Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Southpaw е филмиште, само последната борба требало малку потензична да ја направат, инаку Ескобар баш е фаца!
 
Пред некој период прочитав една рецензија за филмот Knight Moves која иде вака

''Не прават веќе вакви филмови! Неизвесност до крај и да пукнеш од мислење кој е убиецот :) Петар е познат шахист , но кога ќе се случи убиство токму на девојка со која тој се гледа тој е првиот осмничен за него. Следуват серија убиства и се наведува дека токму тој е убиецот! 8/10.''

-Идеме вака прават.Неизвесност-одиме со дигитален речник,едниствено даунчиња не би погодиле кој е убиецот толку проѕирно и лејм до црните дупки 8-10 :icon_mrgr:
http://www.makedonski.info/search/неизвесност?


неизвесен


Што не е познат, што не може да се предвиди, да се претпостави со сигурност.
Англиски: uncertain
Примери:
неизвесен крај
неизвесна судбина
неизвесна иднина
неизвесен резултат


http://forum.kajgana.com/threads/Последен-гледан-филм-со-кратка-рецензија.25638/page-257#post-7118515

Наравоучение:Не ги доверувајте вашите очи на секого.

Денес 4-4 поглед на успешност 2-4

Song One
Knight Moves
Paddington
The Lost Weekend
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Never Let Me Go (2010)

Во суштина никогаш не гледам трејлери, пред да го изгледам филмот. А би ви препорачала и на вас.
Целата приказна е прикажана во тоа кратко видео, сфаќаш за што се работи, претпоставуваш како ќе заврши и зошто да го гледам понатаму филмот?
Филмот е неизвесен, не се открива целосната приказната. Дури и да стигнете до половина филм, може нема да ја сфатите поентата. Пополека се' се разврзува до крајот, се дознава суровата вистина. А во трејлерот се' е соџвакано и опишано, тоа што мене ми требаше саат ипол да го сфатам.
Неисе, после филмов не знам како се осеќам. Дефинитивно нестандардна приказна. На почетокот е претставена слика на сосем океј интернат, каде што децата се соодветно „третирани“, меѓутоа сосема изолирани од светот. Како што поминува времето, ја дознаваат вистината за нив, за нивниот живот после интернатот. И дека не можат да го променат тоа, сепак колку и да сакаат нешто да изменат, не е доволна само волјата и желбата. Кога едноставно „така е пишано“.
Не сакам ништо повеќе да откривам. Крајот остава без зборови.

19820.jpg
Ако ти се допаднал филмот, топло ти ја препорачувам и истоимената книга да ја прочиташ. :)
 
Ако ти се допаднал филмот, топло ти ја препорачувам и истоимената книга да ја прочиташ. :)
Филмот ми се допадна, ама мислам дека сепак не би можела да читам такво нешто... Бидејќи секогаш книгата е подобра од филмот и секогаш е многу подобро опишана ситуацијата, а кога би ги читала тие последните страници, можам само да замислам каков пекол е опишан. Мислам дека тешко би издржала без цел тон салфетки. Можеби претерувам, ама сепак за сега не, можеби понатака. Сепак фала ти на предлогот. :D
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Малку загревање за годинашниов Манаки. Ко не идам до Битоља, ќе си гледам што има излезено од програмата по торент. :icon_mrgr:
Од мене имате препорака за I served the king of England (2006) кој ќе се прикаже во чест на Јаромир Шофр, еден од добитниците на Златна камера 300. Претпоставувам дека повеќето го имате погледнато, а оние кои не го гледале, нека го ѕирнат. :D
Визуелно прекрасен филм, интересна приказна. Ми го задржа вниманието од почеток до крај. Негде при средината не ми се допадна еден дел од приказната, ама при крајот пак се исправи. (y)
 
Never Let Me Go (2010)

Во суштина никогаш не гледам трејлери, пред да го изгледам филмот. А би ви препорачала и на вас.
Целата приказна е прикажана во тоа кратко видео, сфаќаш за што се работи, претпоставуваш како ќе заврши и зошто да го гледам понатаму филмот?
Филмот е неизвесен, не се открива целосната приказната. Дури и да стигнете до половина филм, може нема да ја сфатите поентата. Пополека се' се разврзува до крајот, се дознава суровата вистина. А во трејлерот се' е соџвакано и опишано, тоа што мене ми требаше саат ипол да го сфатам.
Неисе, после филмов не знам како се осеќам. Дефинитивно нестандардна приказна. На почетокот е претставена слика на сосем океј интернат, каде што децата се соодветно „третирани“, меѓутоа сосема изолирани од светот. Како што поминува времето, ја дознаваат вистината за нив, за нивниот живот после интернатот. И дека не можат да го променат тоа, сепак колку и да сакаат нешто да изменат, не е доволна само волјата и желбата. Кога едноставно „така е пишано“.
Не сакам ништо повеќе да откривам. Крајот остава без зборови.

19820.jpg
Ова е филмот број 1 за мене во животот, Шумеќа! Многу ми е мерак кога и друг ќе го изгледа и му се допадне. Знам дека можеби има стотици подобри во овој или оној поглед, но Never Let Me Go е единствениот што допре толку длабоко во мене, тврдиот орев, и ме натера поштено да се изнаплачам. На сцената со реакцијата на Томи кога сите бродови му потонуваат, кога тој викаше скршен од болка, јас плачев ко мало дете. Еве и сега морници ме лазат.

Кога јас го изгледав филмот, многу тешко се наоѓаше книгата, со оглед на тоа што беше во издание на Макавеј, а бидејќи тие немаат книжарница, мораше да се чека од саем до саем. Но, чувствував потреба дека морам да ја имам, па ги контактирав во редакцијата на Макавеј, и така успеав да дојдам до неа. Но и јас уште немам храброст да ја прочитам. А и знам дека сега, откако знам во што е „финтата”, ефектот сигурно не би бил ист.

Денес многу полесно се наоѓа, со оглед на тоа што ја преведоа во рамките на едицијата „Ѕвезди на светската книжевност”, па ја има во секоја книжарница. Доколку се премислиш - „Никогаш не оставај ме” - Казуо Ишигуро. ;)
 
Позитивни критики за The Martian, секоја година има по еден епски сај фај филм. Не знам што улога има ама ете Џесика Честејн глуми во него :love:
 
Дај препорачајте нешто интересно со зомби или некои такви монстер4иња... ама да има акција т.е специјални единици и да се пукаат со нив, а не оние класичните survival од зграда до кола/комбе (сите ми се гледани)?

Благодарам однапред, а че се заблагодарам и со лајк. ;)
Dog Soldiers
Нема утка
 
Ова е филмот број 1 за мене во животот, Шумеќа! Многу ми е мерак кога и друг ќе го изгледа и му се допадне. Знам дека можеби има стотици подобри во овој или оној поглед, но Never Let Me Go е единствениот што допре толку длабоко во мене, тврдиот орев, и ме натера поштено да се изнаплачам. На сцената со реакцијата на Томи кога сите бродови му потонуваат, кога тој викаше скршен од болка, јас плачев ко мало дете. Еве и сега морници ме лазат.
Ќе пишам спојлери.
Дефинитивно најемотивен момент беше кога Томи и Кети се враќаат од кај Мадам. Особено делот кога им соопштуваат дека не постои такво нешто како одложување и Томи целиот скршен ги собира цртежите за коишто толку многу се трудеше. Дознаваат дека не постоела „Галеријата“. И баш тогаш на мене ми текнува на моментот кога наjдоа цигари во дворот и кога им одржуваа лекции дека они се посебни, дека здравјето е најбитно. Кога ги носеа на прегледи, и тука ми дојде најтажно. Фактички на нив воопшто не им било битно нивното здравје, туку само здравјето на тие што ќе им „подарат“ свој витален орган. Болна вистина. Mи текна на моментот кога нивната нова учителка им соопшти дека нивната судбина не е како на другите. Никогаш нема да може да станат актери, учители, да имаат семејство.
Мислев дека до крајот ќе се обидат барем да избегаат, меѓутоа никогаш не се осудија, навикнати цел живот на потчинетост, да не излезат од „границите“ на интернатот.
И после тоа веќе не можев да се соземам, особено кога Томи излегува од колата и почнува да вика колку што го држи гласот. После тоа во болницата... неговата последна операција. Крајот беше... не знам.
 
Пак го гледав Интерстелар, just EPIC

tumblr_nu16vtoBqC1r3gqv8o1_400.gif
Јас од кога беше премиерата у Синеплекс 6 пати до сеа, и убеден сум дека за некои 10тина години филмов ќе стане култен
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom