Не гледам причина зошто би била злопамтило.
На сите луѓе што ги знам им имам поставено граница. Кога ќе ја преминат, крај е со нив. Нема тука втори шанси, повторно враќање на старо. Згрешиле нешто, а ја сум превземала превентивни мерки.
Ако некој ми згреши, значи му имам дозволено да ја премине таа граница и да ми наштети. Може:
- да ми наштети несвесно
- да ми наштети намерно
Ако ми има направено нешто лошо, без да размисли и да процени дали вреди, истиот го ставам на дистанца. Заладување на односите е многу подобро од било кое враќање со иста мера.
Ако има планирано да ми наштети, тогаш готово, нема повеќе враќање на она што било порано, таквите ги игнорирам. Секој со својот пат. Нема зошто повеќе да се зближуваме. И е многу подобро отколку да се враќа.
Ова важи и за пријатели, роднини, познаници, партнери, за сите.