shumecha.tableta
Модератор
- Член од
- 26 декември 2013
- Мислења
- 3.325
- Поени од реакции
- 17.794
Ќе пишам спојлери.Ова е филмот број 1 за мене во животот, Шумеќа! Многу ми е мерак кога и друг ќе го изгледа и му се допадне. Знам дека можеби има стотици подобри во овој или оној поглед, но Never Let Me Go е единствениот што допре толку длабоко во мене, тврдиот орев, и ме натера поштено да се изнаплачам. На сцената со реакцијата на Томи кога сите бродови му потонуваат, кога тој викаше скршен од болка, јас плачев ко мало дете. Еве и сега морници ме лазат.
Дефинитивно најемотивен момент беше кога Томи и Кети се враќаат од кај Мадам. Особено делот кога им соопштуваат дека не постои такво нешто како одложување и Томи целиот скршен ги собира цртежите за коишто толку многу се трудеше. Дознаваат дека не постоела „Галеријата“. И баш тогаш на мене ми текнува на моментот кога наjдоа цигари во дворот и кога им одржуваа лекции дека они се посебни, дека здравјето е најбитно. Кога ги носеа на прегледи, и тука ми дојде најтажно. Фактички на нив воопшто не им било битно нивното здравје, туку само здравјето на тие што ќе им „подарат“ свој витален орган. Болна вистина. Mи текна на моментот кога нивната нова учителка им соопшти дека нивната судбина не е како на другите. Никогаш нема да може да станат актери, учители, да имаат семејство.
Мислев дека до крајот ќе се обидат барем да избегаат, меѓутоа никогаш не се осудија, навикнати цел живот на потчинетост, да не излезат од „границите“ на интернатот.
И после тоа веќе не можев да се соземам, особено кога Томи излегува од колата и почнува да вика колку што го држи гласот. После тоа во болницата... неговата последна операција. Крајот беше... не знам.