- Член од
- 11 февруари 2009
- Мислења
- 1.072
- Поени од реакции
- 1.144
Комисијата за заштита на конкуренцијата донесе позитивна одлука за спојувањето на ВИП и ОНЕ во една компанија, со што на тој начин одобри и дуопол на телекомуникацискиот пазар. Во соопштението од комисијата се вели дека е “одобрена концентрацијата“ со која ВИП ќе стекне контрола над ОНЕ.
– Комисијата за заштита на конкуренцијата на седница одржана на 08.07.2015 година донесе решение со кое ја одобри концентрацијата со која мобилком Мацедониен Бетеилигунгсфервалтунг ГмбХ Виена, Австрија ќе стекне контрола над ОНЕ телекомуникациски услуги ДООЕЛ Скопје под услов да се исполнат обврските доставени од учесниците во концентрацијата.
До Комисијата на 30.12.2014 година, согласно одредбите од член 15 став (1) од Законот за заштита на конкуренцијата мобилком Мацедониен Бетеилигунгсфервалтунг ГмбХ (ММБ), Виена, Австрија како непосредно владејачко друштво на Друштвото за комуникациски услуги ВИП ОПЕРАТОР ДООЕЛ Скопје и Телеком Словеније д.д. Словенија како директно владејачко друштво на ОНЕ телекомуникациски услуги ДООЕЛ Скопје, вклучително и како директно владејачко друштво на ДИГИ ПЛУС МУЛТИМЕДИА Друштво за телекомуникациски услуги ДООЕЛ Скопје, поднесoa заедничко известување за планирано спојување меѓу ВИП и ОНЕ (вклучувајќи го и ДИГИ) во новоформирано друштво во кое ММБ ќе има единствена контрола.
Врз основа на известувањето за концентрација и дополнително прибавените податоци и документи во текот на постапката Комисијата при оценка на предметната концентрација утврди дека пријавената концентрација ќе доведе до нарушување на конкуренцијата на:
– пазарот на обезбедување на мобилни телекомуникациски услуги. Имено спојувањето на ОНЕ и ВИП, кои се втор и трет мобилен оператор, ќе доведе до значително нарушување на ефективната конкуренција и
– пазар на обезбедување на услуги на пренос на аудиовизуелни содржини до крајни корисници. Имено реализацијата на предметната концентрација ќе значи дека друштвата БЛИЗУ МЕДИА ЕНД БРОУДБЕНД ДООЕЛ Скопје и ДИГИ ќе станат дел од иста групација, се вели во соопштенито на КЗК.
Извор: http://a1on.mk/wordpress/archives/509457

Не ми е јасна одлуката, кога самите извадиле заклучок дека спојувањето ќе доведе до значително нарушување на ефективната конкуренција.