ОНЕ и ВИП се споија

  • Креатор на темата Креатор на темата DadoTom
  • Време на започнување Време на започнување
Сопственик на Близу во моментов е Телеком Австрија, истиот сопственик на One.Vip
Моја претпоставка е дека брендот ќе престане со работа а телевизиските услуги, инфраструктурата и се останато ќе биде превземено од One.Vip
Нема значи еднаш напишав најверојатно не си го прочитал тоа ВИП според договород од ОНЕ ги превзема мобилната , фиксната и интернетот додека тв ќе ја тера со Близу. ОНЕ си го задржува БУМ како посебна функција и се предвидува да функционира како посебен оператор и конкурернт на ВИП и Телеком како најголеми играчи. Во превод господ нека ни е на помош ќе си дигнат цени ќе ни прават пакети со доплата и се што сакаат.
 
Сопственик на Близу во моментов е Телеком Австрија, истиот сопственик на One.Vip
Моја претпоставка е дека брендот ќе престане со работа а телевизиските услуги, инфраструктурата и се останато ќе биде превземено од One.Vip

Прво рече дека така ти рекла вработена во Вип, а сега велиш дека сепак тоа е само твоја претпоставка.

Очигледно не си добро запознаен со договорот за спојување на Вип и ОНЕ, кој предвидува спојување само на Вип и ОНЕ, додека Близо останува одвоена фирма.

Секако дека останува отворена можноста за идно припојување на Близо кон овој нов оператор, но засега ништо такво не е ниту најавено, ниту договорено.
 
(ВИДЕО) Јосифовски: Спојувањето на ВИП и ОНЕ е на штета на корисниците и ќе спречи ценовно намалување

Screenshot_26-626x320.jpg

Според експертот за телекомуникации, Стевица Јосифовски, одлуката на Комисијата за заштита на конкуренција да дозволи спојување на двата оператори ВИП и ОНЕ е спротивна на законот затоа што се нарушува конкуренцијата, а се оштетуваат претплатниците. По однос на убедувањата дека нема да дојде до зголемување на цените на услугите, Јосифовски предупредува дека нема да дојде ниту до намалување и покрај постоечкиот тренд во светот пазарот да се зголемува и цените да се намалуваат.

-Во 2015-та год во услови на крајно либерализиран пазар каде има голема конкуренција, не може да стане збор за зголемување на цените. Цените се намалуваат и треба да се зборува за нивно намалување, за нов пакети и за иновативни услуги. Јас не гарантирам дека ќе се зголемат цените, но гарантирам дека нема да се намалат. Не очекувам дека ќе има поголемо вложување од операторите за да има поквалитетни услуги. Кога се двајца играчи на пазарот, нема поттик – вели тој во интервју за „А1он“.

Стевица Јосифовски има десетгодишно искуство во „Македонски телеком“ каде до пред извесно време работеше како директор во областа на правните прашања. До 2005 година беше ангажиран како раководител на одделението за донесување одлуки во Монополската управа при Министерството за економија. По напуштањето на „Македонски телеком“ работи во своја адвокатска канцеларија.

Дуополот што настанува по спојувањето на ВИП и ОНЕ, за корисниците може да биде поштетен од монополот. Кога се двајца играчи на пазарот, вели Јосифовски, постои опасност премолчено да ги договараат цените. Кај дуполот, посочува, се смета дека има некаква конкуренција, но таа е само привидна.

-Не знам како моите порананешни колеги во Комисијата ќе го образложат и аргументираат ова спојување пред своите колеги од земјите членки на ЕУ. Ова одобрување ќе биде пример во другите држави како не треба да се постапува – вели тој.

Поради тоа што се слаби аргументите на Комисијата, Јосифовски се сомнева дека е можно одобрувањето да било направено уште пред да се донесе одлуката.

Условот на Комисијата Оне.Вип неколку месеци по спојувањето да воведат виртелен оператор кој ќе ја користи мрежата на ОНЕ, според него нема да ја заштити конкуренцијата на пазарот.

-Конкуренцијата нема да биде на ниво како што била пред спојувањето. Кратењето на мобилни оператори од три на два негативно ќе се одрази кај корисниците, како од аспект на квалитетот на услугите, така и од аспект на цените.Условот не може да ја гарантира конкуренцијата затоа што виртуелен оператор никаде не претставува конкурент на мрежниот оператор. Тој најчесто е основан од самиот мрежен оператор да таргетира определена категорија на корисници заради неговата маленкост да биде поефикасен во простапот до таа целна група – објаснува тој.

Една од мерките што требаше да се направат, наместо да се одобри спојувањето, според Јосифовски е вишокот на фреквентен спектар да се врати во Агенцијата за електронски комуникации како би можела во постапка да спроведе аукција на таквиот фреквентен опсег за да се разгледа дали има заинтересираност од трет оператор кој би работел на пазарот како мрежен, а не како виртуелен. Со цел да се заштити конкуренцијата, а со тоа и корисниците.

Видеото можете да го видите тука: https://www.youtube.com/watch?t=208&v=fdGkd8cHCQo
 
Супер. Ја па се надевав на понови и поефтини пакетини услуги.
 
Супер. Ја па се надевав на понови и поефтини пакетини услуги.
Па понови ќе има, ама поефтини не. Никој никаде не викаше дека ќе има поефтинување (што е и логично), или ќе си останат исти цените (како и што се наложува) или пак ќе се поскапат (во некои сегменти и преку дополнителни пакети и слично).
 
Зар може и поефтино од ова? Телекомуникациските услуги никад не биле поефтини, а ако одиме уште подолу логично е фа паѓа и квалитетот. Кратат луѓе, инвестиции за опрема, одржување, тоалетна хартија... И после ќе сецка - епа ќе сецка. Или од поддршка не биле љубезни - епа нема да бидат, со 12.000 плата, работа како никогаш порано и полошо услови од било кога. Ова општо, за сите оператори. Јас сум за баланс помеѓу квалитет и цена, а не нереални очекувања дека вештачко пумпање конкуренција (како што беше со виртуелниве оператори кои крахираа) ќе донесе "гага" услуги. Такви ич не ми требаат.
 
... како што беше со виртуелниве оператори кои крахираа...
Да не се лажеме, досега имавме само еден виртуелен оператор, кој беше само за едно малцинство, а не за сите. Главната причина е таа поради која пропадна.
Во Хрватска има виртуелен оператор и според тоа што го знам јас работи доста добро.

Што се однесува до другото, јас сепак се согласувам со Јосифовски, подобро е да има и уште еден (мрежен) мобилен оператор, а секако, виртуелниот не е лошо да го има, ама врз цената нема да може да влијаае многу (ако не и воопшто).
За цените, да можеби не биле поефтини, но сепак треба и квалитет да се понуди за тие пари. Јас на пример од програмската понуда на blizoo во дигиталната сум горе-доле задоволен, но сепак мислам дека фалат една низа на канали. И секако, доста се дополнителни пакети кои се доплатуваат, се знае што може да се доплатува (по примерот на пакети од кај нашите соседи): HBO, HD, некој спортски или за возрасни, а не хрватските RTL да ми ги доплатуваат.
 
Не би се согласил со тебе во врска со тоа дека сега се најефтини и дека на нив не им се исплати да дадат поефтини пакети. Имено ја имам 3 макс и за цената која ја плаќам добивам катастрофа конекција и околу 60 канали за повеќе се е со доплата. Да земам дека пред едно 2-3 години беа едни од Црна гора и се смеа за тоа колку е скап интернетот кај нас и како кај нив за таа цена добиваш дупло. Имено јас сум расположен некако да влезе Теленор на пазарот па да ги исчити овие багриве наши. Не сум за решение виртуелен оператор затоа што еве претходниот пропадна и како тој би рушел цена и има рамнотежа ако плаќа за користење на мрежа на некој од двата голенми оператори. Плус сама Комисија за заштита на конкуренција при дозволата за спојување се имат изјаснето дека не се баш за ама слатки им се парите од бонуси што им поделил Слимс.
 
Зар може и поефтино од ова? Телекомуникациските услуги никад не биле поефтини, а ако одиме уште подолу логично е фа паѓа и квалитетот. Кратат луѓе, инвестиции за опрема, одржување, тоалетна хартија... И после ќе сецка - епа ќе сецка. Или од поддршка не биле љубезни - епа нема да бидат, со 12.000 плата, работа како никогаш порано и полошо услови од било кога. Ова општо, за сите оператори. Јас сум за баланс помеѓу квалитет и цена, а не нереални очекувања дека вештачко пумпање конкуренција (како што беше со виртуелниве оператори кои крахираа) ќе донесе "гага" услуги. Такви ич не ми требаат.
Не мислев поефтино као “сакам интернет за 200 денари“ туку сакам пакетот да ми го појачаат за истата цена.
Тоа е “поефтино“ во мои очи. Појачување на пакетите.
 
А тие шо веќе ни траат договорите (На One / VIP)? Остануваме со иста цена, се додека не истече договорот?
 
Да не се лажеме, досега имавме само еден виртуелен оператор, кој беше само за едно малцинство, а не за сите. Главната причина е таа поради која пропадна.
Во Хрватска има виртуелен оператор и според тоа што го знам јас работи доста добро.

Што се однесува до другото, јас сепак се согласувам со Јосифовски, подобро е да има и уште еден (мрежен) мобилен оператор, а секако, виртуелниот не е лошо да го има, ама врз цената нема да може да влијаае многу (ако не и воопшто).
За цените, да можеби не биле поефтини, но сепак треба и квалитет да се понуди за тие пари. Јас на пример од програмската понуда на blizoo во дигиталната сум горе-доле задоволен, но сепак мислам дека фалат една низа на канали. И секако, доста се дополнителни пакети кои се доплатуваат, се знае што може да се доплатува (по примерот на пакети од кај нашите соседи): HBO, HD, некој спортски или за возрасни, а не хрватските RTL да ми ги доплатуваат.
Имаше 2, а едниот пропадна уште пред да почне. Со вакви услови и вакви корисници, сите виртуелни се осудени на пропаст. И Македонија не е Хрватска, таму и фудбалерите и кошаркарите бележат подобри успеси од нашите на Европско, а со ист број на луѓе играме :)
 
Зар може и поефтино од ова? Телекомуникациските услуги никад не биле поефтини, а ако одиме уште подолу логично е фа паѓа и квалитетот. Кратат луѓе, инвестиции за опрема, одржување, тоалетна хартија... И после ќе сецка - епа ќе сецка. Или од поддршка не биле љубезни - епа нема да бидат, со 12.000 плата, работа како никогаш порано и полошо услови од било кога. Ова општо, за сите оператори. Јас сум за баланс помеѓу квалитет и цена, а не нереални очекувања дека вештачко пумпање конкуренција (како што беше со виртуелниве оператори кои крахираа) ќе донесе "гага" услуги. Такви ич не ми требаат.

Скапо е и тоа како, во Германија еден келнер зема 100.000ден плата и плаќа 1200ден интернет. Во Македонија келнер зема 15.000ден плата и плаќа 600ден интеренет. Направи ја таа споредба и со мобилните претплати, и цената на апаратите па ќе видиш според МК платите дали не е скапо.
 
А тие шо веќе ни траат договорите (На One / VIP)? Остануваме со иста цена, се додека не истече договорот?
Ќе остане се` исто додека не земеш да го обновиш договорот. Ако не се лажам ти и при обнова на договорот можеш да си го задржиш пакетот, не би било проблем, но секако ќе инсистираат да го промениш со некој од новите пакети.

Имаше 2, а едниот пропадна уште пред да почне. Со вакви услови и вакви корисници, сите виртуелни се осудени на пропаст. И Македонија не е Хрватска, таму и фудбалерите и кошаркарите бележат подобри успеси од нашите на Европско, а со ист број на луѓе играме :)
Да, знам дека ми збориш за Ало Телеком, кој претходно беше поинаку. Но како и да е, тој виртуелен воопшто не профункционира и затоа не викам дека сме имале два, туку само еден, бидејќи каков-таков, Albafon работеше.
 
Скапо е и тоа како, во Германија еден келнер зема 100.000ден плата и плаќа 1200ден интернет. Во Македонија келнер зема 15.000ден плата и плаќа 600ден интеренет. Направи ја таа споредба и со мобилните претплати, и цената на апаратите па ќе видиш според МК платите дали не е скапо.
Операториве да не се хуманитарни организации?
Трошоците се тие, а со постот само потврдуваш дека во Македонија услугата чини дупло поевтино. Тоа што кај нас е понизок стандардот и горе-долу цела нација е утепана со плати е друга приказна. Или според твојава логика, Audi, BMW и Mercedes треба да се 10 пати поевтини во Македонија отколку во Германија само затоа што нашите плати биле 10 пати помали? Те молам, размислувај малку поопширно :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom