Слична споредба како твојава направи и еден од поранешните на Македонски Телекомуникации во емисијата Чуму на сега веќе покојната А1 Телевизија пред помалку од 15 години.
Ги оправдуваше екстремно високите цени на ADSL Интернетот на Македонски Телекомуникации велејќи дека тоа се истите цени кои Дојче Телеком ги има воведено за своите услуги и во Хрватска и во другите држави во кои Дојче Телеком има свои компании.
Одговорот на Александар Чомовски беше многу едноставен:
" Просечната плата во Хрватска е 400 евра, а во Македонија е 200 евра " .
На ваквиот коментар, типот од Македонски Телекомуникации најкомотно си замолкна.
Ај да видиме кој ќе биде твојот одговор на ваквиот коментар, но во случајот со спојување на ОНЕ и Вип и наводното воведување на трет виртуелен оператор, кој сигурно ќе заврши исто како и Албафон.