Дадилка - Монструм во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Cappie
  • Време на започнување Време на започнување
1.Има дупки
2.Во сопствен имот што сакам ќе ставам и правам.
3.На која основа козата ќе поднесе приватна тужба и кој обвинител,судија ќе реагира знаејќи што направила ко.зата.

Роднина им била и не ги сметам за виновни а верувам и многу голем дел се слагаат со мислењево
не се сили него напрај го тоа шо му реков на Декстер па ке праиме муабет
без нејзина согласност е објавена снимката и ред други работи, има поткрепа за тужба
значи во законот мора релевантен доказ а не судијата да суди понесен од чуства- непрофесионалност
сеа ова е зборење како навистина би требало да биде ама заокните се на страната на старкава моментално
 
@Anco , ТВ станици и агенции за обезбедување СЕ овластени и регистрирани за снимање, видео надзор на настани и површини.
Нивни снимки се законски
Ти ако снимаш невести во парк обидувајќи се да му зумираш меѓуножјето во летни фустани си криминалец
добро не сум го знаел тоа...ама сепак јас не сакам да ме снимат,и не сакам моја слика на ТВ,но тие значи имат-извадиле дозвола за тоа и оправдани се. А јас на прослава на некоја црковна слава или оро на сред село не смеам да снимам,треба секој поединечно да го прашувам ДАЛИ МОЖЕ ФОТКА ЗА НА КАЈГАНА. А јас досега сум ставил фотки од стотина лица тука па дури и на прецедателот наш.без нивно одобрение.....значи сум ја на....л.ако му текне на некој да ме тужи.
 
@Dexter26 доколку постоело сомнеж има институции каде можеле да пријават за да се консултираат како понатаму а не некој ке изиграва закон и сега цацко им е крив
 
а бе обично за да те тужи некој треба да има оправдана причина, ако ставиш фотка на некој која го прикажува во недостојен и навредлив контекст или си сликал голо дете... може да те тужи али слика од некој на оро фатен или како преминува преку улиц или се движи... нема основ
 
Дај бе веќе еднаш член од закон кој тоа го вели

Па добредојден си да го побараш.

Не ти претставуваше проблем да го најдеш членот 152 за неовластено снимање, сигурно можеш да почепкаш подлабоко во законите и да го најдеш и тој член.

Јас ти реплицирав со ставовите на адвокатите - кои се дипломирани правници за разлика од мене, а претпоставувам и за разлика од тебе - но ти ги отфрли нивните ставови.

Јас не сум правник, но членот 152 кој ти го цитираше јасно забранува видео надзор на туѓ приватен имот, а не на приватен имот кој е во сопственост на снимателот.

не се сили него напрај го тоа шо му реков на Декстер па ке праиме муабет
без нејзина согласност е објавена снимката и ред други работи, има поткрепа за тужба
значи во законот мора релевантен доказ а не судијата да суди понесен од чуства- непрофесионалност
сеа ова е зборење како навистина би требало да биде ама заокните се на страната на старкава моментално

Не зборуваме за чувства, туку за доказ обезбеден од приватен извор на приватен имот, и секако дека таквиот доказ подлегнува на веродостојност и релевантност.

Забораваш дека дадилката е снимена на приватен имот кој не бил нејзин, туку во приватна сопственост на снимателот, а правилата на приватност на приватниот имот ги одредува сопственикот на имотот, а не посетителите на приватниот имот кои не се вдомени во истиот.

Колку е веродостоен и релевантен доказот, ќе одлучи судот.

@Dexter26 доколку постоело сомнеж има институции каде можеле да пријават за да се консултираат како понатаму а не некој ке изиграва закон и сега цацко им е крив

Мислам дека најдобро ќе биде да оставиме судот да пресуди дали некој си изигравал закон на сопствен приватен имот и кој на кого му е крив.

Освен ако си правник по професија, па да можеш малку подетално да ни ја објасниш ситуацијата.
 
не се сили него напрај го тоа шо му реков на Декстер па ке праиме муабет
без нејзина согласност е објавена снимката и ред други работи, има поткрепа за тужба
значи во законот мора релевантен доказ а не судијата да суди понесен од чуства- непрофесионалност
сеа ова е зборење како навистина би требало да биде ама заокните се на страната на старкава моментално
Дома гол ќе се снимам и ќе го закачам видеото на интернет и шо ми можат
 
Јас ти реплицирав со ставовите на адвокатите - кои се дипломирани правници за разлика од мене, а претпоставувам и за разлика од тебе - но ти ги отфрли нивните ставови.
Да беа адвокатите мерило за правда - немаше да има фер судења, секогаш една од странките ќе биде без адвокат - она која не е во право, али адвокат за пари ќе брани и силувател и убиец и наркоман...
ако некој адвокат застане да брани некој педофил, дали то значи дека педофилијата е оправдана?
 
Ништо не ти можат, бидејќи си го извршил снимањето на сопствен приватен имот.
Аааа во оваа држава сезнајковците секако ќе ме прогласат за педофил
 
Да беа адвокатите мерило за правда - немаше да има фер судења, секогаш една од странките ќе биде без адвокат - она која не е во право, али адвокат за пари ќе брани и силувател и убиец и наркоман...
ако некој адвокат застане да брани некој педофил, дали то значи дека педофилијата е оправдана?

Е добро де, тогаш барај мислење од судиите, тие се главниот фактор за фер судења.

О да, заборавив, на крајот од денот, и судијата донесува една од две можни пресуди, поради што на крајот од денот, едната од двете страни учесници во судскиот процес, ќе си замине незадоволна.

Јебеш га, правдата не може да ги задоволува истовремено и криминалците и жртвите.
 
Идиоткава треба да биде среќна што родителите на детето не ја убиле. Сега нека скапува во затвор, само да не биде после осудена само на неколку месеци затвор, а луѓе за побанални работи лежат со години во затвор.
 
Е добро де, тогаш барај мислење од судиите, тие се главниот фактор за фер судења.

О да, заборавив, на крајот од денот, и судијата донесува една од две можни пресуди, поради што на крајот од денот, едната од двете страни учесници во судскиот процес, ќе си замине незадоволна.

Јебеш га, правдата не може да ги задоволува истовремено и криминалците и жртвите.
Судијата суди по закон и изнесени докази. И адвокат знае закон и пак ќе застане да брани силувател или убиец иако по закон тоа е казниво, али ете го брани, вложува жалби, приговара, пиши поднесоци.....
а шо вели законот по кој судијата суди:
Неовластено снимање
Член 152
(1)Тој што неовластено ќе направи фотографски, филмски или видео снимки на друго лице или на неговите лични простории без негова согласност, повредувајќи ја неговата приватност или тој што таквите снимки непосредно ги пренесува на трето лице или му ги покажува или на друг начин му овозможува со нив да се запознае, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.
 
Дома гол ќе се снимам и ќе го закачам видеото на интернет и шо ми можат
сам ако си на снимката океј али ако има и друго лице и без негова дозвола го објавиш е тогаш си го наебал
незнам како не се разбирате упорно со глава у ѕид идете дека ако дома снимате можете шо сакате со тоа да правите
 
Законот забранува недозволено снимање на туѓ имот, а тоа не е ситуацијата во овој случај.

Сопственикот на приватниот имот има право да врши видео надзор врз својот приватен имот без притоа да ги извести присутните на имотот кои не се вдомени во истиот.

sekoj moze da snima doma no ne mozes treto lice bez negova dozvola duri ni vo tvojot dom bez prethodno prijavuvanje

ne si baziraj stav na statii
 
сам ако си на снимката океј али ако има и друго лице и без негова дозвола го објавиш е тогаш си го наебал
незнам како не се разбирате упорно со глава у ѕид идете дека ако дома снимате можете шо сакате со тоа да правите
Исто и со сопругата ако се снимаме ништо не ми можат а и во брак сме па не може да ме тужи
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom