Дали сте злопамтило?

  • Креатор на темата Креатор на темата schtranga
  • Време на започнување Време на започнување
За жал не сум злопамтило, секогаш се мислам дали е за жал или за среќа, во ова општество да успееш мора да си злопамтило, но јас секогаш заборавам за сите што ми направиле лошо секогаш гледам со добро да му вратам, дали сум во право или не не знам, но сигурно знам дека задоволство ми е да му помогнам на некој без разлика како се однесувал со мене.
 
Не сум. И мислам дека тоа е многу лошо за мене, бидејќи брзо заборавам се и простувам, па лошите работи често повторно ми се случуваат.
Немам обичај да се заморувам и да мислам на нешто лошо, смислувајќи одмазда. Таков човек сум..
 
Зависи за што се работи, најчесто во 99.98 проценти од случаите простувам, и сметам дека тоа е една добра човечка особина, но доколку некој навистина смртно ми нанесе зло, нема простување до гроб [а и понатаму :devil3:]. :)
 
Простувам, но не заборавам. Тоа ме прави злопамтило до некаде :)
 
Злопамтило? Пааа, би рекол дека на никому не му останувам должен. Секогаш враќам со дупла мера.
 
Не сум злопамтило, знам да простам, но сепак останува некоја трага во мене. Многу е подло и ниско на некој да му вратам за тоа што го направил, иако често ја имам таа желба и паѓам во искушение, но кога ќе подразмислам и избројам до 10 мислам дека на него ќе му биде многу потешко кога ќе се свести за сите грешки кои што ги направил на другите, кога него ќе го боли душата и кога ќе биде понижен барајќи прошка. Ќе му текне дека доколку не ги направил тиа глупости, немал ни тој самиот да се доведе до тој терк.
 
Зависи во каков момент...ако се трудам нешто да објаснам,кажувам кој ден во кој час во која секунда се случило дејството..страшно злопамтило сум:tapp:
 
Зависи за кого како.. Ако личноста ми е драга, и ќе простам и ќе заборавам. А у друг случај, враќам.:kesa:
 
Јас имам едно мое чудно златно правило- Секогаш се им простувам на луѓето колку и да ми згрешиле ,затоа што со тоа правам да се чувствуваат уште полошо за тоа што го направиле, не заборавам никогаш што ми направиле ,а потоа кога тогаш (а како за среќа секогаш се случува) доаѓаат моите 5 минути и толку неприметно,толку суптилно им враќам ,што на крајот излегува дека самите себеси се уништиле без да направам ниту еден единствен потег кој би можел мене да ме дискредитира.. Мое мислење е дека секој секогаш го стигнува она што го направил,казната за лошите дела им се вратила на сите и повеќекратно ги болела ,отколку мене .
 
да,памтам многу детали и самата понекогаш се борам затоа што да бидам искрено секогаш не сум способна да наредам чаши пред личноста со која треба да се соочам...меѓутоа кога идат тие 5 мин кои секогаш идат да зборувам и кажувам она се што ми лежело на душа...Простувам и понекогаш заборавам меѓутоа секогаш ќе внимавам повторно да не паднам на истиот камен ...
 
Не се сметам за злопамтило, секогаш простувам без разлика на се, не сум јас таа што треба да судам некому, животот самиот по себе си наплаќа а некогаш и со камата. Но тоа што простувам незначи и дека неможам да ја проценам ситуацијата дали треба да продолжам да бидам во контакт со таа личност понатаму или не.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom