николовски бил ранет во раката, во рамото и во слабината, но го преживеал атентатот. Вечерта на 30 мај 1993 година, само дваесетина дена по првиот обид за убиство, со пиштол со придушувач в рака, Дивковиќ повторно го чекал Николовски во темниот влез во зградата. Кога Слободан пристигнал со сопругата, Дивковиќ бил во лифтот, а кога се појавиле сопружниците излегол од кабината и пукал во нив. Сé било тивко, немало никаква врева.
Две години по убиството на брачната двојка Николовски, Борис Дивковиќ и Руди Локум, кој беше идентификуван како нарачател, се осудени на по 20 години затвор. Извесно време потоа казната им беше намалена на по 15 годин

За двојно убиство 15г затвор !!... не е убиство од нехат туку планирана ликвидација... тој штро е осуден како нарачател е само карика во плаќањето..
Тогаш пишуваше дека убиениот се спротиставувал од граѓаните да се наплаќа за телефонски приклучок
( мислам беше по 1000 дм) бидејќи поштата беше турска донација... ако не беше вмешана државата тешко дека нема да се откриеше кругот и вистинскиот нарачател ...
..
 
Член од
19 април 2013
Мислења
2.004
Поени од реакции
2.100

да во право си. за разлика од сега, 90тие беа опасни години за живеење. многу повеќе криминал имаше. и сет криминал од власта потекнуваше, за разлика од сега кога властите жестоко се борат против криминалот.
 
Денеска немаш толку криминал како во 90-тите од една причина, денес немаш толку пари како тогаш кај луѓето.
Замрзнати девизи, ТАТ, тато сакам да бидам пејач, тато сакам да учам на приватен, ДДВ, акциза на бензинот (почеток 90-ти беше околу 30 денари литар), рекетирање, силни инспекциски контроли и големи казни (ни кажаат дека треба да ве казниме), засилена наплатата на данок, воведување на издатоци и нови даноци, слаб пласман на земјоделието и никаква цена на производот (у Југославија од една нива 5-6 декари уште една плата испаѓало, а најчесто луѓето имале по 15-30 декари ниви), скоро и да нема раст на платите и после 25 години на примена на овие мерки имаш тешка беда и сиромаштија.
90-тите барем казината работеа, сега само кладилниците и тоа за 20 денари уплата.
И денес цел криминал потекнува од власта и што е уште полошо од 90-тите, се спроведува од институциите на системот (МВР, инспекции, судови). Да се имало пари како во 90-тите, тоа што Грујо и Мијалков го собраа за 9 години, тогаш ќе го направеа за 3-4.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.305
Поени од реакции
5.911
да во право си. за разлика од сега, 90тие беа опасни години за живеење. многу повеќе криминал имаше. и сет криминал од власта потекнуваше, за разлика од сега кога властите жестоко се борат против криминалот.
Мое мислење е дека во овие 6, 7 години највеке криминалот потекнува од власта. Не сум политички симпатизер и не бранам ничија страна не ме сваќај погрешно, но сите криминалци што останаа во подземјето и сеуште работат се со исклучиво доверливи врски со некој од власта. Иначе да и во девеесетите имаше криминални превирања со политичка позадина некој тврдат и дека големите стари играчи од подземјето се настанати со осамосталувањето на МК кога тогашните први големи државни претставници си одбрале по некој човек од подземјето чисто онака за црни денови...[DOUBLEPOST=1442431073][/DOUBLEPOST]Заборавив да надополнам нешто во врска со претходниве коментари и мислења... Луѓе се во крајна смисла е лична корист. И политичарите се борат за место за лична корист, и разузнавачите прават триста валканици исклучиво за лична корист и барабите од ептен лична корист се лижат по политичарите и разузнавачите, Бизнисмените исто така.
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.423
Поени од реакции
39.006
Филип Туџаров од Струмица. Не е некој голем калибар на криминалец , крадеше за некои сериозни ликови блиски со полицијата и имаше период кога заврте сериозна пара , али глуп до бескрај , устата му беше 3 секунди побрза од мозокот и многу лафеше како шо вика Цацко , па мораше полицијата да го тргне за да не испопаѓаат и нивните близанци. Мајстор за провала , типот едноставно беше уметник. Пред 6-7 год некој ученик од средно школо у Струмица му плати 100тина евра да провали у школо и да ги украде дневниците оти имал кецови.:pos:

Пред 2 год некаде крајот на 2013 имаше низа провали низ Струга и Охрид , обично бутици. Се сеќавам го дигнаа од Шабан со нешто над 20 илади евра кеш , и лепал 100ки на цицките на певаљката.:pos:

Иначе брат му , Алекс Туџаров е осуден педофил на 12 год затвор за полов напад на дете под 14 години. Се сеќавам порано правевме лажни профили и го дупевме по мсн му договаравме места , и типот за 10 мин беше таму , па на 2-3 пати и ќотек јадеше. Пријавуван беше у полицијата безброј пати , али требаше да се деси нешто навистина за да превземат мерки. Имаше сексуален напад и на работничка у кладилница , типката едвај успеала да избега на танга по центарот на градот.:pos:

Еве го ропакот.

aleks.jpg
 
Kajgana Shop

На врв Bottom